Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Волци заклале овци во Куклиш

СТРУМИЦА - Волци влегле до првите куќи во струмичкото село Куклиш и заклале девет овци, а повредиле три, сопственост на сточарот Ристо Димкин. Овој настан ги потресе жителите на селото, бидејќи, како што велат, досега не паметат летно време и толку блиску до селото да доаѓале волци.

„Имам 64 години и не паметам вакво нешто да се случило во селото. Овците излегле од трлото, а кога ги побарав имаше што да видам, беа заклани. Три животни уште даваа знаци на живот. Викнав ветеринарен лекар, но не знам дали ќе преживеат“, вели Ристо Димкин, сточар од селото.

Потресени од овој случај, но и загрижени за сопствените и животите на добитокот, жителите од вчера почнаа да се организираат за да се заштитат од волците. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 463 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
„Бучим“ го реши проблемот со загадените води
Инфекција во паланечкото родилиште