МАДОНА
Дивата пристигна во Малави
Поп- кралицата Мадона по долги нагодувања, конечно, пристигнала во Малави, со цел да го заврши процесот за посвојување на тригодишната Мерси Џејмс. На аеродромот „Лилонг интернационал“ таа пристигнала со својот приватен авион, а била пречекана со конвој од пет автомобили.
Се' уште останало отворено прашањето дали со неа допатувал и синот Дејвид, кој исто така бил посвоен пред неколку години во Малави, а на самиот почеток пејачката заедно со ќерката Лурдес го посетила училиштето „Рејсинг Малави“, каде што имала средба со директорот, професорите и децата.
На изненадување на сите, Мадона се појавила без шминка и воопшто не личела на ѕвездата која ги полни салите низ светот на своите концерти.
Мадона за неколку дена ќе треба да се појави и на судот во Малави со цел да ја усвои малата Мерси Џејмс, чија баба се надевала дека таа ќе добие пристоен дом и добри родители. |