Ева Лонгорија
Добро се снајде во лезбиска улога
Снимањето на комедијата „Без мажи“ е завршено, а славната Ева Лонгорија од старт имаше предрасуди и стравувања како ќе ги сними сцените на секс со жена. Но, екипата и' даде многу комплименти, Ева остана верна на улогата, па дури се надмина и сама себе.
Инаку филмот претставува адаптација на бестселерот на Џејмс Кенон, а улогата на режисерка ја игра Аргентинката Габриела Талјавини. Хероината што ја толкува Ева е предводничка на жени што се принудени да се грижат сами за себе, а нивните мажи не се дома, се борат во граѓанската војна. Проблемите настануваат кога тие се враќаат. Но, жените веќе сосема добро функционираат сами. |