Број 2992  петок, 22 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Скопјанец почина при тепачка со внукот

Жител на скопската населба Шуто Оризари починал при расправија и тепачка со внукот поради нерасчистени имотноправни односи. Како што соопштува скопската полиција, педесет и четиригодишниот Азир А. во еден момент се струполил на земјата, по што бил пренесен во болница каде што само е констатирана смрт.

На трагедијата му претходела расправија која се одвивала во скопската населба Шуто Оризари. Причина за расправијата, најверојатно, биле нерасчистени имотноправни односи. Караницата започнала завчера во вечерните часови околу 23,30 часот на улицата „Шуто Оризари“. Најпрвин се скарале Азир и неговиот внук од брат М.А.(29). Во тепачката се приклучил и братот на Азир, С.А.(46).

„Во еден момент на Азир му се слошило и паднал на земја, по што од екипа на Итна медицинска помош е пренесен во Воената болница во Скопје каде што е констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

На местото на настанот се пронајдени нож, лопата и секира. (Д.Т.)




Статијата е прочитана 1298 пати.

Испрати коментар

Од: vekssi
Датум: 22.05.2009 09:46:51
sto da napisam se ke bide odlisno ... kaj nas u makedonija samo takvi raboti se slusaat i se slucuvaat. od glupavi karanici do odzemanje na zivoti ...

Најди! во Утрински
Хроника
Ученици си играат мајтап со професорите на Интернет-сајтови
Турист тешко повреден по пад од карпа кај Матка
Регистрирале возила со фалс документи
Скопјанец ограбувал камиони и автомобили
Никако да започне судењето за убиството во Ореше