Oдредени водители и новинари демонстрираат простотилак и невкус
Оливера Војновска
Амбасадори – овци. Американците како терористи. Европа како курва. Новинари посочени за линч... Ова се пораките што можат да се слушнат од квазиновинарите и водителите на национални телевизии, кои пропагираат досега невидено количество простотилак, невкус и омраза.
Примитивно, бедно и тажно изгледа новинарската фела поделена на „патриоти“ и „предавници“, на „подобни“ и „неподобни“, на „ваши“ и „ваши“, исто онака како што партиите се делат меѓу себе. Како да постои видлива тенденција на истиот начин да се раздели се' во државата и од корен да се измести целиот систем на вредности.
Според оцените на експертите, новинарството го допре дното. Прилично дискутабилно е кој и зошто ги форсира овие луѓе што повикуваат на омраза да креираат јавно мислење, да прават емисии чии редовни гости се премиерот, министрите и експонирани функционери на владејачката партија.
Водителот на Канал 5 телевизија, Миленко Неделковски, изминатиот викенд како учесник во дебата во емисијата „Зебра“ на телевизија Алфа повика на „ликвидација на предавниците“. Неделковски во дебатата јасно кажа дека „кон предавник не може да има друг говор“. На ироничната забелешка на неговата колешка, уредничката „Фокус“ Јадранка Костова: „А зошто не формирате здружение за ликвидација на непријатели“,Неделковски ноншалатно одговори: „Тоа е следно“!
Претседателот на Фондацијата „Балкан без граници“, на АТВ телевизија во наплив на величање на владејачката партија ќе каже „во оваа наша држава на лавови, имаме една овца увезена од странство, Ерван Фуере, кој на нашите лавови им соли памет да го сменат името на државата“.
Можно ли е со невидена леснотија да се упатуваат погрдни зборови кон дипломатите и повици на отстрел на новинари и тоа така да поминува без никаква реакција од надлежните институции во државата?
Професорката Весна Шопар е изненадена поради ваквиот говор на омраза и напоменува дека такво нешто во медиумите немало ниту за време на конфликтот во 2001 година. „Во анализите што тогаш ги правевме во медиумите немаше јасни елементи што упатуваат на говор на омразата. Ова е навистина премногу загрижувачки. На отворениот повик за линч мора да реагираат Советот за радиодифузија и Здружението на новинари, независно дали е нивни член или не. Неделковски се претставува преку определен медиум, има своја емисија на телевизија“, вели Шопар.
За претседателот на Здружението на новинари, Роберт Поповски, страшно е што се поттикнува атмосфера на линч кон неистомилсениците.
„Поделбата веќе излегува од рамките на патриоти предавници и оди во насока на луѓе што треба да бидат или да не бидат ликвидирани. Тоа е опасно за едно општество и не смее да се дозволи да оди натаму. Целата медиумска заедница треба да се обедини и да ги демаскира ваквите личности. Но, мерки против ваквиот говор на омраза треба да преземат и сите надлежни институции. Повиците за ликвидација воопшто не се наивни. Се' поголем број луѓе себеси се самопрогласуваат за заштитници на некоја повисока цел. Јавното обвинителство треба да провери како се планира да се изведе таа ликвидација“, вели Поповски.
Меѓутоа, Јавното обвинителство молчи. Од Кабинетот на државниот обвинител, Љупчо Шврговски, вчера не' упатија кај скопскиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Оттаму, најпрво ни рекоа дека Зврлевски е зафатен, а потоа инсистираа на процедура и побараа прашањето да им се испрати по факс.
Претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски, ни рече дека Програмскиот сектор го анализирал материјалот и подготвувал информација. Стефаноски најави дека Советот денеска ќе расправа за тоа и доколку има пречекорување на Законот, ќе изрече казни. Тој вели дека во случај на недолично однесување, се санкционираат и новинарот и телевизијата каде што настапувал. Притоа, појаснува дека кога станува збор за новинар-гостин на друга телевизија, (како што Неделковски гостуваше на Алфа телевизија), тогаш водителот треба да се огради од несоодветните изјави на учениците во емисијата.
Јасминка Миронски од Високата школа за новинарство на МИМ вели дека каков било повик на линч е непримерен и опасен. „Слободата на изразување не смее да се стави во стеги, но како новинари, во принцип, треба многу да внимаваме какви зборови користиме. Новинарите имаат одговорност и треба да внимаваат за последиците од кажаното, кои може да бидат опасни“, вели таа, потсетувајќи на старата поговорка „јазикот коски нема, коски крши“. Миронски која од 1991 е дописник на Франс прес, а работела и за повеќе странски медиумски куќи, додава дека секоја информација мора прецизно да се пренесе во јавноста. Притоа нагласува дека за какви било манипулации мора да се понесе одговорност.
Според неа, новинарството, генерално, во светот е во криза. „Со појавата на новите технологии тоа се бори како да опстане натаму. Има впечаток дека луѓето, главно, се во трка по кариера и ретко некој работи во име на вистината“, со жалење констатира Миронски.
Комуникологот Петар Арсовски вели дека однесувањето на Неделковски е апсолутно неприфатливо и под нивото на општата култура на комуникација.
Тој сака да верува дека нашата јавност не го поврзува Неделковски со новинарството. „Тој не е новинар и нема габарит да влијае врз јавноста. Неговата емисија нема гледаност и тој со ваквите настапи уште повеќе си го урива кредибилитетот“, смета Арсовски.
Во оваа политичко-полициска пресметка меѓу медиумите скандалозно беше кога водителот Миленко Неделковски во петокот во неговото шоу објави тонска снимка од прислушуван разговор меѓу газдата на А1 телевизија, Велија Рамковски, и главниот уредник на „Шпиц“, Бранко Героски, како доказ дека Рамковски поседува електронски и печатени медиуми. Прашање за скандал е кој ги направил овие снимки и по чиј налог. Како се нашле кај Неделковски и со каква цел. Колку новинари и сопственици на медиуми се прислушувани и уште колку вакви снимки има „мозокот“ на операцијата? (О.В.)
Жално, но вистинито! Груевски е тој што создаде т.н новинари и ги плаќа со наши пари. Како не им е срам !? Ја уништија оваа земја тие што на ТВ искажуваат простотилок и се служат со говорот на омраза. Македонче освести се и покажи им го правецот на овие кои залутале и сакаат да го величаат Грујо. Боже прости им, не знаат што прават.
Од: Никола
Датум: 18.05.2010 00:15:09
До пред неколку недели немав слушнато за човекот Миленко Неделковски, но сега често гледам некои негови емисии на интернет. Причина: штом за него се зборува секој ден по сите медиуми, мора да има нешто интересно.
Од: Itar Pejo
Датум: 18.05.2010 00:15:11
Vo slucajot na Milenko ne treba da intervenira ovinitelstvoto niti zdruzenieto na novinarite tuku psihijatrite.
Од: demokrat
Датум: 18.05.2010 00:17:52
Mnodu germanci vo vremeto na nacizmot zavrsina na gilotinja samo zatoa sto baraa sloboda na govorot, pocituvanje na covekovite prava i vospostavuvanje na vistinskite demokratski vrednosti. Vo nivnata kritika kon togasnata vlast, Goebels i kom. pronajdoa elementi na predavstvo i eres pa od Germanija napravija zemja na uzasni (vnimavajte!) ZAKONSKI likvidacii. Sreka sto RM ne e tolku mokna i vlijatelna kako tretiot Reich.
Од: MESAR
Датум: 18.05.2010 00:20:43
оф мори мајко, па зар за тој лузер трошите време, место и енергија. па тој е еден обичен комедијант за кого воопшто и не треба да се размислува. тој се почна во животот, мислеше дека ќе стане новинар, па експерт за трескање глупости во формула 1, па фудбалски менаџер-кодош, па експерт за визи, па индијана џонс за пирамиди за на крај да стане обичен лижач затоа што само тоа му остана, мислам тоа му е егзистенција и струка а со цел да земе некој денар за да се прерани. онака масен и гнасен како сестра му мирка, пуштетего нека си го живее сонот, затоа што колку повеќе му обрнувате внимание толку и му ја кревате вредноста......батали го
Од: pero
Датум: 18.05.2010 00:29:51
Snimkata shto ja emituvashe Nedelkovski ne e od prislushkuvanje , eve i za vas da ja preslushate: http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=161&pid=8656#pid8656
Од: Васко К. Битола
Датум: 18.05.2010 00:39:49
Во секоја демократска држава медиумите во глобала се делат на провладини и опозициони. Во Македонија нормално како и во цел нормален свет има провладини медиуми и новинари. Ненормално е тоа што опозиционите слободно може да се вбројат во антидржавни елементи, не антивладини што не е страшно. Секоја чест на исклучоците, но тоа се само исклучоци. Антидржавни се затоа што во хор урлаат за интересите на странски интереси омаловажувајќи и потценувајќи се што е македонско и што дава резултати. За домашната политичка сцена господа „новинари“ важно е и точно е она што го застапуваат партиите што имаат мнозинство гласачи а не мнозинството партии со малцинство гласачи.
За странските сервиси на македонски јазик скоро без исклучок важи дека се во функција на интересите на државите од каде потекнуваат, односно кога Македонија не би постоела сите тие би биле среќни и весели.
Од: nick hill
Датум: 18.05.2010 00:44:13
prvo i prvo novinarite ne znaat kako da postavat prasanje se odnesuvaat mnogu grubo vo iskazuvanjeto i ne si gi branat nacionalnite interesi na makedonija toa go nema nikade im treba golema edukacija vo SAD ili nekoja druga porazviena zemja za da naucat nesto poveke kako da postavat prasanje so kakov ton itn.
Од: Od fakelaki
Датум: 18.05.2010 00:54:28
A uste kasno vie tek koga albancite ke vi bidat gazdi kako ke se osekate...
Од: Жарко,Ресен
Датум: 18.05.2010 01:25:43
Овие квазиновинари мора да лаваат затоа што знаат дека ако падне власта си одат и тие.А после што ќе прават?Ќе треба да продаваат сончоглед и семки по спортски натпревари.
Од: vasil
Датум: 18.05.2010 03:56:50
gospoda, nekako stanavte mnogu cuvstvitelni na slobodnite mislenja na vasite neistomislenici.
nema apsolutna nikakva razlika megu odnesuvanjeto na milenko nedelkovski i propagandata na onie koi go teraat narodot da se obezlichi. mozebi milenko trebase da kaze " istorijata veli deka predavnicite obicno zavrsuvaat kako sto zavrsuvaat predavnici. Makedonija vo momentot se naoga na krstopat , kade samo eden pat ke bide istoriski opravdan.
site drugi ke ostanat predavnici vo istorijata. " Sansa da se iskazat ke imaat site na referendum. Se drugo e propaganda.
Jas ne bi predlozil likvidacija, tuku samo uslov za site onie koi sakaat da go smenat imeto na drzavata. Ako sakaat da go obnovat makedonskiot pasos da dodadat geografska odrednica na svoite iminja " grk" i se ke bide dobro. Ke gi poznavaat so generacii kako se borele za dobroto na svojata tatkovina. (moze i "bez'rbetnik"- toa bi bilo pridavka"
pozdrav
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 18.05.2010 07:29:45
Кој ги плаќа и со која намера? Власта- која се расфрла со пари( реклами и слично), или на самите им текнало вакво нешто.За многу поневидливи работи Вранишковски одлежа затвпр, а овие - богами добро живеат се к**чат пред народот, и никој ништо не презема против говорот на омразата.Се враќаме ли во триесеттите години од минатиот век во Германскиот амбиент?Вака се гради држава? Сакаат поделби по секоја цена и на што повеќе сегменти од државата? Подели па владеј?????
Кратко ќе да трае......
Брука,срамота и ужас....Има ли пилот во авионот????????
Од: metodi
Датум: 18.05.2010 07:47:24
Zosto vie novinarite od skopje golemite "zvezdi" na zurnalistikata ne pisete za golgotata na novinarite od lokalnite radiostanici, koi blagodarejki na vasiot Gavrilov ostanaa bez rabota.Zarem toa nee e likvidacija pod prevezot na demokratijata.Ili toa ne se sluci vo Skopje.Prestanete dea ja delite Makedonija na skopje i ostanati.Prestanete da ja delite Makedonija na homos politikus i onie sto ubile majka i zaklale tatko
Од: flying-monaco
Датум: 18.05.2010 07:55:36
Dosta e samo da se procita naslovot na "Utrinski" i "VECER" se ke dodoznaete dali e "predavnik " ili "patriot" Apsolutno vo pravo ste.Mizerno e sto ne ja izjavuvaat vistinata, za koja sekogas se traga...Izvrtenite ili na majtap napisanite naslovi e i odcenkata na avtorot...i negovata-nejzinata stav za ili protiv pozicija-opozicija...
Од: Лазо Стефанов
Датум: 18.05.2010 08:05:25
Г. Миленко Неделковски прави погрешна ,пресметка„. Комуњарите (или некогашните комунисти) се покажале дека се побрзи во пукањето од комитите. прави и уште една погрешка, денес граѓаните знаат кој е патриот, а кој предавник,не чекаат историјата тоа со задоцнување да открие вистинските предавници.
Од: vesna
Датум: 18.05.2010 08:55:39
Kvazinovinarstvoto barajte go vo dnevnite vesnici kade gazdata im nalaga sto da pisuvaat i megju odgovornite urednici na televiziite, koj bez svoe jas mu serviraat na narodot ona sto ke im posee od "gore"! Od kade stana Milenko sega glaven problem vo novinarstvoto? Pa dali e on novinar voopshto???
Ostavete go Milenko na raat, on e samo eden televiziski voditel koj sto nema vrska so novinarstvo i prestavuva voditel od zabaven karakter za gledacite!
Од: Tase
Датум: 18.05.2010 09:26:59
Pa Milenko ne spomna iminja, tie sami si se pronajdoa
Од: Do Vasko od BT
Датум: 18.05.2010 09:38:07
Po sto se ti razlikuvas od toj Milenko??? Mislis (toa e tvoj prpoblem) deka vladata raboti ok, a opozicijata se predavnici?? Jas tvrdam deka najgolemite predavnici na ovaa drzava se Grujo, DPMNE. Latas Milenko i Mirka, i sto sega??? Da gi lincuvame?? Isprani mozoci!!!
Од: Milenko
Датум: 18.05.2010 10:00:15
Zar Milenko go smetate za novinar???????? . Toj nezasluzuva da ja ima bukvata N od novinar.Ama mora vaka za da kurtuli od zatvor za ona sto za sto e osuden
Од: Карокан-гамбит
Датум: 18.05.2010 10:42:39
Ако Неделковски е мојот репер за патриот-апатриот и ако тој е "патриотот" со кој треба да се идентификувам,тогаш конечно сум од другата
"предавничка" срана.Никако не ми е јасно,
ималку образовани луѓе да бараат и најдат причини да ги одобруваат неговите ставови.
Никако не ми е јасно некој да се повикува на историјата,а да не се сврти назад и погледене
до што се доведоа ваквите размислувања од
пред седумдесетина години.Никако не ми е јасно човек од типот на коментаторот Васил во толку мал простор да собере толку многу глупости.Тоа веќе не е резултат само на
волја,туку и на посебен вроден талент.А за каков
патриот се работи може да се види и од познавањето на граматиката на сопствениот
јазик (литературен и народен).Благодарам
Василе,двоето друштво не ми се допаѓа,па
како сакаш така нарекувај го!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Kolku obrazovanie i kultura, takvi novinari
Датум: 18.05.2010 10:52:03
Da tocno e, makedonskoto novinarstvo, pogotovo televiziskoto e nevideno prostacko, neobrazovano, neinventivno, no zatoa prepotentno. Vo sporedba so televiziite vo sosedstvoto, Srbija, BIH, HRvatska, Bugarija, nasite TV novinari, od red ne samo Nedelkovski, tuku R. Popovski, S. Tomic, pa i Comovski koj e vece za penzija, no i prepotentnata bez kredit B. Sekulovska i slicnite se na najnisni granki. No, zatoa ALSAT ima odlicni voditeli, sigurno tuka ne go smetam S. Ordanovski,koi smireno, kulturno i profesionalno, zosto se obrazovani gi vodat politickite emisii i razgovori. A sto ne kazete za prostaklukot vo reklamite, nivnata dolzina koja e nadvor od site pravila, posebno na A1, kade ede T. Mihajlovski pluka, se dere, jade eftin sendvic i go rekjlamira VIP, boze sacuvaj, neznam sto VIP misli, no toa e antireklama. Vo sekoj slucaj dobro sto ja otvorivte i ovaa tabu tema za katostrofalnoto novinarstvoto kaj nas.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 18.05.2010 11:20:20
За некого е „забава“ТВ повикот на линч и на Ликвидација на секој кој мисли поинаку од Шарлатанот Миленко!Ако ликот на вистинските патриоти е мерлив преку Криминални дејствија и манипулација со луѓе(„итроштини“) тогаш веднаш се прогласувам себе си за Предавник!Предавник сум,затоа што Знам, „патриотските“Кичфигурини немаат никаква уметничка вредност,а Барокот е дамнешно минато чија „современа“обнова е Грандиозна Глупост!Предавник сум затоа што Знам,името е одамна „усогласено“!Предавник,затоа што Знам дека немам Антички Корени,иако потекнувам од старо семејство на Човековиот род!Предавник,затоа што Обожувам да живеам во Сегашноста и Реалноста,не во Туѓото Минато!Предавник,затоа што сум Горд на Знамето со Црвената Петокрака во Левиот агол и на Петокраката,која стоеше на Државниот Грб!Горд на Борбата против Фашизмот и Партизанското,но и Комитското минато на Моите Претци!Предавник,затоа што во времето на Комунизмот бев Демократ,а сега сум Комунист!Повторно - Предавник!
Од: Arhi Brigadir
Датум: 18.05.2010 11:24:48
Toa vi e isto kako vo vasiov vesnik nekoj novinar da saka da napise pozitiven text za vladava ili nedajboze damu svigja spomenikot na Goce. :) .najverovatno expresno bi bil suspendiran, normalno za "kvazinovinarstvo" ..
Од: seriozen
Датум: 18.05.2010 11:48:37
ne e samo milenko, kade se latas, tomic,........? Ovoj posledniov duri na drzavnata ni televizija ne true. i posle plakjajte mrtv? ne se lugjeto krivi, nema zakon vo drzavava.
Од: Јас ќе си го сменам името
Датум: 18.05.2010 12:13:14
Море луѓе, кој простор му давате на Миленко, ви се чудам? Ќе се сети ли некој, од оние кои, сепак си ја почитуваат професијата и си ја сакаат татковината, па да поведе кампања меѓу колегите, под мото: „Не спомнувај го Миленко“. Исклучок, кога ќе отиде да си го одлежи своето...
Од: сенка
Датум: 18.05.2010 12:19:35
Не прашувајте веќе дали има пилот во авионот, Македонија е беспилотно летало..веројатно веќе свативте;-)
Од: smojmirec
Датум: 18.05.2010 12:46:46
Се насмеал ќупар на шутар е малешевска поговорка,валидна за оваа тема. Не гледам разлика мегу Миленко,Латас и Мирка од една,а Манчо,Чомовски,Секуловска од друга.Очи нека си вадар,ама ете сеат омраза и мегу читателите,гледачите. Аман од такви новинари и водители!
Од: Исправени сте кога стоите потпрени
Датум: 18.05.2010 13:13:46
Точно е се но и Утрински забега со пљукањето на Македонштината за ситносопственички сметки. Подобро би било кога сите новинари би се свртеле и да го раскринкаат лоповлукот без оглед на партија. Да го раскринкаат судството што помилува лопови и убијци. Па народот да ве почитува и да може да ви се повери. Со пљукањето против Македонија и вековното име НЕМА да успеете и НЕ сте далеку од тие кои ги критикувате.
Од: majka
Датум: 18.05.2010 14:14:43
Иако, најверојатно и овој коментар нема да го објавите, сепак, заради мојата совест го давам:
Во начело сум против замена на аргументите со простотилак, навреди, особено на личен план.
Но, зошто не реагира НИКОЈ-што божем „нападнатите и загрозени“ новинари, особено од А1, упорно ми го навредуваат чувството на национална припадност како МАКЕДОНКА, упорно ме заплашуваат со секакви сценарија, упорно во студио повикуваат таканаречени „експерти“, кои не` трујат со секакви небулози, за кои, во нормални држави се оди во доживотен затвор?
Од: Delco
Датум: 18.05.2010 14:44:01
Otkako go procitav kritickot osvrt na novinarkata za nepristojnosta kaj poedinci od mediumite, primetiv uste kaj prvot citatel Antonio koj odma vo svojot komentar se sluzi so govorot na omraza! Toj vinata ja prefrli na premierot na drzavata, koj ete nemal druga rabota i sozdaval novinari i gi plakal so nasi pari!! Abe antonio osvesti se ne dozvoli da te nosi veterot, ke ostanes pomalecok i od imeto sto go imas.
Од: marjan
Датум: 18.05.2010 14:44:55
Nitu Milenko zaskuzuva komentar , a uste poveke vasiot tekst ne zasluzuva komentar. Toj e polos od stavot na Milenko vo posocenata emisija. Ve molam vo naredniot period da pravite balans dokolku sakate citatelska publika. Dali Vie realno mislite deka nekoj od novinarskata fela ima pozitivno mislenje za Robert Popovski. Vo idnina koristete ekspertski soveti od relevantni strucnjaci
Од: nekoj
Датум: 18.05.2010 16:42:35
Zosto davate prostor vo vesnikov za nisko-profilni licnosti ?! Treba da se pisuva za ne-kvalitetot na novinarskite kuki, koi treba da ispolnuvaat kriteriumi. Momentalno NIKOJA TV kuka ne ispolnuva nikakov kriterium.