Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Едо Мајка приреди незаборавна хип-хоп парада

Осумдесетина минути македонски фанови се забавуваа со еден од најдобрите балкански рапери во „Хард-рок“

Јасмина Митковска

Завчеравечер во летниот клуб „Хард-рок“ македонската публика 80-ина минути се дружеше со еден од најдобрите балкански рапери Едо Мајка, чиј настап започна по одличното загревање со енергичниот сет на диџеј Панчо. Едо го отвори овој настан неколку минути по еден часот по полноќ, а публиката, која со нетрпение го очекуваше контроверзниот рапер, го пречека со громогласни извици, овации и аплауз.

Тој ја поздрави публиката во препознатлив стил, беа притоа да го скрие задоволството поради тоа што е повторно во Македонија и заедно со својот тим: Френки и диџеј Оли Доболи, направи одлична промоција на новиот материјал од четвртиот студиски албум „Балканско, а наше“, а се разбира одвои време и за дел од најголемите хитови.

На подиумот владееше неверојатна еуфорија и енергија, публиката како долго да се подготвувала, па во еден здив ги рецитираше рефрените. Никој не остана рамнодушен на одличната атмосфера, а за тоа сведочеа и бројните извици и овации предизвикани од музичкото возбудување и воодушевување. Едо имаше неверојатна комуникација со публиката, едноставно знаеше кој е вистинскиот момент кога треба да и' се обрати, да ја насмее и предизвика, дури во еден момент на сцената до него се најде и еден негов фан на кого му го отстапи микрофонот, а потоа рапуваше заедно со него.

Настапот на Едо Мајка претставуваше вистинска сензација што ги привлече на едно место сите љубители на добриот хип-хоп звук, кои постојано играа и се движеа во препознатливиот стил „раце горе“. За момент подиумот личеше на фантастична хип-хоп парада...

Во текот на настапот Едо неколку пати истакна дека му е навистина мило што повторно се дружи со македонската публика, а воедно ја искористи и можноста да го изрази своето сочувство за Тоше Проески, кого имал можност да го запознае и многу го почитувал.


Статијата е прочитана 256 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
ДНК и Врчак со нов сингл
Александра Пилева го промовира новиот албум на живи свирки
На Ејми Вајнхаус и' се заканува инвалидска количка