Хрватската имиграција во Америка, која брои околу половина милион, испрати писмо до претседателот Барак Обама барајќи тој да и' даде поддршка на Македонија да стане членка на НАТО. По поврзувањето на Обединетата македонска дијаспора со организацијата на турските и на албанските иселеници во САД, ова е уште една влијателна лоби-група што се приклучи на обидите да се поттурне македонскиот прием во НАТО, откако Грција стави вето во Букурешт.
Во писмото до Обама се наведува дека Македонија беше и се' уште е силен сојузник на САД во војната против тероризмот, а нејзиниот прием ќе ја зацврсти стабилноста на регионот и ќе ги охрабри другите земји, како што е БиХ, да преземат неопходни реформи за да станат НАТО-членки.
Писмото е насочено кон претстојниот самит на НАТО во Лисабон каде што, според најавите досега, прашањето околу приемот на Македонија нема да се дискутира, а ќе се повтори заклучокот од Стразбур и од Букурешт. (Н.Р.)
So ovoj gest samo se potvrduvaat dobrite, odlicnite bilateralni odnosi pomegju dvete zemji, no se prasuvam, dali i nasata dijaspora bi lobirala za nivnata zaednica (sreka sto nemaat nekoj problem, pa da se pokazeme). Vo sekoj slucaj, ne moze da se kaze deka Taler (slovenec vi se molam) raboti za SDSM, ovde hrvatskata zaednica raboti za Makedonija.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 13.11.2010 13:48:49
Пријателството, кое датира со векови, Хрватите го докажаа уште еднаш. Пример и за другите славјански народи. Браво за вистинските пријатели на Македонија!
Од: ...
Датум: 13.11.2010 15:13:05
Za Kratovaliev: pamti - pa vrati
Од: Векови?!
Датум: 13.11.2010 17:20:08
Тоа пријателство било особено изразено за време на фашизмот,кога Ванчо Михајлов седел со години на гости кај Анте Павелиќ!
Од: БЛАГОДАРАМ
Датум: 13.11.2010 19:34:52
Благодарност до единствениот пријател на Македонија од Балканот Хрватска.
Од: Niko
Датум: 14.11.2010 07:10:47
Izgleda zaednicko vi e Srbo-mzrtvoto. Ivan Torov verovatno ke dobie orden na Ante Pavelic od prv red. Da bevte slucajno pod ustaska cizma ke videvte kolku sakaat pravoslavni, slepci nizaedni.