Број 2992  петок, 22 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Ученици си играат мајтап со професорите на Интернет-сајтови

Се' почесто на Интернет осамнуваат лажни профили на професори, со погрдна и навредлива содржина

Даниела Трпчевска

Професорите од скопското средно училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ неодамна беа непријатно затечени и шокирани кога нивни лажни профили, фотографии и детали од приватниот живот осамнаа на Интернет-страници за социјално дружење. Непристојната и вулгарна содржина, која без нивно знаење била јавно објавена на порталот „Нi5“, не само што ги вознемирила вработените во училиштето туку и сериозно го нарушила нивниот углед. Работата отишла дотаму што професорите, кои случајно дознале за злоупотребата, го пријавиле случајот до Дирекцијата за заштита на лични податоци. Неодамна случајот доби и разрешница. Профилите сосема се отстранети од страницата, како и непријатната содржина која била објавена. Дали зад оваа неумесна шега се кријат ученици или, пак, лица однадвор кои сакале да му наштетат на угледот на училиштето, се дилемите кои се' уште ги мачат надлежните од „Корчагин“.

Непријатното искуство, вели директорот на училиштето, Драган Арсовски, се случило пред неколку месеци кога слушнал дека на порталот „Нi5“ има негов лажен профил, како и на неколкумина негови колеги-професори. Шокот бил уште поголем кога го погледнале профилот. На него биле објавени невкусни и безобразни содржини.

„Некој користел наши фотографии од таблоа, објавувал текстови со вулгарна содржина, во кои, наводно, јас самиот себеси се опишувам со понижувачки зборови. Сосема случајно дознавме од пријатели кои ги виделе профилите на Интернет. Во три наврати испраќавме реакции до порталот, но не добивме одговор од нив. Потоа се обративме со официјално писмо до Дирекцијата за заштита на лични податоци, па по нивна ургенција, за три дена беа тргнати профилите од Интернет“, раскажува Арсовски за непријатното искуство.

Од Дирекцијата за заштита на лични податоци потврдуваат дека недолични профили на професори од скопските училишта, нивни фотографии и текстови со вулгарна содржина за нивниот приватен живот се' почесто осамнуваат на Интернет, особено на страниците за социјална дружба меѓу тинејџерите.

„Дирекцијата доби известување од едно скопско средно училиште дека е извршена злоупотреба на лични податоци на професорите на еден од порталите за социјална интеракција со што е повредена нивната личност, но и угледот на училиштето. Секој од профилите содржеше лични податоци, име и презиме, податоци за пол и возраст, но и други навредливи и погрдни содржини“, објаснуваат од Дирекцијата.

„Креативните творци“ отишле дотаму што објавиле и лични претставувања, сведоштва и фотографии од лицата на чие име го креирале профилот, а во кои биле објавени лажни детали за приватниот живот на членовите на семејствата на лицата, како и лажни информации од нивниот професионален живот.

„Во делот на порталот предвиден за комуникација на регистрираните корисници беше објавена лажна комуникација меѓу професорите која се однесуваше на одложување на тестови, испрашувања, комуникација со учениците, но во голем дел содржините беа крајно вулгарни“, велат од Дирекцијата. Иако станува збор за портал регистриран во САД, за кој Дирекцијата нема надлежност да поведе постапка, сепак, било реагирано од нивна страна и профилите веднаш биле избришани.

„Ваквиот вид нарушување на приватноста на професорите е масовна појава во основните и во средните училишта во земјава и затоа апелираме до сите кои ќе забележат неправилно објавување на личните податоци на некој од порталите за социјална интеракција веднаш да ја известат Дирекцијата за заштита на личните податоци за тие неправилности да бидат побрзо отстранети“, апелираат надлежните од Дирекцијата.

Училиштата, пак, поучени од лошото искуство, сега преземаат се' поголеми мерки за да се заштитат. Па, така, вели директорот на „Корчагин“, сега поставиле заштита на серверите и забрана за влез на социјалните сајтови. Учениците на тој начин за време на часовите можат да влегуваат само на страници кои навистина им користат во учењето.

„Бидејќи сме свесни дека ова може да се повтори, започнавме активни обуки на учениците и советувања за да сфатат какви компликации и проблеми можат да настанат доколку јавно објавуваат свои лични податоци, телефонски броеви и адреси каде што живеат“, вели Арсовски, кој остава простор за сомневање дека профилите можеби биле креирани и од некој повозрасен, а децата само „се налепиле“ на содржината што веќе била јавно објавена.


#
Статијата е прочитана 2036 пати.

Испрати коментар

Од: prof.po preducilsno vospituvanje
Датум: 22.05.2009 09:32:09
Koj kako zasluzil taka neka dobie!
Од: vesna
Датум: 22.05.2009 13:34:16
ha da . decata se popamentni od prefesorite i vreme e profesoriet da sfatat deka treba da go zabotat pocitot od ucenicite a ne d ase izisvuavaat and niv losite ocneki znacat ne gi naucile , motivirale ili procenile kako da go ucat.. ucev vo korcagin i mislam deka nekoi profesori uste ne znaat sto e internet a sute pomalku kako da predvaat vo novi moderni vreminja.
Од: nedovolen=odlicen
Датум: 22.05.2009 16:49:03
neka im uspee uste edna *selanska buna*,i...
Од: Стојко
Датум: 22.05.2009 17:14:08
Ќе беше подобро учениците времето и знаење а го употеебат поумно.

Најди! во Утрински
Хроника
Турист тешко повреден по пад од карпа кај Матка
Регистрирале возила со фалс документи
Скопјанец ограбувал камиони и автомобили
Скопјанец почина при тепачка со внукот
Никако да започне судењето за убиството во Ореше