Број 3025  четврток, 02 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Странските инвеститори ја напуштаат Бугарија

Турски и грчки текстилни компании се затвораат, британските и шпанските градежници ги замрзнаа проектите

СТАМБОЛИСКИ - За Гергана Гечева, отпуштена работничка од најголемата фабрика за хартија во земјата, лоцирана во нејзиниот град, која овој месец е затворена, состојбата е јасна: „Градов умира“, вели таа. „Промените треба да почнат од најгоре“. Оваа 48-годишна жена 30 години работеше во фабриката кога нејзиниот сопственик, компанијата „Монди“ со седиште во Јужна Африка, ја затвори затоа што глобалната рецесија ја намали побарувачката.

Фабриката беше отворена во 1957 година и обезбедуваше работа за секој трет човек во овој сиромашен град, со 12.000 жители во тракиската долина, на околу 120 км јужно од Софија. Иста неволја ги снајде и другите мали градови во Бугарија: странските компании се пакуваат и заминуваат од една од најновите, најсиромашните и најоддалечени точки на Европската унија, додека таа е пред парламентарни избори. „Никој не веруваше дека ќе дојде до ова“, вели Гечева, гледајќи кон напуштениот двор на фабриката во Стамболиски, во тишина, која е нарушена само од повременото пристигнување на возовите во станицата.

Во градот, кој во триесетите години на минатиот век се разви како центар за производство на храна, единствениот друг голем работодавач, фабриката за конзервирање од комунистичката ера, беше затворена минатата деценија. Луѓето во Стамболиски и економистите ја обвинуваат владата за неспособност поради фактот дека оваа балканска држава беше неподготвена за кризата, поради немањето високотехнолошко производство и се наоѓа во милост на брзорастечките производители и градежници. Тие наведуваат дека Бугарија е ранлива, бидејќи не ја искористи предноста од неодамнешниот економски бум и да ја подготви инфраструктурата или да се справи со корупцијата и криминалот.

Приливот на готовина од странство се преполови на 995 милиони евра во првите четири месеци од претходната година. Има мал прилив од кинески и од блискоисточни инвестиции, меѓутоа, економистите очекуваат директните странски инвестиции да се преполоват за околу 3-3,5 милијарди евра за цела година. Кризата не е толку болна како во Летонија или во Унгарија, меѓутоа, истражувањето спроведено на почетокот на јуни од страна на аг��нцијата НПОЦ, финансирана од државата, откри дека 38 проценти од Бугарите се плашат дека би можеле да го изгубат работното место во следните шест месеци, а повеќе од половина ги отфрлиле плановите за летни одмори или за реновирање на домовите.

Владата, предводена од социјалистите, според анкетата на јавното мислење, се движи кон пораз на изборите закажани за 5 јули, наведува дека стапката на невработеност моментно изнесува седум проценти и ќе остане на помалку од десет проценти. Уште наведува дека внимателната фискална политика и акумулацијата на 22,7 милијарди лева резерви во цврста валута, над 30 проценти од БДП, ќе ја амортизираат економијата. Меѓутоа, околу 5.000 луѓе секој месец остануваат без работа, а аналитичарите предупредуваат дека следната влада во Софија ризикува да побара заем од Меѓународниот монетарен фонд сличен на оној каков што побараа Романија, Унгарија, Летонија. „Сега нема ургентна потреба од пари... но, очигледно на макроекономско ниво некој го исклучи приливот“, вели Ларс Кристенсен, економист во Данске банк.

Бесот во однос на неуспесите на коалицијата, предводена од социјалистите, сега доминира во јавните дебати и на изборите, во голема мера, се очекува гласачите да и' ја дадат довербата на опозиционата партија ГЕРБ, предводена од градоначалникот на Софија, Бојко Борисов. Анкетите покажуваат дека 80 проценти од 7,6-милионското население на Бугарија сака промена на власта. „Луѓето се исплашени“, вели Соња Чаталова (46), која, исто така, работеше во фабриката за хартија. „Лути сме им на политичарите што им дозволивме да не' третираат на овој начин“. Компанијата врз чија работа се потпираше опстанокот на градот Стамболиски отпушти поголем дел од 500 вработени, но најави дека би можела повторно да почне со работа откако ќе се зголеми глобалната побарувачка и ќе се намали цената на дрвото.

И на други места се затвораат турски и грчки текстилни компании, британските и шпанските градежни компании ги замрзнаа проектите со недвижен имот, а фабриките за метал и за вештачко ѓубриво, што се во сопственост на странци, го намалија производството. „Агрополичим“, кој е во во сопственост на „УС ацид и фертилајзер“, производителот на челик „Стомана“, кој е дел од грчката групација „Сиденор“, и „Холцим Бугарија“, дел од швајцарскиот производител на цемент „Холцим“, сите ги намалија производството и бројот на вработени.

Економистите посочуваат дека свеж капитал би можел да дојде од Кина, трета по големина економија во светот, која е нетрпелива да ја збогати својата база на инвестиции, или, пак, од некои арапски држави. Кинескиот производител на автомобили „Грејт вол“ минатиот месец почна со изградба на фабрика за автомобили, додека, пак, други кинески инвеститори ја разгледуваат можноста за инвестирање во енергетски проекти, вклучувајќи ветерници и рафинерија за нафта. На почетокот од годинава инвестициониот фонд на владата на султанот од Оман купи малцински пакет акции во бугарската Корпоративно-комерцијална банка и наведе дека ја разгледува можноста за потенцијални инвестиции во туризмот и во енергетскиот сектор. Емирот од Катар два пати годинава ја посети Бугарија за да го разгледа потенцијалот во недвижен имот, туризмот и енергетиката. Ваквите проекти нудат надеж, но не се практичен амортизер.

Некои аналитичари посочуваат дека една третина од 150.000 луѓе, кои работат во текстилната индустрија, каде што се проценува дека годишниот обрт на капитал изнесува 2,5-3 милијарди евра, годинава ќе останат без работа, бидејќи инвеститорите бараат поевтина работна сила во места како Молдавија и Украина. Градежништвото, недвижниот имот и финансиските услуги, кои привлекоа најголем дел од шесте милијарди евра во годишни странски инвестиции во последниве четири години, моментно се во застој.

Дефицитот на тековната сметка на Бугарија останува опасно огромен на 22 проценти БДП, еден од најголемите во ЕУ, и годините минати во живеење на евтин кредит предизвикаа недостиг на готовина. Доколку Софија е принудена да ги исцрпи своите резерви во странска валута за да го покрие дефицитот, Бугарија на крај би можела да биде принудена да го напушти фиксирањето на својата валута, левот, во однос на еврото. Врзувањето од многумина се смета како гарант за економската стабилност.

Аналитичарите додаваат дека Софија мора да понуди реални ветувања за подобрувања во инфраструктурата и да покаже резултати во борбата против корупцијата, за да ја врати довербата на Брисел дека може ефикасно да користи 11 милијарди евра од фондовите на ЕУ и да ги привлече инвеститорите.

Меѓутоа, за луѓето во Стамболиски, разочарани и заморени по дведецениските болни пазарни реформи од паѓањето на комунизмот, исчезнаа надежите за каков и да е просперитет. „Навистина е лошо. Стапката на невработеност ќе се зголемува. Што ќе правиме? Ќе треба да крадеме, што друго“, вели Тодор Митрев (35), градежен работник и татко на две деца, кој веќе две години нема постојана работа. „Владата е таа што треба да се обвини“. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 2118 пати.

Испрати коментар

Од: Димитар
Датум: 02.07.2009 00:50:27
Симптоматично е дали странските инвеститори ја напуштаат Бугарија, но за жал повеќе од јасно е дека бугарската политика кон Македонија во следниот период ќе се раководи по зборовите на Бојко Борисов за економско навлегување во земјава. Ете, веќе имаме банки и осигурителни компании во Македонија купени од бугарски фирми, Евроинс, ЦКБ, Унибанка итн.
Од: Ружин
Датум: 02.07.2009 03:25:42
Ова е доказ, Бугарија колку е зависна од Турција и Грција.
Од: Dragan
Датум: 02.07.2009 10:07:49
невработеност моментно изнесува седум проценти, tie sto placat tamu , treba da dojdat malku vo mk , da vidat sto e 40 % tekstot nema vrska, nekoj novinar nemal rabota i napishal statija .. ama bidejci se raboti za Bg , mora vo Mk novini da se objavi ... TOP vest.
Од: Kiril
Датум: 02.07.2009 16:00:28
Bravo na novinarot, objektivna i trezva statija za Bugarija, a ova ne e obichajno za makedonskite novinari, koishto samo znaat da valkaat Bugarija i se' shto e bugarsko.
Од: mimi
Датум: 02.07.2009 17:23:31
sekoj sto dava Komentar neka prethodno se informira za sostojbata vo cela Evropa i vo Bugarja... vo Germanija procent na nevrabotenost e 20% a ne ovde pisuvate Bugarija samo 7% , a pola Bugarija e nenaselena site mladi se razbegani po stransto .. bedotija pogolema i vo Makedonija

Најди! во Утрински
Свет
Забрана за пушење во затворени јавни простории во Грција
На Бериша му фали пратеник за победа
Ненадејна оставка на Иво Санадер на местото хрватски премиер
Косовската мафија има милијарди долари
Снимка на пробивање на звучен ѕид
На Запад не му веруваат на Путин
Девојчето што го преживеа падот на јеменскиот авион заздравува
ОН бараат враќање на соборениот Зелаја
ОН почнуваат истрага за атентатот врз Беназир Буто
Погребот на Мајкл Џексон можеби в недела во „Недојдија“

"""