Број 3378  петок, 10 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
На прво место

Баросо: Време е Македонија да донесе одлука

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, вчера по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, порача дека е време да се донесе одлука во врска со прашањето за името, но не заборави да повтори дека за пристапните преговори со Македонија е неопходна консенсуална одлука на Европскиот совет.

„Во последниот период постои подобрување на климата во разговорите меѓу Ск��пје и Атина и волја кај двете страни за надминување на спорот. Јас ја разбирам екстремната чувствителност по ова прашање, но ги повикувам сите страни да ја решат оваа пречка што е можно побрзо. Време е да се донесе одлука. Сега е време да се одлучи во врска со ова прашање за името“, порача Баросо, кој од македонскиот претседател побара задржување на темпото на реформите.

Иванов по средбата, истакна дека Македонија е конструктивен фактор и партнер во разговорите, но дека претстојниот период очекува од Грција да се однесува европски за да се надмине овој билатерален, и како што истакна, ирационален спор.

„Овде сум како претседател на држава во која евроатлантските интеграции се врвен приоритет, со плебисцитарно изјаснување на граѓаните во поддршка на европската иднина на Македонија. Затоа, искрено верувам дека препораката што ја дадовте наскоро ќе резултира и со датум за започнуваме на преговорите“, рече претседателот Иванов. Македонскиот претседател, кој во Брисел е заедно со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, денеска ќе оствари средби и разговори и со претседателот ��а Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 644 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.09.2010 12:24:12
Пак стерилен осврт кон проблемот како да не сваќаат бирократите во Брисел да тука им се намалува довербата,како резултат на дволичното однесување.нека го повикаат премиерот од јужниот сосед и нека го наговорат да прифати или се изјасни јасно и прецизно да се решава САМО проблемот со името,се друго отпаѓа.Кога ќе го направат тоа ќе има резултати.
Од: Aaron
Датум: 10.09.2010 12:41:26
Dali nekoj seoshte misli deka pozicijata na Grcija ne e bila dosegash soglasuvana so J.M.Baroso barem 5-6 pati? Moze bi Grcija ima nadvoreshna politika, koja ne se protegira od golemite evropski drzavi, a terminot "evropska solidarnost" nishtu ne znachi? Shto stana vo vreme na ochekuvniot bankrot na Grcija?
Од: НЕ БАРОСО од ГРЦИЈА БАРАЈ
Датум: 10.09.2010 13:36:30
Грција да го повлече неправедното и лажно барање и се ке се среди. Доста си играте со помалите нации насекаде во светот. Лично после вакви тортури и неправди несакам во ЕУ.
Од: Itar Pejo
Датум: 10.09.2010 13:56:19
Neznam zosto voopsto odat vo Brisel koga pozicijata na vladata e deka EU nabrgu ce se raspadne. Ako vece nekoj odel tamu trebalo da go pratat Trenevski da im objasni kako da gi promenat pravilata. Ako Evropa ni nametna nas da si go promenime Ustavot i znameto, zosto i nie da ne im go nametneme istoto. Potomci li sme na Aleksandar ili ne?
Од: do srecko-felix
Датум: 10.09.2010 13:57:00
Баш ги засегна тие во Брисел што во ваква вукојебина, полна со бугарофили, им паднал рејтингот. Уште повеке за твоето мислење. Немаат друга работа, па пекаат по тебе, ЉуБчо и Грујо.
Од: Elena
Датум: 10.09.2010 14:14:29
Zosto da smenime ime? Za koga, eventualno na Kukovo Leto staneme i nie polnopravna clenka na EU, da mozeme da gi brkame na raat Romite od nasata, i nivnata zemja Makedonija? Ne blagodaram. Patem, dali i tie se brkaat so konsenzus? Cisto, vaka od ljubopitstvo prasauvam.
Од: LAIK
Датум: 10.09.2010 15:16:45
Abe neli vi e jasno deka toj ne moze da kaze - Ajde neka bide Republika Makedonija - i gotovo. Se raboti za edna organizacija ili eden tip na konfederacija kade sto grcka e clenka A MAKEDONIJA SAKA DA BIDE TOA-Bas sega koga imaat problemi tie ke ni dozvolat da gledaat preku prsti -Ne se raboti koj e vo pravo tuku koj ima poveke prijateli i kade pripaga -"BIROKRATI" GI IMA SEKADE I DOMA I SEKADE-Ako stvarno saka makedonskata vlada vleguvanje na MAK vo Eu togas mora nesto da se napravi ili da se prekine so pregovori za imeto-Uste nesto nikogas ne sne ja slusnale MAkedonskata vlada koj e nivniot stav - R.Makedonija so nekoja dodavka i nikakvo menuvvanje na nacinalnost i jazik ili nikakvo menuvanje na ime i se sto sledi. VIE NE GO PLAKATE CEHOT NA VREMETO OBICNIOT MAKEDONEC TOA GO KOSTA ZIVOT!!!!!!!????
Од: Миле - Охрид
Датум: 10.09.2010 16:53:26
Од Баросо добивме непријатна и не многу пријателска порака. Пораката ја доживувам како отворена закана и непринципиелна поддршка на грчките шовинистички уцени. Тој едноставно ни соопшти дека за нас нема да важат европските вредности и основните човекови права и слободи (втемелени во повелбата на ОН и преточени во многубројни меѓународни конвенции), а нив ќе ги замени нивното интерно правило кое и дава право на една нејзина членка да уценува. Во такви услови НАС не повикува да донесеме „одлука“. Не е толку мал па да незнае кава одлука може да ја одобровољи Грција. Тој токму тоа ни го сугерира. Да си го промениме името, а потоа се знае. Отпочнување со редефинирање на Охридскиот Договор, неможност да се усогласиме, интервенција на самопрогласената „меѓународна заедница“ и констатација дека сепак е најдобро да ја поделиме државава. Или ќе не остават надвор од европските интеграции и повторно ќе не нејде истата судбина. Но сепак се надевам дека во ЕУ постојат и вистински европејци.

Најди! во Утрински
На прво место
Деца во канџите на проституцијата
Македонија одбележа 19 години самостојност