18.08.2013, 17:17 Мислења
Груевски вресна: врати се, Бранко
Кире Наумов
Ако некој порано имаше каква било дилема, денес е сосема јасно дека без Црвенковски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја губат суштината за нивното постоење на политичката сцена во Македонија
Не цели три месеци по Конгресот на СДСМ, расчистена е една голема недоумица. Многумина се излажале ако мислеле дека најразочарани од заминувањето на Црвенковски од лидерската позиција се приврзаниците на конгресниот Иницијативен одбор за негово останување, блиските негови луѓе од претходното раководство на СДСМ или, пак, можеби „Бранковите олигарси“. Оној кој целосно го изгубил раатот по 2 јуни и заминувањето на Црвенковски од политичката сцена е баш Никола Груевски. Неговото разочарување од таквиот исход на последниот Конгрес е забележливо од првиот ден, но деновиве тоа ја доживува својата кулминација. Тој е единствениот кој отворено излегува на јавен настап со транспарент: врати се Бранко. И ако некој порано имаше каква било дилема, денес е сосема јасно дека без Црвенковски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја губат суштината за нивното постоење на политичката сцена во Македонија. Притоа, станува сосема неважно дали Груевски навистина мисли дека сега ќе си има работа со своите стари муштерии, како што ги нарече Заев и Шеќеринска. Проблемот е што повеќе ниту тој ниту неговата инсталирана медиумска армада го немаат параванот наречен Црвенковски зад кој можеа да се кријат додека го одеа походот за разнебитување и уназадување на оваа држава.
А мораме да се согласиме дека не е лесно под притисок на свежиот воздух во Маврово - Ростуше да смислиш како ќе ја дефокусираш јавноста која се фатила таму за некојаси Фиренца. Безобразни се и Жерновски и тој советник кој решил да поставува такви глупави прашања околу патувањата врзани за „Скопје 2014“. Во принцип, не е глупаво прашањето, туку одговорот кој во себе содржи цифра од над милион евра. Има и други кои поставуваат такви прашања, на пример, околу трошоците за планетарните патувања наречени „роуд-шоуа“. Чинам последен кој му текна да прашува такви глупости беше лидерот на ЛП, Ивон Величковски, кој безобразно се дрзна на последната седница за пратенички прашања лично да го запраша премиерот колку буџетски средства се потрошени за овие патувања. Е ама тука одговараше самиот Груевски, кој изнакажа се' и сешто како по обичај, ама бројка никако. Но, еден ден на тоа прашање ќе одговара некој друг, и исто како во Центар, ќе ја слушнеме точната бројка. Дотогаш и Величковски и целата јавност можат само да прогнозираат. По „јавувањето за Фиренца“, станува многу полесно. Јас би одел кај роуд-шоуата со мултипликатор (коефициент) 50 во однос на Фиренца.
Но, сите велат дека е ова само почеток. Дека како печурки по дожд секојдневно ќе почнат да се појавуваат податоци за по неколку милиончиња народни пари расфрлани за аскетскиот живот на скромните вмровски фунционери и надворешните бранители на каузата кои, нели, ни кафе не пијат на туѓа сметка. И знаејќи го ова, очигледно Груевски за кратко го одложува јавувањето кај Црвенковски со цел да му го побара говорот по повод аферата „ТАТ“, кој сега треба да е со работен наслов „ниту ВМРО ниту свети ВМРО“, и решава да му даде продолжено доживување на својот акт од Мечкин Камен. Ако за таму мислевме дека делот од говорот во кој се упати порака дека доаѓа времето еднаш засекогаш да се расчисти со предавниците и антидржавните елементи е само недостаток на инспирација како реалноста да се фарба во розово, Маврово - Ростуше покажаа дека планот е одамна направен. Ако на тоа ги додадеме и хистеричните крикови на медиумско-интелектуалната армада, која ја креваше тензијата од Илинден, па до денес, мораме да заклучиме дека влегуваме во најинтересната фаза на политичка разврска во последните осум години.
Како што напоменав и погоре, политичкото опстојување на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е една голема шуплина без постоењето на Црвенковски како политички антипод. Од таа причина џуџестите гебелсчиња цела недела преку своите медиуми не' потсетуваа на го��орот на Црвенковски во кој тој вели дека и до мај и по мај, та бил та не бил претседател на СДСМ, ќе си имале работа со него. Тие само го подготвуваа теренот за Груевски во саботата да вресне: врати се Бранко, а ако не сакаш, јас ќе те вратам. Груевски игра по нервите на Црвенковски. Се обидува по којзнае кој пат да го погоди директно во неговото его и да го натера да излезе и јавно да каже дека - да, тој се' уште редовно менува хемија со СДСМ и го одржува своето ДНК внатре. Но, настаните како оној околу „Бристол“, а посебно бројката околу Фиренца, колапсот на буџетот и „зарибаната“ економија, го прават крајно нервозен и нетрпелив. Тој јавно порачува, или ти Бранко ќе излезеш и сам ќе кажеш дека ја кочиш Комисијата околу 24 декември (со што Груевски ќе се релаксира и ќе има политички материјал за мелење до крајот на годината) или, пак, ќе размислел за нови чекори и нови стратегии кои ќе бидат сосема различни од она што е сега.
Е сега е она најважното, а тоа е прашањето што можат да бидат евентуалните нови чекори и нови стратегии. Тука некаде треба да се бара начинот околу тоа како Бранко може да биде вратен иако тој не сака. А сосила на човек можеш само да му земеш, а не и да му дадеш. И бидејќи кај нас најпрво за се дознава чаршијата, а оваа власт и нејзе ја користи за спинување, се' почесто се шпекулира дека пробивањето на полицискиот кордон на 24 декември може правно да биде третирано на многу начини. А кој го предводеше пробојот? Има ли основа предводникот оттогаш да биде и предводник на оние што „ќе одговараат пред легалните судови за креирање услови на граѓанска војна, за преврати и слични насилнички дејства“, како што ни најавија бранителите на каузата. Е ако случајно тоа се новите чекори и стратегии, тогаш Црвенковски сигурно ќе биде вратен во политичкиот живот во Македонија, ама воедно тоа ќе биде и најхазардерското играње со оган на оваа власт.
Како и да е. Црвенковски е сосема неважен за актуелниов момент и е алатка за дефокусирање. Нервозата кај властодршците постои само затоа што СДСМ и опозицијата цврсто се решени дека извештајот за 24 декември може да содржи во себе се' и сешто, но со него мора да се оспори легалноста на седницата која беше одржана под присмотра на полициските сили и без јавност. Тоа ќе ги проблематизира носењето на буџетот и законот за гаранции, односно задолжување. А тоа многу ќе боли.
П.С. Неизбежно морам да повторам за некои читатели и колумнисти-коментатори на моите колумни, нешто што е општо познато. Хомосексуалец е сексуална определба, а педер е карактерна особина. И едните и другите постоеле од памтивек. Човештвото, воопшто, а и Македонија, немале никаков проблем од првите. Сите проблеми и дереџето на кое сме дојдени е поради оние вторите. Таквите најчесто ја користат доктрината која во безбедносно-разузнавачките речници се вика лажни фортификации. Се надевам дека нема да имам потреба наредната колумна да ја објаснувам оваа доктрина, која е широко прифатена од нашите педери.
(Aвторот е член на СДСМ)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
Статијата е прочитана 5445 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
zagrizen, 18.08.2013 22:54:00 | Se na pamet mi ide deka I revizorskiot izvestaj za Centar mozat da go stavat za uste eden uslov za EU. Ne znam ali toa me plase. |
| Vistinata da ti bila kako silo, 19.08.2013 09:31:36 | Pa samiot Gruevski miluvase cesto da kaze: Vistinata e kako silo, vrti vrti i ce izlezi na videlina. Eve sega popoleka izleguvaat gomnenicite od gerizite na vlasta. Te Firenca, te Skopje 2014, te cost -benefitot na round Show-ata koj premierot tolku gi miluva, te sostojbata na ekonomijata , te onie nocni menuvanja na GUP-ot za potreba na odredeni licnosti bliski do vlasta i sl. Nisto ne moze da ostane vecno skreno. |
| pero, 19.08.2013 09:53:37 | Да, нервозата кај Грујо е видливи, ама сепак цената ќе си ја плати народот.......... и тоа висока............ |
| Mark, 19.08.2013 10:01:58 | Da, da, ke se pojavat mnoogo dokumenti od koi ke se vidi kako Gruevski i negovite *patriotski* ja ograbuvale Makedonija - negovata bratucetka Valentina *Buonaroti* e samo edna od alatkite! A da ne zboruvame za *nadvoresnite braniteli* - ke ima materijalcinja i za Meto Kolovski, i za Dzejson Miko, i za debeliot Germanec - site imaat krkano NASI pari....Eh, da e vistinski najubaviot son za site gragjani na Makedonija - deka Amerikancite sepak ne ne frlile na kucinjata tuku se smiluvale i nie da se vlucime vo normalniot svet......????? |
| Itar Pejo, 19.08.2013 10:06:45 | Mene se mi se cini deka novata strategija na Nikola ce bide strategijata na Erdogan. |
| Вики, 19.08.2013 10:21:06 | Навистина се гледа и чувствува паника во очите и гласот на Грујевски, а се забележа дека заборавил да се офарба и ги покрие белите влакна во косата, што не би требало да ги покрива, бидејќи белите влакна се симбол на мудрост и зрелост , а народот ќе има разбирење колку работи и колку се троши Грујевкси ,, па пак ќе го изгласа затоа што таков властодршец немало и нема да има,,.Со толкувањето на терминит педер се сложувам и тако го прифаќам. |
| девичанецот, 19.08.2013 10:24:17 | Повторно бившиот прв разузнавач, кому од разузнавањето ни Р не му е познато, си развива некои свои теории кои милиграм вода не држат и кажува некои дефиниции кои не се тоа. |
| PAVLE ALIMASKA, 19.08.2013 11:17:56 | Браво КИРЕ,се е кажано,се е на место,се радувам што во оваа држава има храбри,реални,објективни и луѓе со пркос и п��нос каков што пркос покажуваш Ти.Дали КИРЕ ќе има спас од овие и кога ??/ |
| Лазо Стефанов, 19.08.2013 11:34:07 | Навистина разврската започнува или поинаку кажано почеток на крајот. |
| vlatko, 19.08.2013 12:11:00 | Ubavo napishano gos-n Kire. Prodolzzi i ponatamu so vakvi tekstovi |
| bitola, 19.08.2013 12:31:51 | ova dojde kako vojna na mafite[i taka e]koj kade pogolem kriminal napravil ama ginat nekoj sitni dileri,za zal i ova izlaganje nekoj ke izlazi deka tie sds ke go rascistat kriminalot,taka bese koga bea opozicija koga se prosade okta,trubea za kriminal i odgovornost a ko dojdoja na vlast,kako i ovie sega;javniot obv..nenajde dovolno dokazi,i o ne spomna od okta,vistina e samo edna deka oktopodot sega ni stana dvoglav [b.c-grujo]i so bezbroj pipki,se kradi ko od okupirana zemja,a vo toa nema boja koj mose so sekogo se povrzuva.A za odgovornost ke pocekame,dobra nok makedonski narode,prodolzi da spijas.Samo ke ve potsetam na dokazanata afera Telekom kade ucestvuvaat i dvete partii, |
| ZEMJATA, 19.08.2013 13:04:04 | Samo covek so ograniceni intelektualni moznosti na sekoe prasajne odgovara kako papagal koj naizus naucil dve recenici.Eve ovde ke zamolam nekoj poucen i ponacitan od mene da mi kaze dali vo nekoja drzava liderot na opozicijata(koj momentalno i ne e toa B C) e prozivan od Premierot kako dezuren vinovnik sekoj Bozji den (7 godini pomnozeno so 365 dena =25.500 pati) a ponekogas i dvapati.Sto mislite dali covekov poznava nekoj drug osven B.C. |
| Бранко, 19.08.2013 13:41:08 | Ајде на избори! |
| Коста Стоименовски, 19.08.2013 15:46:12 | Анализата на колумнистот е мошне добра и издржана. Како искусен политичар Б. Црвенковски по повлекуавњето мудро молчи, а тоа создава нервоза кај власта. Верувам дека, во интерес на државата и нацијата, нема како порано да врши опструкции на челните луѓе од неговата партија и дека тоа нема да го прават ни неговите најблиски луѓе од партијата, кои сега се однесуваат резервирано спрема новото раководство! Опозицијата треба да најави дека ќе го разоткрие расипничкото трошење на народните пари од актуелната власт и дека не само што ќе стават крај на расипништвото, туку ќе воспостават ефтина држава, со цел заголемување на инвестициите за капитални проекти и социјалните давачки. Со агресивна пропагандна кампања, власта самобендисано се фалеше со направените „дела“, но упорно ги криеше своите валкани работи (перење на пари, нелегално изнесување на огромни пари во странство исл.) за кои граѓаните ќе можат да дојдат до сознание само по смената на власта, кога целата држава ќе стане „Центар“! |
| Barbara, 19.08.2013 17:57:04 | Bi sakal Naumov da e vo pravo, no se mi se cini deka i ovoj napis mu e spisok na zelbi, bez podloga vo realnosta. Denesnata sredba Zaev - Grujo mi dava za pravo da se posomnevam vo zelbite na Naumov. Mislam deka pogresno ja cita nervozata na Grujo - ne e toa nervoza deka ja gubi vlasta, tuku nervoza predizvikana od zelba da pocne da mava. A koj ke mu se sprotistavi? Zaev i Sekerinska? Zernovski? Pa zarem sme tolku slepi da ne vidime kolku se i tie samite uplaseni? Dajte malku poseriozno, ve molam. So vakva opozicija, Grujo moze raat da si spie. A nie mozeme samo da se tesime deka gotov e. |
| Мето, 19.08.2013 18:51:09 | Чита ли авторов вести или си живее во некој свој свет? Денес опозиционерот Заев по икс пат си седна во скутот на Груевски и потпишаа ЗАЕДНИЧКА изјава, а Кире Наумов ни пишува за Бранко?! Па зарем сле одлепиле до толку да не видиме дека од опозицијата не остана ништо и дека новиве опозиционери капитулираа уште пред да почне борбата! Доста веќе ги гледаме работите како ни се присакува, видете до каде не доведе овој некритички оптимизам дека Грујо е пред капитулација. Навистина не разбирам дали јас сум слеп и споулавен или пак во опозицијата е веќе епидемија на кокошко слепило. |
| do Lazo i Kosta, 19.08.2013 21:19:11 | Kolku pati izminative 7 g.opozicionerite velea deka vlasta e gotova?A vlasta se posilna.Tolku mnogu sakash opozicijata da se vrati na vlast,pa zatoa neraealnoto go gledash ili sakash da go gledash so tvoi ochi deka e realno.A opozicijata vakva kakva sto e,ne doagja na vlast.Ne mozat da se otkacat od nivniot gubitnicki mentalitet,a ne znam dali vo opozicijata se obiduvaat da go otkacat ili im godi.Izgleda im godi i zatoa se cudat koga gubat izbori.I vo idnina ke se cudat koga ke gi gubat izborite. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Делумно облачно
|
Среда
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
|
Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
|
Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 16°C
|
Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест |
|