РИЈАНА

Во потрага по ново момче
Убавата пејачка Ријана повторно се нашла на удар на новинарите, но овој пат не поради физичка пресметка, туку поради новото момче кое деновиве го промовирала во јавноста.
Откако поранешното момче Крис Браун физички се пресмета со неа на улиците во Лос Анџелес, пејачката заминала на Барбадос за да заборави на немилиот настан. Во тој период новинарите шпекулирале со нивното смирување и потенцијалната венчавка, но од тоа, по се' изгледа, не се случило ништо.
Имено, таа била видена во друштво на актерот Вилмер Валдерам, кој на јавноста и' е познат по улогата на Фез во серијата „Луди седумдесетти“, а неодамна друштво и' правел и актерот Френки Делгада во казиното МГМ во Лас Вегас.
„Од она што го видов верувам дека на Ријана и' се допадна Френки. Таа не се одвојуваше од него во текот на целата вечер и постојано се смееше. Одамна не сум ја видел толку среќна“, изјавил извор близок на пејачката, кој исто така бил вечерта во казиното.
По се' изгледа дека болката наречена Крис Браун е само минато за Ријана, а како на сето тоа реагирал тој, засега, се' уште нема информации во јавноста. |