Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И БРЕД ПИТ

Бракот сериозно загрозен

Откако пред неколку недели го видела својот сопруг Бред Пит како ја масира нивната негувателка за децата, Анџелина Џоли заминала во еден хотел во Њујорк, со што се потврдиле приказните дека бракот помеѓу оваа двојка бил доведен во прашање.

Почетокот на нивната брачна криза се случил откако Џоли не можела да се смири по сликата што ја видела во нејзиниот дом, додека негувателката уживала во масажата на Пит.

Не можејќи да ја контролира својата љубомора, Џоли му удрила шлаканица на Пит, по што дел од своите работи од заедничката соба ги преместила во друга соба, што ги потврдил и извор близок на актерката.

„Анџелина е сериозно лута на Бред поради ситуацијата со негувателката. Тие двајца од тој момент спијат во одвоени соби. Бред почна да спие со децата и моментално не е пожелен во друштво на Анџелина“, изјавил изворот.

Бред Пит се надевал дека Џоли ќе попушти, но нејзиниот гнев се зголемил, па одлучила да замине од домот во еден хотел во Њујорк, оставајќи го него со децата.

Сакајќи да ја смири ситуацијата, Пит веднаш се упатил кон Њујорк каде што Џоли снима филм и најмил куќа во близина на хотелот, надевајќи се дека Џоли наскоро ќе се врати на старите обврски.


Статијата е прочитана 1489 пати.

Испрати коментар

Од: izgrev
Датум: 31.03.2009 02:53:11
Se se vraka. Zar ne se zaprasa ednas kako se custvuva Dzenifer koga taa i go otrgna od racete. Sto otcekuvase od Bred Pit da bide svet4c so nea.
Од: Angelina
Датум: 31.03.2009 08:10:41
Samo sto tie ne se vo brak.
Од: eva
Датум: 31.03.2009 12:11:22
abe luge ne se zemeni ne se vo brak......svatete

Најди! во Утрински
Забава
Во потрага по ново момче
Дивата пристигна во Малави
Снимен евровизискиот спот