Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Втора страница

Поглед

Кој ќе ни одговори?

Тамара Грнчароска

„Би се воздржал од коментари!“ Вака вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, одговори кога му беше побаран конкретен пример за постигнат напредок во Македонија, откако 15 минути го фалеше напредок што Владата го постигнала во сите 33 поглавја за пристапување во ЕУ, од кои во две третини сме исти или подобри од лани. Неверојатно! Вицепремиерот, под чија контрола се реформите што ги правиме за членство, не сакаше или, пак, можеби не знаеше да даде конкретен пример во што сме напреднале.

„Сите коментари ги даде Европската комисија“, рече Наумовски. Добро. Но, ако е така, зошто Наумовски ни го коментираше истиот тој извештај од ЕК. Па, нели ЕК се' си кажала во него - и колку ни е зависно и нефункционално судството, колку ни е партизирана администрацијата, колку е видлив судирот на интереси кај функционерите, колку не функционира пазарот на трудот и слободното движење на стоки. Можеби се загрижи дека не сме го сфатиле толку „добро“ извештајот како што го сфати Владата? Или на Наумовски му е полесно да води демагошка расправа за тоа дали „чашата е полупразна или полуполна“, а потешко му оди кога треба да убеди да се испие горчливата и застоена течност од чашата, па останува без коментар. Уште поиронично е што никој не му побара коментар, туку конкретен пример, сличен на оној што го даде за нашето патување кон Брисел - Македонија во 2009 година стигнала до Будимпешта, а во 2010 до Виена. Можеше, на пример, да ни каже, од лани невработеноста е намалена за толку проценти или спасивме толку реки од загадување или ја запревме етничката сегрегација во училиштата. По се' изгледа, за такви работи во Македонија се останува без коментар.

Но, ако Наумовски остана без коментар, тоа не значи дека прашањето е одговорено. Напротив.




#
Статијата е прочитана 1845 пати.

Испрати коментар

Од: Kavadarcanec
Датум: 13.11.2010 16:11:48
jas mislam deka ne ni e potreben ni sektorot za evrointegracii ni vicepremierot so novinari koi uste pred da bide dostaven izvestajot oni go znaeja i komentiraa. Zosto ni e Naumovski si imame novinari, tie i onaka znaat se i samo niv narodot gi slusa.
Од: redovna citatelka
Датум: 13.11.2010 17:09:23
Нашите министри се натпреваруваат во ароганција, а Наумовски е шампион! Дали се наши?
Од: јас
Датум: 13.11.2010 19:38:24
Што сте чудни?!Па само фалбата му ја напишале во тоа што го читаше и ништо повеќе..Па ПР ( фарбачите во розово) знаат само да се фалат на цела уста , а ако треба нешто конкретно да се каже со бројки , е тогаш НЕ СЕ ОДОВДЕ !!!
Од: zoki
Датум: 13.11.2010 20:53:10
Naumovski, ako e mlad, ili ne go drzi pamet, Nie pred 5 godini bevme pred portite na Brisel, a ne Viena.
Од: Dr.SHADMAN MESTI
Датум: 14.11.2010 17:50:17
Tamarche,jas nemam komentar,samo ımam pozdrav do tebe kako hrabra novınarka ı pozdravuvam drugıte tvojı kolegı od ADANA. POZDRAV ADANA 14-11-2010

Најди! во Утрински
Втора страница
Ги затвора или ги отвора преговорите Иванов?
Вербатим
Европратеникот Чарлс Танок ни го сврте грбот
Хрватската имиграција застана зад Македонија
Бришењето на македонски јазик не е ништо ново






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry