Број 3282  петок, 14 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Цветанов отиде со „доказите“ кај Шврговски

Директорот на Управата за спречување перење пари ќе поднесе оставка ако нема криминал во доказите

Катица Чангова

Судирот меѓу Управата за спречување перење пари и Антикорупциската комисија ја достигнува точката на вриење. Отровни стрели меѓу првите луѓе на двете институции фрчеа и вчера, а се најавија оставки од функциите и тужби за клевета.

Ване Цветанов ќе понесе одговорност и ќе замине од директорската позиција на Управата за спречување перење пари доколку државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски не пронајде поврзаност меѓу притисокот за негова оставка и доказите за организиран криминал тешки повеќе од 120 милиони евра.

Седум кутии со документи вчера достави Цветанов во Јавното обвинителство за да докаже дека институцијата со која раководи работи на десетина крупн�� предмети поврзани со перење пари и финансирање тероризам, но и дека нема да отстапи од стегање на обрачот околу организираните мафијашки криминални структури.

„Овие предмети се работат со месеци и со години. Во нив има звучни и моќни имиња, а токму оттаму доаѓа притисокот. Лошото е тоа што во организираниот криминал понекогаш на кукавички начин се кријат организирани криминалци под превезот на одредени политички партии“, потенцира директорот на Управата за спречување перење пари, но одби да се впушта во давање повеќе детали.

Директорот Ване Цветанов повторно го нападна првиот човек на Антикорупциска, Илми Селами, за тенденциозност и за настојчивост во туркањето постапка за негово разрешување. Притоа, кажа дека не е виновен и дека не направил никакви пропусти, а дека и до Јавното обвинителство ќе ги достави документите за вработување што ги потпишал тогашниот министер за финансии, Трајко Славески.

„Претседателот на Антикорупциската комисија упорно форсира нешто што го нема и сака да отсече нечија глава без факти и докази. Мотивите не ми се познати“, подвлече Цветанов, посочувајќи дека Селами дури лицитирал со мнозинството антикорупционери.

Притоа, Цветанов на индиректен начин го поврза Селами со криминалните структури за кои Управата води предмети, изразувајќи надеж дека обвинителот ќе направи нешто околу тоа. „Ние сме административен орган. Имаме индиции кои упатуваат на таква евентуална поврзаност. Не можам да кажам ни да ни не. Обвинителот ги има сите инструменти да го поврзе тоа и да го докаже“, додаде директорот на Управата.

Државниот јавен обвинител, Шврговски, во изјава за „Утрински весник“ потврди дека вчера разговарал со Цветанов, кој го информирал за работата на крупни предмети, но и за случајот што го отворила Антикорупциската комисија.

„На Обвинителството му се потребни неколку месеци пред да се изјасни дали доставените докази се доволна основа за истражна постапка“, објасни Шврговски. Што се однесува до постапката за Ване Цветанов, која ја водат антикорупционерите, Шврговски рече дека тоа не е во негова ингеренција и дека не може да се меша во работата на оваа институција.

Како што е веќе познато, Државната комисија за спречување корупција го обвини Ване Цветанов дека во неговата институција биле вработени 29 лица без согласност од Министерството за финансии. „Ако Цветанов имал потреба за 29 привремени вработувања, тогаш зошто не ги реализирал по редовен пат, онака како што пропишуваат законите. Тој манипулира, а неговите докази не се доволни за да не' уверат во придржување на процедурата“, изјави вчера Илми Селами, нагласувајќи дека директорот на Управата за спречување перење пари е печен за разрешување. Селами откри дека тројца членови на Антикорупциска гласале за иницијативата сметајќи дека доказите на Државниот завод за ревизија се доволни. Конечниот став по предметот ќе го изградат наредната седмица откако во директен контакт со ревизорите ќе добијат сознанија за законитоста на постапката. Шефот на Антикорупциска демантираше каква било тенденциозност во постапувањето за случајот на Ване Цветанов, кој не е единствен предмет кај нив. „Каде би ни бил крајот ако е така. Но, човечки инстинкт е да се брани“, нагласи Селами, мислејќи на Цветанов.


#
Статијата е прочитана 773 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 14.05.2010 08:21:26
Kakava kordinacija ima megju instituciite. Trebase da ima afera okolu Vane za da toj go izvesti obvinitelstvoto deka ima soznanija za nekakvi kriminalni aktivnosti. P aneli treba toa na dnevna ili nedelna osnova da s eraboti. Sto ako i obvinitelstvo ima otvoreno predmetio po tie kriminalni aktivnosti. I sega dvapati se raboti ista rabota. Namesto toa Vane treba da ima koordinacimja. A suetata na Vane e golema kolku gledam demek letnal visoko i misli deka e Eliot NEs. Zatoa Vane treba da si odi od tamu i da dojde nekoj sto nema da koristi drzavni tajni za da si ja brani foteljata kloja ja steknal partiski. Ete toa e Vane samobendisaniot direktor koj ke bide smenet vednas koga Nikola ke dojde u Skopje...
Од: Дарко Петров
Датум: 14.05.2010 08:59:25
Брливо дете! Кој му дал функција треба да се лечи!
Од: Носачи на кутии
Датум: 14.05.2010 09:44:59
Тоа ти е еден од знаменосците на ВМРО во походот на Чесноста. За Македонија, да бидит олрајт, разбирасе. Сега, уште да почнат да носат кутии и Амди, Миленко, Латас, Томиќ и дружината. Тогаш, готово, Корупцијата ќе умре. Замислете, Посветеност, министрите им ги носат кутиите. И, сите кутии, со панделки! Их, кава визија! Од возбуда се накострешив.
Од: jovan
Датум: 14.05.2010 11:23:04
Neznam dali vredi voopsto da se komentira okolu ova.Zadacata na ovaa agencija e da sprecuva nelegalni transakcii,perenje pari i bankarski zloupotrebi.Ovie"dejnosti" vo drzavava cvetaat,a agencijata dosega nema pokrenato istraga do kraj za NITU EDNO DELO.Sto e rabotata,neznam.Pretpostavkite bi bile,ili se nemokni,ili se vmesani i oni(reketiraat)ili nekoj od mnogu povisoko im vrsi pritisok,ili na kraj mozno e i da se formirani radi reda,da zamackaat oci na Evropa deka ete i nie imame takva agencija.Kako i da e taa agencija e cist promasaj,samo dzabe se trosat pari.A inaku rabota za ovaa agencija ima eden kup."Stranski"investicii"(somnitelni)Somnitelni kupo-prodazbi na akcii na berzata ("stranci")kade sto edna banka kupuva-prodava akcii po nalog na edna brokerska kuka, kade sto i bankata i kukata se"ovlasteni"da zastapuvaat preku 400smetki na stranci koj mozebi i voopsto ne postojat.Ima eden kup gluposti vo ovaa drzava, no na nekogo mu odgovara vaka.Da ne gi spomnuvam"poznatite"tenderi.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.05.2010 11:34:20
Цветанов сега му текна дека имал некакви докази? Да не ги прикривал? Или кога дојде јајцето на газ...? Срамни работи ни се случуваат!,.....

Најди! во Утрински
Политика
Со песни и со ритуали за обновување на Бурмали-џамија
Панде Лазаревски, конечно, се исели од станот
Политичарите не сакаат критики
Во Скопје ќе се гради хотел „Мериот“