Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма
„Јужен булевар“ нов кошмар од власта

Никола Донески

Денес можам со полно право и слобода да констатирам дека нашата Влада тотално забега. Со сигурност се потврдува тоа дека на власта не и' е гајле за ништо друго, освен за бизнисите на Груевски и на неговото семејство.

Откако претходно Владата и Општина Центар ја шокираа јавноста со проектот „Скопје 2014“, сега на ред ни е уште еден шок со изменув��њето на Деталниот урбанистички план за делот зад „Рамстор“. Замислете, Општина Центар има идеја да го даде „Јужен булевар“ на некој приватен сопственик, кој на негово место ќе направи некој деловен објект, а под него би се изградил „Јужен булевар“. Просторот од 150 илјади квадратни метри Општината планира д�� го даде на некој приватник за кого никој ништо не знае.

Онаму каде што се споменува името на Владата, мора да има скандал или, пак, нема проект на Владата што не е скандалозен. Така и кај овој проект има еден куп скандали. Да почнеме по ред. Најпрво, за целата оваа промена на Деталниот урбанистички план за просторот кај Стара железничка, Општината нема распишано јавен конкурс. Потоа Општината има заборавено дека токму тој булевар е најважниот сообраќаен дел на центарот.

Она што е најсомнително и најчудно е тоа што тоа земјиште се дава на фирмата „Гема груп“, која во исто време е и сопственик на земјиштето зад „Рамстор“ каде што требаше да никне луксузен хотел со пет ѕвездички.

Земајќи предвид на каков начин се измени урбанистичкиот план, лесно може да се заклучи дека зад издавањето на земјиштето на „Јужен булевар“ се крие некаква договорена зделка. Како потврда на ова може да се земе изјавата на градоначалникот на Општина Центар, кој си кажа дека промената на урбанистичкиот план е направена по барање на Владата. Бидејќи истата фирма што го гради хотелот сега ќе го гради и тој деловен објект, јас отсега знам дека на крајот нема да имаме ниту хотел ниту деловен објект, а најмалку нов подземен булевар, напротив, ќе останеме без булевар со нови две големи дупки.


#
Статијата е прочитана 770 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 16.09.2010 15:18:58
Не е само кај Вас, во Скопје..Портокаловава мафија работи и во Прилеп !!Пред еден месец ја раскопаа улицата ( инаку главна улица во центарот на градот) ги исекоа дрвата ( некој дебело си обезбеди огрев за 10 зими ) .Откорнаа по 30 см дебел асфалт , , оставија дупки насекаде и си заминаа и камиони и машини и луѓе !!! И сега што ?!Остана голема дупка во центарот на градот , сообраќајот е во колапс , зошто возилата вртат по 2-3 километри за да појдат онаму каде наумиле, а полицијата секој ден стои и пишува казни за оние кои сакат малку да скратат од тие километри... НАЈГОЛЕМАТА МАТНА РАБОТА ВО СЕТО ОВА Е ШТО СЕ’ УШТЕ НЕМАЛО ПРОЕКТ ЗА ТОА КАКО ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ИЗГЛЕД НА РАСРСНИЦАТА.Овие дечишта прво раскопаа , па допрва ќе прават проект , за тоа што ќе градат..Некој треба ДЕБЕЛО ДА ГО ЈАДЕ СТАПОТ , а и ќе го јаде , како што тргнал ( веќе јадеше 2-3 шамари од сега притворениот Маке)..

Најди! во Утрински
Писма
Граѓаните не се овци за стрижење
Што добивме од проектот ватерполо?