Број 3618  четврток, 30 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Саморегулацијата ќе ја врати довербата во медиумите

Тамара Грнчароска

Саморегулација во медиумите е второ име за слободно новинарство, за зголемување на кредибилноста, тиражите и гледаноста на медиумите, а намалување на судските тужби против новинарите во корист на сигурноста и залудно трошење време и средства. Ова е само дел од мислењата искажани вчера на конференцијата „Саморегулација на медиумите во Македонија“, на која беше презентиран нацрт-статутот за формирање и уредување на саморегулаторното тело што би ги обединило на едно место новинарите, сопствениците на медиумите, уредниците и граѓанскиот сектор, со цел да се зголеми одговорноста на медиумите кон јавноста со почитување на професионалните и етичките стандарди. „Ако ние сами не се саморегулираме, тогаш ќе и' дадеме алиби на политиката да не' регулира, а се знае чии интереси тогаш ќе бидат во прв план“, рече претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Според него, саморегулацијата е единствен начин за враќање на довербата на ја��носта во медиумите и тие треба да даваат отчет пред неа, а не пред политичарите и другите центри на моќ. „Ние како новинари сме подготвени да се соочиме со нашата одговорност“, рече Селмани.

Заедничка констатација на сите говорници беше дека без независни прогресивни медиуми нема и прогрес во општеството. „Саморегулацијата ја покажува одговорноста на медиумите кон јавноста“, смета Ратко Лазарески, извршен директор на весникот „Нова Македонија“. Според него, саморегулацијата има најдобри резултати кога е доброволна и кога во неа учествуваат и сопствениците на медиумите. „Тоа е принцип на слободна одлука и не може да биде наметнато од никого“, рече Лазарески.

Петрит Сарачини од Македонскиот центар за медиуми се осврна на опаѓањето на квалитетот на новинарските производи и таблоидизацијата на медиумите. „Тоа е, можеби, последица на нездравиот однос на релација сопственици - бизнис, политика - новинари“, смета Сарачини. Според него, медиумите престанаа да се обраќаат до публиката, туку почнаа кон политичките партии, со што почнува да опаѓа кредибилитетот и на медиумите и на новинарите. „Сопствениците треба да знаат дека со враќање на новинарите кон јавноста ќе се подигнат медиумите“, вели Сарачини. Според него, само преку силен добар систем на саморегулација јавноста ќе добие кредибилни медиуми без оглед дали се левичарски или десничарски позиционирани.

На Македонија и' треба саморегулација за градење независни медиуми и демократија, смета Херман Баскер, советник во норвешката амбасада. Тој го презентираше норвешкото стогодишно искуство со саморегулацијата, велејќи дека и таму се' уште е потребна. „Норвешкото искуство покажува дека најдобар начин е кога новинарите сами ја преземаат одговорноста кон јавноста“, вели Баскер. Дека саморегулацијата не е нов поим во ЕУ, потсети претставникот од Делегацијата на ЕК, Константин Јовановски, кој во случајот на Македонија ја повтори лошата состојбата со слободата на медиумите забележано во извештаите на ЕК во последните пет години, што, според него, за жал, не предизвикало промени.

На присутните на конференцијата им беше понудено да потпишат декларација за поддршка за формирање саморегулаторно тело. Притоа Селмани информираше дека досега речиси сите сопственици на медиуми декларативно се изјасниле дека го поддржуваат концептот на саморегулацијата. Пред присутните отворена поддршка за саморегулацијата искажа претставникот на МПМ.


#
Статијата е прочитана 515 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Тајно ќе се гласа за доверба на Црвенковски
Милошоски сака да абдицира
Карпош подготвена да управува со градежната земја

"""