Регистрирале возила со фалс документи
Одделот за организиран криминал при МВР поднесе кривична пријава против Д.Д. (45), Б.В. (35) и Б.Д. (56) од Скопје, поради фалсификување на исправи за украдени возила. Според МВР, тројцата направиле фалсификувана документација за две украдени возила кои, наводно, биле сопственост на Министерството за одбрана, а потоа ја употребиле за нивна регистрација. За фалсификатот плаќале по 1.200 евра од возило. Од дополнителните проверки полицијата утврдила возилата никогаш не биле сопственост на МО, а дека возилото БМВ, уште во 2006 година, било пријавено како украдено. (Љ.С.) |