Дали сите политичари се борат за истите цели, дали сите политичари се борат за демократијата, се борат за Македонија и се борат за слободата
Кога се зборува за градењето на државното и националното единство во Република Македонија имам чувство како да се зборува за процес на либерализација на расните правила во осумдесеттите години во Јужна Африка. Имам чувство дека нашите аналитичари зборуваат и пишуваат на оваа тема не со цел да ја дефинираат, туку со цел да ја комплицираат дополнително. Како да не сме свесни дека кога зборуваме за општество во кое секојдневно живееме, за луѓе за чии потреби и интереси секојдневно слушаме, за контекст од кој не можеме да излеземе, зборуваме, всушност, за нашето општество, за нашите луѓе, за нашиот контекст. Не би било тешко ако се посветиме доволно на намерата да го изградиме единството. Многу поминале низ тој процес. Не сме први, а нема да бидеме ниту последни. Но, мораме да ги препознаеме вистинските потреби и интереси на граѓаните во таа смисла. Постојат неколку компоненти кои се обединувачки за луѓето. Тие компоненти мораме да ги вреднуваме.
Граѓаните на Македонија градат демократија. Со мани и проблеми, како и секаде во светот. Ја градиме само 18-19 години. Тоа не е многу. Тоа е малку во споредба со земјите од западното општество. Но, значајно е што најголем дел од нас, граѓаните на Република Македонија, македонската демократија ја чувствуваме и ја разбираме како најзначаен дел од македонското општество. Ниту еден постулат и вредност не може да ја замени или да ја засени како единствен систем кој, барем одблизу, ја препознава суштината на човечката желба за слобода.
Граѓаните на Македонија градат држава. Не само сега, во овој момент. Во континуитет, долго време. И кога ја немаа, ја градеа. Борбата за Македонија од минатото е борба за Македонија од сегашноста, борбата за Македонија од сегашноста е борба за Македонија од иднината. Целиот умствен и интелектуален труд голем дел од граѓаните го вложиле и го вложуваат во остварувањето на својата визија за Македонија. Некои во минатото ги вложуваа и своите животи. Тоа треба да се памети и почитува. Не смее да се заборави. Со огромен број проблеми и недоречености, со огромен број неуспеси и разочарувања, со огромен број жртви, сепак, останува идејата и желбата за Македонија.
Граѓаните на Македонија градат слобода. Ја немаа од секогаш. Се бореа за неа. Се борат и денес за неа. Националната, во некоја смисла, ја добија пред шеесетина години. Граѓанската пред дваесетина, а политичката слобода многу подоцна. Тоа, за жал, е факт. На многумина нема да им се допадне, но сите се сеќаваме на времињата кога не смееше да се каже политичко мислење различно од државната политика или, пак, да се биде член на една партија значеше да се изгуби работното место во државната администрација и во јавните претпријатија.
Овие три постулати се суштински за секој граѓанин на Македонија. Од нив не може да се побегне. Демократијата, Македонија и слободата. Но, овие постулати мораат да бидат суштински и за секој политичар во Македонија. Ако се бориме за Македонија, ако се бориме за демократијата и ако се бориме за слободата, ние сме ги постигнале сите неопходни предуслови за широк национален и државен консензус по однос не на неколку, туку по однос на сите клучни прашања за развојот на Република Македонија.
Овој консензус звучи идеално, но во реалноста не е така. Не е така како што посакуваме. Тоа е лошо. Лошо е за граѓаните и за земјата. Но, не е лошо за дел од политичарите. Тие, неколку, за жал, влијателни, живеат од отсуството на консензусот (повторувам: не само за дел, туку за сите суштински прашања за развојот на Македонија).
Прашањето кое ни се провлекува дваесетина години е како да го градиме единството и како да постигнеме ШИРОК степен на консензус по однос на сите прашања. Многу луѓе, во секој случај, со позитивната желба да дадат одговор на ова прашање, пред се', се навраќаат на едноставни одговори, без да се потрудат да погледнат во суштината. Така е полесно, но не и правилно. Па се редат причини, како: желба за власт, суета, ароганција, бизнис-интереси, интереси на некои лоби групи итн. А, всушност, тоа се само последици.
Никој, за жал, досега не поставил прашање дали и сите политичари се борат за истите цели. Дали и сите политичари се борат за демократијата, се борат за Македонија и се борат за слободата. И тоа, не само низ своите зборови, туку низ своите дела. Така се гради кредибилитет. Ако ги анализираме само врз основа на зборовите, тогаш нема да има ниту потреба од ваква дебата. Тогаш сите се идеални, сите се желни и подготвени. Но, за жал, не е така, како што некој од нив говорат.
Дали политичарите кои, за време на претходниот систем, забрануваа политичко дејствување на лица со патриотски побуди, можат да кажат дека се борци за демократија?
Дали политичарите кои постојано говорат и не' уверуваат за тоа дека Македонија не може да успее како држава и внесуваат огромни дози песимизам на секои три месеци, можат себеси да се сметаат за борци за Македонија? Дали политичари кои немаат доверба во Македонија, можат и да се борат за неа?
Дали политичарите кои не дозволуваа плурализам во далечната 1994 година, дали политичарите кои го реформираа судството и го направија НЕ-независно во далечната 1996 година, дали политичарите кои бркаа од работа луѓе само поради нивната политичка определба, можат себеси да се стават во групата на луѓе кои се борат за слободата?
Не. Тие не можат да градат единство. Тие се премногу оптоварени со своето минато. Ним совеста не им дозволува да погледнат в очи. На Македонија и' недостасува единство и консензус. Но, на Македонија и' недостасуваат и политичари, кои не се оптоварени со својата улога во комунизмот и во транзицијата. За жал, се' уште не заминуваат. Но, ќе заминат...
крајно време е да се предлози несто конкретно а не само науцни мисленја, анализи и совети сега е вистинското време да се показеме сите колку сме сите заедно
Од: kaktus
Датум: 06.07.2009 00:35:35
Се` дури политиката е најпрофитабилната работа, од која се профитира, а не се одговара, се додека политиката е комотен животен простор за псевдоинтелектуалците, ние нема да имаме ниту демократска,ниту слободна, а по се изгледа ниту независна држава.
Од: Janko Tomov, Avstralija
Датум: 06.07.2009 01:10:38
'No , ke zaminat...' Makedonski brate Ilija.Verujaj, a i jas i site pocnavme, vo posledno vreme, da veruvame deka razumot ke preovladuva ,megu site nas makedoncite. Nie bilo kade da sme, vo etnicka Makedonija ili vo diaspotata ili vo republikata se nadevame za podobra deneshnica i idnina. Utrinski Vesnik pocnuva toa da go potvrduva, sto dosega ne beshe slucaj, narocno so tvojava statija, so koja ukazuvash na potrebata za megusebno razbiranje. Citajki gi tvoite misli, vo ovoj vesnik, mislam se razbuduvaat 'zaspanite' cuvstva na site nas, za potreba od edinstvo i dostoinstveno da ja dograduvame segashnosta i posvetlata idnina na nashite generacii koi nastapuvaat.Utrinski dobra aktuelna statija, cestito.
Од: Red Rose: Manipulantska demagogija
Датум: 06.07.2009 01:15:11
Ista kako i toj shto ni prodava" m..a za bubrezi" i misli deka so prenasochuvanje na tezite od deneshnive nedemokrati kje gi nasochi kon dezhurnite vinovnici od opozicijata.Potrebno im e da si najdat alibi za bandistko-predavnichkata politika shto ja vodat ,a koja gi napravi gragjanite zalozhnici na edna manipulantska i demagoshka garnitura na vlast.olicetvorena vo Pastirot i slepite negovi slebenici(poslushnici).Prashanajta na avtorot na krajot od kolumnata (dali?..dali?..) p[agjaat vo voda ,zashto nivniot Minister za pravda e sino0nim za rushenje i blokiranje na procesite za nezavisno sudstvo.A i od toa komunistichko vreme e,pa si nashol uhlebie kaj deneshnive idolatri na toj sistem,prefarbani vo demokrati- patrioti.Pagja vo voda i tezata za opstanokot na Mkd kako drzhava,zahto posle Ljubcho nikogash ne bilo pozagrozeno nejzinoto postoenje.Svesno i namerno ,porachano i vo izvrsuvanje od DPBNE.No,nadezh e deka nema da im uspee i kje zaminat.I Pastirot i potomokot na Protogerov .
Од: PROTIV DIKTATURA
Датум: 06.07.2009 06:06:29
Ti avtorche si shtrav na DIKTATURATA.. Da ne chuva Gosod od DIKTATURATA
Од: kole
Датум: 06.07.2009 08:24:29
Иљо!!! Ти ли ќе ми зборуваш за Демократија?????????? Погледни се од каде доаѓаш џанум????????
Од: Donald Duck
Датум: 06.07.2009 08:51:38
VRV NA LICEMERIETO!!! Kogo avtorot pravi budala? Nas ili samiot sebe si? Sto saka avtorot da ne ubedi, deka portokalcinjava se taa sveta partija koja kje ne obedini?
Nikogas vo izminative 20 godini sostojbata vo RM ne bila polosa vo pogled na korumpiano sudstvo, partizirana administracija, a osobeno policija, zagrozena sekularnost na drzavata, pritisok vrz ustavnite sudii, vospostavuvanje na drzaven reket i korupcija.....vo toa li treba da se obedinime? Da im staneme vazali ili robovi na novokomponiranata vladeacka elita? VMRO ja zapocna spiralata na partizacija na drzavnata administracija vo 1998, i prodolzi so istata politika vo 2006 godina. Neka procita Ilija sto pisuva vo izvestaite na EK za MKD. Sostojbata so sudstvoto, administracijata, korupcijata, pritisokot vrz mediumite permanentvo se vlosuva od 2006 godina navamu.....Ja unistuvate drzavata....
Од: od-monaco za KOLE
Датум: 06.07.2009 09:52:09
Mislev deka lugje so vakvi misli i izrazi ne postojat veke vo denesno vreme vo R.Makedonija.No i toa se sluchuva.Dobar si stom znaesh da pishuvash...
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 06.07.2009 10:05:51
Граѓанска слобода?! Не смееле да изразат политичко мислење различно од државната политика?! Да се биде член на партија, значело да се изгуби работата?! Се мислам - Дали зборувате од некое идно време за сегашноста... или? Тепањето Студенти, кои си го Кажаа своето Мислење е сосема демократска појава (според вас и вашите идеолози)?! Без BMRO книшка (или било која друга, на власта) не можеш да се вработиш! Вашата „визија“ за Македонија е одамна Искривено Огледало, иста како и на другите ваши колеги, на кои секогаш им недостасуваат Привилегии! Слободата е Стекната уште од `45-та, Македонија уште од `43-та... Но вие и пратениците (вашите колеги), работите успешно на губење на сите овие, Со Крв и Пот, Стекнати Добра! Од вашето писмо извира само една мисла: Консензус е само ако го прифатите моето мислење. Пратенику, симнете се од облаците! Мислење е она кое е во основата поткрепено од Знаење! Вашето Бладање е далеку од она што се означува како мислење!
Од: Od Orce Sazdov dilomiran profesor po geografija na Prirodno - Matematickiot Fakultet vo Skopje,RM.
Датум: 06.07.2009 10:20:21
Srdecen graganski pozdrav do pratenikot vo Parlamentot na RM,dobriste i vo kolumnta-mislenjata,a isto taka i na govornicata vo Parlamentot na RM.POZZ ORCE AUSTRALIJA.
Од: "Cisti" Prerodbenici
Датум: 06.07.2009 10:26:07
Da tocno taka Ilija!. Nam ni nedodstasuvaat politicari koi ne se optovareni so svojata uloga vo komunnizmot i tranzicijata , politicar koi ne se optereteni so svoeto komunisticko i tranziciskko minato. Za sreca imame nekolku: Mihajlo Manevski, Zingo, Blagorodna Dulic, Tito Petkovski, Petar Gosev., Stojan Andov i dr.Tie se "iskonsko cisti" od seto toa i od niv se ocekuvaat novi idei i prerodba na Mk politicka scena. Alal ti vera na konstatacijata!.
Од: Трпе
Датум: 06.07.2009 10:55:04
Нормално,дека сите политичари не размислуват исто и не се борат за исти цели.Некој е за народот и за опстанок на државата а други за растурање.Некои сакат да градат (се разбира единство) а други крадат.Некои ја применуват девизата,подели ,испокарај и владеј.Последните 3 години имаме толку висока демократија што се прето��и во диктатура.На некои недоучени политичари и полни со омраза целта им е да го уништат и ова што е со крв створено.Сегашнава влада со мнозинството,едно говори а друго работи.Еве и И.Димовски,едно мисли а трето работиУчи човече,учи,учењето е сила и моќ,но не со негативна енергија добиена уште со своето раѓање.
Од: koki
Датум: 06.07.2009 11:49:08
Koga dojde Dimovski da pisuva kolunmi ,znaci doslo dnoto vo Makedonija. Se prasuvam do koga ke molcat vistinskite intelektualci, luge so neoformeno kompletno obrazovanie ke ni solat pamet kako oni ja svakale demokratijata na niven "demokratski" nacin. Nivnata formula za demokratije e : Misli i zbori kako mene i ke ti bide kako da zivees vo bubreg vo loj!!! Vo pogresen vesnik si resil da pisuvas kolumni, ovoj vesnik go citaat luge so povisok intelekt i luge koi se nauceni slobodno da si gi iskazuvaat svoite stavovi. TESKA DEMAGOGIJA kompletno vo celata kolumna.
Од: sova
Датум: 06.07.2009 11:51:45
Вие навистина живеете во вашиот филм наречен сто чекори плус надграден,сето тоа што го пишувате како недостаток на претходните условно кажано режими се случува и денес, и сега лугето ако не се од вашата свита ги губат работните места , тука немислам на реизборните места туку на обични службеници, па дури и чистачки.Но животот продолжува а вие морате да ја браните својата тајфа затоа што ке го изгубите вашето место ако размислувате поинаку.
Од: Роби
Датум: 06.07.2009 12:12:16
Насловот на текстот мора да се промени. Наместо зборот ‘демократија‘ да се стави ДЕМАГОГИЈА
Од: KPMarija
Датум: 06.07.2009 13:58:51
Apsolutno se soglasuvam so Avtorot , dali vo Makedonija site politicari se borat za isti celi!? No se nadevam deka oni politicki akteri koi seushte se optovareni so svojata uloga vo Komunizmot i tranzicijata deka narodot ke gi isprati tokum tamu kaj im e mestoto, vo minatoto, i ke ostanat oni koi se borat za dobroto na ovaa zemja ...
Од: ване
Датум: 06.07.2009 16:00:32
Иљко, иљко, греву....велиш:
... да се биде член на една партија значеше да се изгуби работното место во државната администрација и во јавните претпријатија.“
КОј ти го пиша ова а ти не го прочита пред да го пратиш другарче? Што ми звучи оваа реченица познато, ко пред 2 саати да ја преживеав. можеби зашто ја живеам?