Син под дејство на алкохол се обидел да го обеси татка си во семејната куќа во струмичкото село Мокриево. Според МВР, четириесет и петгодишниот Д.Г. во петокот изутрина, околу 2 часот, влегол во собата на својот татко А.Г.(89) и додека тој спиел почнал да го тепа. Таткото го пријавил случајот во полициска станица, тврдејќи дека син му бил пијан и без никаков повод и причина го удирал во пределот на главата.
„Во еден момент таткото успеал да се оттргне и да побегне надвор од куќата. Истиот ден, околу 11 часот, синот повторно го нападнал татка си. Во рацете држел јаже, кое во еден момент го ставил околу неговиот
врат и му рекол дека со него
ќе го обеси“, соопшти полицијата. СВР-Струмица презема мерки за расчистување на настанот. (Д.Т.)
nisto nemije cudno jas ziveam daleku od tatkovinata kerkami so golemi maki ja izgledav de vcera i jas jadov kotek od neja .mije zal za gospodinot neka go tuzi i neka se otkazit od sinot.pozdrav