23.04.2013, 18:42 Мoe ќоше
Се спасивме од државен удар
Ерол Ризаов
Пучистот Бранко Црвенковски испушти шанса да ја собори власта и да воведе диктатура на пролетеријатот
Денеска ми олесна. Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието, се враќа од Кипар во земјава. Чувствувате ли веднаш како полесно се дише. Пак одбегнавме државен удар. Пучистот Бранко Црвенковски испушти шанса да ја собори власта и да воведе диктатура на пролетеријатот како што сакаше да го направи тоа на 24 декември лани. Црвенковски немал време за преврат, бил ангажиран кај него дома и тој да не биде жртва на пуч, немал ни доволно пролетери. А богами деновиве навистина беше опасно. Сите фатија мајка бежанија и ја оставија државата како село без кучиња. Единствената надеж ми беше Гордана Јанкулоска, храбрата министерката за внатрешни работи, дека нема да дозволи насилно преземање на власта, но се замрзнав кога разбрав дека и таа заминува со цела делегација во Варшава. Затоа враќањето на Вељаноски дома ми дојде како мелем на рана. Човекот постојано е на вистинското место.
Претседателот на државата си ја истера повеќедневната турнеја кај нашите иселеници во Канада и веднаш потоа летна за Аризона, Америка. Крсти улици, сади дрвца, држи предавања на студенти. Се сеќавате на онаа антологиска песма „трла баба лен да и' помине ден“. Премиерот сиромав се искрши од трчање по светот да донесе некој денар, ама еве Американците му удираат контра со најчитаниот Извештај на светот. Му фрлаат клинови во тркалата. Де Владата била корумпирана, де правната држава не функционирала, де се кршеле законите и Уставот од судии и полицајци, демек од тие што треба да го бранат Уставот и законите како очите во глава, де селектирано се апселе политичките противници, се компромитирале со противуставна лустрација, медиумите биле под контрола, имало цензура и самоцензура, немало демократија, дрн, дрн јариња. Нека си ги гледаат тие своите гајлиња и демократски дострели. Се виде до каде стаса нивната слобода, не можат да одржат еден маратон без жртви.
Премиерот Груевски паметно го избра за првата станица на своето роуд-шоу Азербејџан, каде што ич не се потресуваат од извештаите на Стејт департментот. Истото важи и за Јужна Америка. Бразил, Аргентина и Мексико се веќе светски економски сили, на кои Америте можат да им плукнат под прозорец. Ако нешто не биде како што треба, ќе може да се тркне до Венецуела кај наследникот на Чавез и до Куба кај брат му на Кастро. За тоа дали има потреба ќе се одлучува во од. Штом од Вашингтон долета во Бразил заменик-премиерот Зоран Ставрески, тимот се засилува, па се можни и други сафари-тури за лов на милијардери и крупни инвеститори кои пет пари не даваат за извештаите на Стејт департментот.
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од Женева е на пат за дома. Утешително, ако не искрсне итно некоја попатна станица. Али Ахмети и Талат Џафери веќе се тука, така што власта за Велигден ќе се комплетира во татковината. Целата турнеја на државниот врв со нивните соработници, експерти, новинари, преведувачи, министри и разни лобисти, авионски билети, хотели, дневници и нешто малку храна и пијалак не чини ни 500.000 евра. Мизерна сума која не стасува ни за еден просечен споменик од бронза и тоа не на скопскиот плоштад, каде што конкуренцијата е голема, туку во внатрешноста на државата во едно обично македонско градче. Трипати е поевтино нашите државници со своите соработници да го крстосуваат светот со авиони од Скопје до Никозија, до Рио де Жанеиро и Вашингтон, до Баку, до Торонто, до Феникс, до Женева и до Варшава и да престојуваат во елитни хотели, малку да кешираат со дневници, отколку што чини еден лустер во стариот скопски театар. Не може ни да се пресмета колку е евтина оваа раздвиженост на највисоките македонски функционери ако се направи споредба со цената на една обична барокна гаража, како онаа, на пример, кај МРТВ. Често се думам која е поубава ла гараж-барок или МРТВ заедно сосе МВР.
Добро е што веднаш по поразот во општината Центар во Скопје Владата по седум години излезе да каже колку изнесува најголемата инвестиција во Македонија во ерата на транзицијата. Во јадрото на главниот град се изградени импозантни зданија за нецели 250 милиони евра. Ако ангажирате еден солиден правник, еден економист, градежен инженер, експерт за анекси и договори и еден добар хакер, можете и на интернет да откриете колку чини македонската споменикоманија, потрагата по пославно минато, задоцнетиот кич, барок и рококо, ергелите бронзени коњи и глутници лавови, жалните в��би и кораби, разубавени фасади. Добро е што дознавме дека сето тоа задоволство чини колку да не е без пари. Џабалук. Уште подобро е што власта даде отчет пред да стапне во канцеларија новиот градоначалник на Центар. Којзнае што ќе соопштува од утре и ќе измислува колку чини „Скопје 2014“.
За време на велигденските и првомајските празници, кога целата наша политичка елита ќе биде дома, нема потреба од многу средби со новинари и непристојни прашања за Извештајот на Стејт департментот, за збогувањето со комшиите Срби, кои заминаа на пат за Европа, за ултиматумите на Штефан Филе и на Грците, за багателните цени на спомениците и слични глупости.
Ах, да, ќе заборавев. Што ќе ни донесат од белиот свет нашите водачи. Кој дал пари за свирче, ќе свири. За другите нема ништо.
Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот
|
Статијата е прочитана 7094 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
ke si puknis, 24.04.2013 00:30:15 | ke si puknes od maka za tebe nema dodeka jadese i piese od nasi jasli ubavo ti bese e se drugi jadat pa tebe ti e krivo. A da te prasam jas eve tajno posto nema da go objavis ova. STO napravivte vie. Kade otidoa parite od togas? Eve nabroj barem eden proekt. Mojata adresa e [email protected] |
| milan, 24.04.2013 00:31:03 | Nemase potreba od zagrizenost,i strav od puch. Pa Goca e na visina na zadacata,taa barem se pokaza i na 24 dekemvri.A spolaj mu na boga i Trajko se vrati od istoriskata misija vo Kipar,pa sega mirno mozeme da zaspieme pomina opasnosta od prevrat. A vrednite ni vodaci ipak ke donesat nekoe svirce, ta cirkusot na plostadot mora da se podobri. Kakov bi bil toa vasar bez svircinja. A toa sto Amerite pisuvaat nekoi izvestai, vistinski ke im se nalutime. Ama sto da se pravi koga SAD e dobra turisticka destinacija. Fala na Erol za dobrata kolumna.POZDRAV. |
| Government-turist & agency, 24.04.2013 00:45:13 | Erole , me natazi. zarem seta onaa silna ergela na turisti, politicari ce se vrati vo zemjata od razni strani na svetot. Aman bre!!!. Pa i vcera napisav deka 100 pati i e podobro na makedonija da bide bez tie silni rajkovoditeli i vodacui , otkolku koga se doma.Eve za vreme na nivnoto otsustvo nisto vonredno ne se sluci. A stapnat na makedonsko tlo,ce se sluci nekoja belja vo zemjava. jas vo sebe si se ponadevav deka barem nekoi ce ostanat tamu kako imigranti, ama eve sme nemale sreca. Ce si gi trpime , sto da pravime nasi se .... pa ne mirisaat. |
| Јас, 24.04.2013 00:58:52 | И што сакаше да ни каже писателот ??? Уште една ДРН, ДРН јариња колкумна. |
| Aman Erole, 24.04.2013 01:10:57 | Izgleda avtorot tera kako i negoviot lider so ona slavnoto od mene vi nema spas pa si pisuva i pisuva se isti gluposti i toa se podolni i podolni. Navistina Erole ima ili spas ne od tebe ami od tvoite besmisleni kolumni??? |
| zik, 24.04.2013 01:44:46 | ke ni donesat jajca...poevtini se tamu vo ... |
| milko, 24.04.2013 02:11:01 | Erole ni edna majka ne mu dava na bebeto da cica ako ne place!Nikoj ne te znae ako ne se prestavis.Dobro e da se rastarcaat no uste podobro ke bide ako se rastrcaat i ispektorite.jasno tie deka sivata ekonomija e tri cetir pati pogolema od budzetot.Ako mkd uspee da sobere barem 40%porez ne ke i trebaat tolku mnogu stranski investicii.Vo svetot toj procent e nad 70%vo najrazvienite zemji a vo mkd edva20%.So eden zbor nikoj ne placa danok(mali i samostali gradeznici,vodovodjii,elektricari,mehanicari,farbari,estradni umetnici,calgadzii isl.Pisuvaj za ova ako vistinski ja sakas mkd.poz |
| razmo, 24.04.2013 04:48:36 | Ako premierot so negovata delegacija poletal od skopskiot AERODROM po investitori po svetot, koga ke se vrajka da go precekame na noviot AERODROM sto im go izgradi SURBATA ROJ na OHRIDSKOTO EZERO.Sega da vidime ? LIHNIDA kade ke beli PLATNO ... neka muja misli EFTO PUPINOVSKI .POZDRAV. |
| deutschland, 24.04.2013 06:44:17 | Erol denes se povtoruva-koj ne procital vcera eve denes sansa da procita,a pak koj procital vcera..!?mozebi treba Gruevski da trkne i do Saudiska Arabija(zemja vo koja´CARUVA´demokratija i ednakvite prava za site),najgolemiot i najpocituvan muslimanski sojuznik na USA.gradonacalnikot na Centar ja izgubi vlasta i izleguva javno so otcet pred javnosta(donego i pretstavnik na Vladata bidejki imaa zaednicki proekti)SKANDAL,kako toa si zaminuva od vlast a davaat otcet....se cudat tie od sdsm....e sto moze li takvo nesto....nie ne sme znaele(ne sme go pravele toa),tuka nestooo e cudnooo,ima tuka nestooo!?Turcija e pred vratata na EU od 1963 god.i seuste patuva li patuva kon tamu,da im posakame i na Srbija sreken pat!Vcera imase ogromno zategnuvanje na odnosite pomegu Kina i Japonija(imaat ogromna trgovska razmena),zosto?Kineski voeni brodovi pominale niz ostrovce od 100tina metri odaleceno iljadnici km od Japonija(imaat spor za nego).Japoncite toa go protolkuvaa kako PONIZUVANJE,a nie vo MK? |
| Stipjanec, 24.04.2013 06:59:29 | Erole, nemaj gajle i spi si spokojno. Se e sprema zakonot i ustavot, kako kazuva simpaticnata Gordana. Ako saka Branko da pravi puch, i toa e legitimno pravo, ama da go napravi sprema zakonot i ustavot. Taka prema toj zakon se smenija tablite na ucilistata, se ukrasi gradot so novi 40 spomenici, vrbite se sadat na esen, a galiite vo leto. Eve sega nov ukras vo Skopje, pocna novata razubavena i raspeana fasada da se gradi na Vladata. Ke doagaat turisti od cel svet za da javidat i da se slikaat pred nea. Samo ne mi e jasno zosto nemase 4 krug na glasanje za Centar, bidejki i toa e legitimno spored Zakonot i Ustavot. Ako ne mi veruvas mene, pa prasaj ja Gordana, ke ti objasni i ke te razubedi deka toa e taka i nikako poinaku. |
| meksikanec, 24.04.2013 07:07:04 | Blagodarm,Se ubavo kazavte,duri otprilika ja pogodivte i cenata na kostanje,no se prasuvam koj ke ja plati taa seopfatna ekskurzija i od kaj ke najde pari.Ministerkata za kultura so Gradonacalnikot na Centar vo zaminuvanje,vo duet kako na koncert go braneja Budjetot za Skopje 2014.kako da falat izgradba na nekoj avtopat,hidro centrala ili melioracionen sistem.Kritikuvanje na ovie megalomanski nacionalni gluposti,Seirdjijata ne dozvoluva, pa na Pedro, isite pedrovci mu se zakanuva so besenje vo vcerasnata kolumna.Se gleda deka covekot e nepismen i ne ja cital knigata Pobunata na obesenite od B.Traven,pa da vidi kako pminaa tie sto toa go pravele na drugite.E moj Seirdja dodeka ti so patriotite se kriese po vikendicite,decata na Pedro so oruzje vo raka ja braneja ovaa zemja vo 2001.,dodeka tvoite,stom pomina opasnosta gi amnestiraa Haskite slucaji,a odbranata mu ja doverija na Talat Djaferi.Ete od takvi luge,na cestitite im dovadja da pujnat od maka. |
| ФЕЛИКС, 24.04.2013 07:12:25 | Заборави авторот во серијата набројани одсаства да напомена да тука имавме достојна замена.Па така Макрадули сакал-несакал стана вд врховен командант на РМ.Инаку подгревање бајат јадење секогаш му го расипува вкусот на истото.Па така авторот подгрева стара пучистичка тема на лидерот во заминување,но за авторот личност постојано тука и прекупотребна. Ама затоа никако авторот да смогне сили да дознае каква конгресна партитура ќе се свират неговите во јуни.Кој тоа ќе диригува со раштиманиот партиски оркестар во иднина.Највероватно се работи за прекин на телефонските линии па така партискиот телефон е недостапен.Од тие причини најдобро е од удобноста на кабинетот да се коментира постојано власта(немам ништо против)а никако опозицијата (имам многу против) која допринесува со својата неспособност да имаме власт каква што е.Затоа мој совет е да се прејде од аналитичко ,,Аси,, барем малку на ,,кога лисјата паѓаат,,Не за друго туку за аналитички баланс. |
| Стрез, 24.04.2013 07:41:53 | Ероле цар си! |
| Manav, 24.04.2013 07:47:23 | Господине Ризаов,Хец ,,Света Петка“ чини 64 милиона евра, што значи со тие пари би изградиле три хидроелектрани или една како што е Хец ,,Козјак’ која чини околу 200 и кусур милиони евра. Да ��е зборуваме за дивидендата од Телеком, со неа досега ќе се изградеше ена од двете ХЕЦ Чебрен и Галиште, без да се земаат кредити. Можеби постои план за во иднина нешто и на овој план да се стори. |
| Caro-kann, 24.04.2013 07:52:36 | Ако се има во вид ироничноста во колумната на г-дин Ризаов,тоа само по себе значи дека реалноста е спротивна на она што во текстот е изнесено.Логично на тоа е дека всушност со враќањето на првиот парламентарец во земјата
шансите за пуч и тоа оној вистинскиот како од 24.12.2012 г. се зголемени!!!
Инаку,во основа се согласувам со гледиштето на г-динот milko и околу несоберениот данок и околу високата сива економија (економистите велат дека дури и во најразвиените земји сивата економија се движи помеѓу 20 и 30% од БДП).
Навистина се согласувам дека инспекторите треба да се растрчаат,ама пред тоа треба да “се одврзат од синџирите“,зошто сега се пуштаат само по личен ќеф и потреба!!!!!! |
| Миле - Охрид, 24.04.2013 08:10:37 | А дали има шанси да се спасиме од антимакедонските пиромански дејствувања на Ерол & Co.
Сигурно не. И не треба. Новите генерации треба да имаатќив и активен пример врз кој ќе учат што е конструктивност, а што деструктивност. |
| od ostrijot, 24.04.2013 08:13:21 | ne premierot nee na iskurzija polatinska amerika nego bara spomenici od maja indijancite za dago razubavi skopje. |
| kaznet, 24.04.2013 08:25:26 | Милко несме знаеле дека Македонија ти лежи насрцето толку многу. Пуштиго Ерол нека пискара штосе разбира тој од држава,ич ама дибидус ич ќе треснеш и фалинка никаква. Блазесити на душата. |
| ZEMJATA, 24.04.2013 08:26:46 | Blaze si i na novata vlada Erole koja ne ke znae kade da gi smesti site investitori koi Pastirov ke gi dovlecka.Stvarno po nekolku godini neli trba tolku da pominat duri da dojtat taka veli Stavre ke bide zalno nekoj drug Premier da sece lenti a aktuelniov da receme da mu ja podava lopatata oblecen vo novo odelo. |
| jana, 24.04.2013 08:30:43 | Mnogu bev zagrizhena- ni gi nema pretsedatelite i ministrite , ama eve za Veligden, kako shto e red ke si se priberat doma ke farbaat jajca. Bogami odlichno ke ne ,, ofarbaat,,. Ke ni kazhat deka so Brazil se dogovorile za investicii.Sigurno e investiraat vo nashite gratski plazhi - ala nivnata Kopakabana. Argentincite ke investiraat vo fudbalot, a Meksiko e ubavo i za ochi i za dusha. Dnevnicite shto ke si gi zemat , ke im se najdat da si go pominat VELIGDEN...Za izveshtajot zoshto da se sekiraat? Tuka se; Latas, Milenko, Mirka ,Janko... tie ke si ja zavrshat rabotata. E, pa dobro da si stignete doma, zdravi i zhivi... |
| jovan, 24.04.2013 08:36:04 | Dogovorot Beograd-Prishtina najavi *novi avtonomii* na Balkanov, sto e voved vo mozni novi granici. Makedonija, Makedonskiot politicki vrv ima pravo da bide zagrizen, bidejki toa e scenarioto koe na Makedonija najmalku i odgovara. Poleka poleka ke ispliva na povrsina deka imeto ke bide pomal problem od problemot na popisot koj ovde ke otvori novi problemi i prasanje od tipot avtonomii, samostalnost... |
| @NesposobniotPapa, 24.04.2013 08:38:20 | ... Пучистот Бранко Црвенковски испушти шанса да ја собори власта...
Конечно дојде време за отчет и време во кое неспособните ќе бидат отстранети од функција. СДСМ ќе мора да се врати чекор назад (да се соочи со фракционерство, поделба на партијата), за да отиде два чекори напред.
А самиот Бранко? Се надевам дека некогаш ќе одговара за сите погрешни потези: криминална приватизација, загушување на демократијата, менување на етничката карта во РМ, територијална поделба, уништување на перспективата на десетици илјади млади луѓе кои веќе остареа во бескрајната транзиција.
|
| Viki, 24.04.2013 08:56:40 | EROLE TE OBOZAVAM. Mi go razubavuvas denot. Denot go zapocnuvam so utrinski, vsusnost so druzenje so Tebe. Bravo. Nemozam nisto drugo da komentiram. Veke se kaza. |
| Александар М., 24.04.2013 08:56:48 | Јад, беда, мизерија.... |
| Dimitar, 24.04.2013 09:02:13 | Neverojaten javasluk i rasturanje od strana na vozdot i podanicite. No narodecot si go izbral zlo pa ke si trpi. A pucot, sam po sebe ke si dojde, sigurno e. |
| jovan, vlada @, 24.04.2013 09:43:51 | Епа види г-дин Ерол,има два Извештаја за иста работа од ЕУ и од Стејт департментот (најслободната земја во сметот каде што нема малтретирање на луѓе,нели каде што демократско право на сенатор е да повика да се мачат затворениците и да се убиваат се за деморатијата нели?) и е во склоп со политиката на добриот и лошиот чичко.Оваа работа е во насока помогними да ти помогнам (ЕУ сега ќе биде добрата а САД лошиот чичко) кој треба онака баш „суптилно“ да извршат „friendly“ притисок врз наш за да си се обезличиме.Незнам што толку дигнавте помпа со договорот на Приштина-Белград,па ние сто договори потпишавме од Рамковен до територијална поделба по мерак на Америка и Албанците,сменивме име,знаме,устав,се откажавме од нашите во соседството,па незнам јас уште што треба да дадеме за да бидеме во друштвото на ЕУ?Епа ни остана уште задникот да го напупиме,кој е подтотвен од политичарите да го даде бујрум нека повели,нас ни остана уште достоинството како Македонци сме се родиле и ќе умреме како тоа.. |
| marko, 24.04.2013 10:33:10 | Erole,ti si primer kakvi NE TREBA da bidat novinarite vo RM vo navodnici -Slika na nekorumpiran, nezavisen i sloboden novinar |
| Џони Вокер, 24.04.2013 10:56:16 | Ероле немој многу да ги призовуваш пучистичките духови. Што не е, може многу бргу да биде. Грујо и неговата фамилија можат многу лесно да извршат пуч „по народна волја“. А потоа тој ќе се слави како ослободување од Бранко. Со овој народ, сè е можно! |
| Nekoj od nadvor, 24.04.2013 11:11:57 | @Jovan-vlada...nikoj ama nikoj ne moze da ti gonapravi toa sto sam mozes da si go napravis. Vie gospodine se obezlichuvate so sekoj komentar sto go ostavate. A tuka e i Mile od Ohrid i slichni. I dosta zboruvavte za sto bilo i kako bilo, Kosovo i SRbija pokazaa deka moze rabotite da se resat i na poinakov nachin-so dijalog. Ako napravea dijalog odamna mozebi i nemase da im go zemat Kosovo. Znachi kolku pobrzo se sedne na masa so grcite tolku podobro za nas. Nikoj ne bara da smenis idenitet tuku da najdes resenie! A ako premierot toa ne go moze, neka si podnese ostavka. Toa ti e kako hirurg da pochne da se zali deka operaciiite mu se teski a uporno operira za da na kraj nikoj od pacientite ne prezivee.... Dajte bidete razumni...Mozebi imate lichni prichini sto branite nesto sto ne se brani, megutoa za toa postojat razni nachini za pomos, od samo pomosh so chitanje knigi do psiholozi... |
| jas, 24.04.2013 11:19:31 | Od Juzna Amerika moze samo nekoj narko investitor da donesat |
| K-15, 24.04.2013 11:50:33 | Namesto da se komentatorite zadrzat na smeshnata strana od blesavite potezi na vlasta, tie se tolku seriozni i uplasheni za istata, da se spremni da se karat i raspravat do utre sabajle, a ako treba i ke se tepat. Zarem se tolku blesavi? |
| od bitolcanka, 24.04.2013 12:54:45 | do mile od oxrid mile pocnyva letnite praznici odi vo nekoj manastir da spies ti treba blagoslov od gospo ako od segasnava diktatyra baras mladata generacija da yci mnogy ke nayci ketie frlat knigata voci vie od cel svet spomenici lavoj sobrafte pitaci nasekade niz cela makedonija ima zivi a vie spomanici naprajfte sega nee cydny kaj stose rastrcani niz sveto da donesa nekoj dryg spomenik |
| Mila, 24.04.2013 14:48:19 | Ziva legenda si Erole nema sto.Ti simnuvam kapa navistina retki se novinarite kako tebe .Samo prodolzi taka te citaat i tie sto te pocituvaat i onie drugite .Pozdraaaaaaaav. |
| eni, 24.04.2013 16:10:19 | pa vie i vasiot lider ste naviknati samo na takov nacin da dojdete na vlast so sila posto za drugo i ne ve biva a za trosenite pari kolku tolku se gledaat a vo vase vreme tie bea na vasi smetki .vo sekoj slucaj nasite pari podobro da idat na spomenici i onaka narodot sluzi samo za glasanje
|
| Austrslia, 24.04.2013 16:30:33 | Ероле цар си ама во опозиција нажалост. |
| Баба Евда, 24.04.2013 17:02:52 | „Дрто“ да наведеше барем еден проект од твоите: жални врби , рингишпили , галии во Вардар , споменици на Грци(ри (Александар , Фиќо , Олето , Буки , Прометеј) и Бугари (Александаров , Чакаларов , Симеон Радев,,,) и Римјани (Јустинијан...)?Господине Милко Хамбурга , а кој треба да ја спречи сивата економија , освен властта?А Изгубениот Германец сега ќе ги решава проблемите меѓу Кина И Јапонија!!!! Дали е Германец , не знам , но дека е изгубен , тоа е адефинитивно! Тефљони бабин , бараш баланс со опозицијата?! Па не ја води таа државата. Да одиш ти на центрирање и балансирање кај Аљчо? @NesposobniotPapa е тотално збунет! Не го разбрал текстот , а немало никој во близина да му објасни , како што никој не може Миле шовинистот да го направи конструктивен! јован.блада и понатаму само блада!Што мислиш , Ероле , колку им е тешко на луѓе кои не можат да состават просто-проширена реченица , да те коментираат тебе?!Прати ги кај Д-р Љатас , тој е за нивно ниво! |
| mene, 24.04.2013 18:23:25 | Erole, Amerika mozebi ne moze da odrzi maraton bez zrtvi, ama vinovnicite gi fatija za edna nedela. Edniot mrtov, drugiot vo zatvor. Sto pravi Goca nasa so teroristite sto ubija nevini deca lani, kaj Smilkovci? |
| Читателка, 24.04.2013 18:49:36 | Предлагам да се враќаат ПЕШКИ кој од каде се нашол :)) |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Делумно облачно
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
|
Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“ |
|