Се ожени Јован Јованов
Јован Јованов овој викенд се заколна и пред државата и пред Бога дека Николина е жената со која има намера да се впушти во сите животни премрежиња. И во добро и во лошо, и во среќа и во тага, оваа двојка тргна да стане семејство со база од многу љубов. Да потсетиме - Јован три години возеше на релација Нови Сад - Скопје, во јануари беше свршувачката, а од завчера Николина официјално стана г-ѓа Јованова. |