Број 3368  четврток, 26 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма
Камелеон во бугарско руво

Иван Џо Петрески

(Повод: изборот на Мартин Треневски за амбасадор во НАТО)

Дали има спас за оваа земја Македонија? По се' изгледа дека нашата иднина е запечатена и тука ни нема спас! Зачудувачки е да станеш полнолетна држава по годините, а да немаш политички врв со ум... И тоа по толку години. Па така излегува, ако се имаше идеја и ум да се создава сериозна држава, немаше да ни се случуваат глупости во генералната политика во која никој и не води грижа за кадровските потенцијали, посебно во врвните ешалони на државниот апарат каде што игра партиската книшка, а не вистинските потенцијали и квалитети на поединците.

Ништо чудно и не е збунувачка идејата, ама не разбравме чија е, дипломатот Митре, алијас Мартин Тр��невски, да биде именуван за претставник на Македонија во НАТО. За младата генерација поединецот и нема да е спорен, бидејќи и не го познава, ама за постарата сериозна македонска јавност оваа одлука се потврди како незрела.

Камелеонот веднаш си ги покажа роговите. На првата јавна средба пред комисијата за именување изјави „ќе ги спорам принципите на консензус и солидарност во НАТО и поделбата на пријателски и понепријателски земји-членки. НАТО е сериозно со нарушен углед најмногу затоа што не ја прими Македонија во своето членство, која е битен фактор на глобално ниво. Впрочем, за Македонија е почната и Првата светска војна, само таа да биде распарчена“ ...!

Е сега мерете му го умот на овој политичар, кој се декларира како член на ДПМНЕ од 1992 година. Бившиот активист и новинар на Танјуг, за оние што не знаат, тоа е новинска агенција на Југославија во која ако немаш комунистичко педигре, не можеш да влезеш на капија, а не да бидеш дописник новинар и уредник. Ама за човекот нема пречки и граници, камелеонот ја менува бојата според условите. Отсекогаш имал и се' уште има среќа. А, таа не доаѓа сама ��о себе, треба некој и да те турне. А овој камелеон постојано некој го турка само напред. Не чудете се. Ништо случајно не се случува. Не е тоа поединец, тоа е силна позадинска организација чии пипци се вградени во македонската почва одамнина и тоа многу длабоко и неискоренливо.

Неговото политичко минато по завршување на новинарската кариера, почнува со политиката на Љупчо Георгиевски, кој го именува за министер за иселеништво, а подоцна го донесе до главен агент на Агенцијата за иселеништво. И наместо тој да ја обедини дијаспората да работи за Македонија, направи вековен зулум со својата (или туѓа) политика. Ја раздели дијаспората, донесе раскол, проба да ја уништи Матицата на иселеници, направи големи материјални штети докажани и потврдени и со судски одлуки.

И човекот не можеш да го фатиш бидејќи тој со своите си ја гради политиката на дипломат како амбасадор на Македонија во Шведска, како конзул на Македонија во Канада и сега човекот ќе оди во Брисел. Таму на домаќините, уште невлезен на портите им порачува - јас сум македонски патриот и со мене нема шега... Пази богати, каква сила македонска! Или?...

Кого го испраќаме во НАТО-алијансата? За човекот што го протежира оваа гарнитура на ДПМНЕ, со која тој нема никакво сродство ниту линија, бидејќи припаѓа на љупчовистите, од многу причини е нејасно од каде доаѓа таа одлука. Оваа констатација напишана за работата и за делото на големиот српски танјуговец (тоа може да го потврдат неговите ексколеги) е напишано дека највисок дострел му е изложбата за формирањето и дејноста на МПО (бугарско), во Крушево. Тој тогаш искажа голема дума, дека „Македонска трибуна“, весникот на МПО, се печати на бугарски јазик, бидејќи тоа е вистинскиот јазик на Македонците. И тоа не е се'... Има уште бисери. По правило, тој што те плаќа и ќе ти ја крои судбината. Ај нека ја кројат неговата и на неговото семејство, ама зошто дозволуваме тој да ни ја крои нашата судбина !?

Премиерот Груевски го брани дека камелеонот не е разбран со неговиот вокабулар, во неговото излагање. И што сега сака да каже човекот, за каков вокабулар се работи, од лице што барем ако не друго треба да го знае бонтонот на дипломатијата. Ама така му чини и тој оди во Брисел. Не поради своите квалитети, туку заради тоа што опозицијата го напаѓа. А Грујо само за инает на Б.Ц. нема да попушти и пред предупредувањата на САД, дека овој човек не е за НАТО и дека наместо полза, ќе направи уште поголема штета за Македонија.

Од први септември тој треба да биде во НАТО-семејството. Ако тој самиот не сфатил дека не му треба да влегува во друштво каде што никој не те почитува, оваа власт, на чело со премиерот треба да сфати дека човекот не е за таму и покрај тоа што сме очигледно за компромис со името, за што постојат индиции дека е завршена работа, само се чека денот на одлуката. За подобра Македонија се работи. Нели...?!

#
Статијата е прочитана 1689 пати.

Испрати коментар

Од: Rodna
Датум: 26.08.2010 00:17:04
Trenvski bese Tajugovec, no imase i Tajugovski prijateli, neli Ivane Petevski. I dvajcata ne ve biduva. od vas Makedonija strada, dosta bese i dvajcata da si zaminete.
Од: Tanjugovci so komunisticko. pedigre.
Датум: 26.08.2010 00:36:00
Avtorot kazuva deka " tanjug " e novinska agencija na poranesna Jugoslavija vo koja" ako nemas komunisticko pedigre , ne mozes da vlezes ni na kapija , a ne da bides novinar ili urednik. Pa takvi tanjugovci imame povece . eden slaven tanjugovec koj postojano razglaba nekakvi tezi na patriotizam , bese i poranesen minister za nadvoresni raboti vo vladata na Ljubco.Inakum sto se odnesuva do Mitreta , toj voopsto ne e pogodna licnost za da go pratis vo NATO da raznesuva vesnici , a ne da bide ambasador. No takvi kameleoni gi ima mnogu , mnogu i za zal uspevaat da se kamufliraat vo rodoljubi antikomunisti , demokrati i sl.
Од: citatel
Датум: 26.08.2010 01:05:24
'и покрај тоа што сме очигледно за компромис со името, за што постојат индиции дека е завршена работа, само се чека денот на одлуката. За подобра Македонија се работи. Нели...?! ' - Gospodine Petrevski ve molam izvinete se na citatelite i zborceto "sme" zamenete go so zborceto "sum" . Ova e vas licen stav a ne nas. Kameleoni vo Makedonija ima kolku sakas. Po toa sme poznati. Ako umot ne me laze vie ste funkcioner vo Maticata na Iselenicite - eden vid "povratnik iz inostranstva". Jas, kako "voajer" vo politikata, sum vo dilema dali ovoj napis e poradi vasite neostvareni politicki ambicii ili se vistinska slika za Trenevski. Neznam sto ima Trenevski vo glavata i kakov istoriski bagaz vo torbata, ama ona sto javno go kazuva ima smisla. Pa prestanete ednas da go plasite narodot vo stilot "sto ako gi nalutime". Pa nemoze nisto poloso da i storat na Makedonija - i onaka sme vo izolacija i onaka ne vika koj kako saka.
Од: Goran Makesoski
Датум: 26.08.2010 01:32:52
prekarsenb teks no premnogu hipokriticen so ogled na minatoto na avtorot na tekstot!!!!
Од: i jas sum citatel
Датум: 26.08.2010 03:28:21
Drag kolega citatel. Ima edno nesto vo koe nikogas nema da se soglasam so tebe, a veruvam i deka sekoj trezven covek go deli moeto mislenje. Imeno velis deka ne moze da ni bide poloso pa da si "terame" po svoe. E za razlika od tebe jas ne sum za da se zadrzi ova "poloso" tuku sakam da ni bide podobro sto e covecki, NELI!!
Од: КРТ
Датум: 26.08.2010 06:14:25
,,Камелеонот,, Митре Тренески го потроши широкиот дијапазон на бои и му остана само црната боја. Треба овој човек да се вметне во македонската лексикографија како човек за ,,сите времиња,,! А , вие од НАТО кога ќе дојде во вашето седиште во Брисел на неговата работна маса ставете меѓу другото и една четка.За фарбање, како сто нас овде не фарба цел ,,милениум,,!
Од: До„citatel„
Датум: 26.08.2010 07:13:14
Не биди дрвен адвокат.За Митрета прашај повеќе, чиј син е, како го добил името Митре,како стана од Митре прво Митко а сега Мартин?
Од: todor
Датум: 26.08.2010 08:10:25
bravo, samo preispitajte se i ke vidite deka 99% vo DPMNE ste takvi od rakovodstvata.
Од: ОВА Е ЖЕЛБА
Датум: 26.08.2010 08:15:10
На г Џо да се прател некој друг. Некој мислел штом го пратил Треневски. Некој резултат ке има. Каков ке видиме. Да за Македонија е водена Прва светска војна за поделбата. Отворено на светот треба да се кажува за вистината за Македонија. Можел тоа да биде г,Тодор Петров. Јас и од Треневски очекувам поволни резултати.
Од: Kameleon i toa Africki
Датум: 26.08.2010 09:24:32
Koga sme veke kaj kameleonite samo da napomenam deka covekot na Milosevic zadolzen za Makedonija, sega e "prestavnik" na Bugarskata mafija zadolzena za "prevzemanje" na Makedonija. A be makedonce, corba, ve raboti koj stigne.
Од: Миле - Охрид
Датум: 26.08.2010 09:37:21
Вашиот обид, со клевети, лични дисквалификации и дискредитација на Тренески, да ги промовирате грчките шовинистички барања за промена на нашето име како сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија е проѕирен. Амбасадорот на Република Македонија мора да ги застапува ставовите на мнозинството (кое преку избори, јавни анкети, кампањи и сл.) недвосмислено се определи за влез во НАТО под уставното име. Тие и само тие интереси може да ги застапува Тренески. Неговите лични квалитети, слабости и определби никако не смеат да се стават во контекст на прифаќање ( или не) на уцените за влез во НАТО. Секој има право да го критикува, но особено не смее тоа да се користи за подметнување на грчкото кукавичко јајце. Секако дека не можете да очекувате нашиот амбасадор во НАТО да ги застапува ставовите на грчката пропаганда и нивните поддржувачи во Македонија.
Од: Komandant Zoran
Датум: 26.08.2010 10:19:21
До читател : Сметате дека Г-динот Петрески лошо се изразил кога кажува дека ,,сме за промена на името,, ?!? Напротив !!! Очигледно не сте на нивото на Г-динот Петрески. Тој само го отсликува расположението во државниот врв, но и информациите кои ги има странскиот фактор за расположение��о кај нашите држалници. А, Вие и таквите како Вас, денес претставуваат најголем проблем на сегашнава власт, која самата Ве убеди дека името не смее да се менува по било кој основ !!! Кога би имале освен мал мозок, и голем мозок, лесно би заклучиле дека сите политичари, па и овие сегашниве, го бомбардираат својот народ со една стара и досадна тема : името на државава !!! Многу успешно Ви наметнаа на таквите како Вас, едно убедување дека со менувањето на името, ќе се променел и идентитетот, историјата, менталитетот........ и што уште не. Но, власта знае дека до промена на името М О Р А да дојде !!! Но знаат дека ако го направат тоа - власта им отиде.........
Од: University Professor from USA
Датум: 26.08.2010 16:43:34
Ami Ivane dali ima pogolemo kodosiste od tebe, pa uste imas lice da se javis so pismovo.

Најди! во Утрински
Писма
Злоупотреби со конкурсите