Јамата за комплексот „Ера сити“ е ископана пред две години, со изградбата на подземните инсталации
Сања Наумовска
Наместо претседателски и луксузни апартмани во хотел „Радисон“ со четири ѕвезди, во центарот на Скопје зјае огромна дупка. Наместо елитен бизнис центар, иста таква јама ги пречекува и посетителите на Скопскиот саем и гостите на хотелот „Континентал“. Две дупки две години стојат „зинати“ на две важни локации во центарот на Скопје.
Иако за два месеца истекува рокот за комплетна изградба на хотелот, инвестиција на британската фирма ХЛХ МК ЛТД, која е ќерка-фирма на англиската хотелска групација „Резидор хотел груп“, на градилиштето веќе подолг период нема никаква активност. Две години по свеченото фрлање на првата лопата, се' уште нема ништо ниту од помпезно најавуваната словенечка инвестиција во бизнис-центар во рамките на „Ера сити“.
Единственото објаснување од Министерството за транспорт и врски е дека ако не биде изграден хотелот, ќе се наплати банкарската гаранција од милион евра. За „Ера сити“, пак, не го мерат времето, бидејќи, како што велат, земјиштето не им го продала државата.
„Локацијата на која се гради објектот ’Ера сити’ не е отуѓена од страна на Министерството за транспорт и врски, односно не претставувала земјиште во сопственост на Република Македонија, а соодветната градежно-техничка документација е издадена од Општината. Што се однесува до изградбата на хотел во центарот на Скопје, течат роковите за комплетирање на изградбата. Најповолниот понудувач има доставено банкарска гаранција во висина од милион евра, која ќе биде активирана доколку не бидат исполнети законските рокови, а договорот за отуѓување на земјиштето ќе биде раскинат“, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Инвеститорите и на хотелот и на бизнис-центарот за доцнењето на изградбата се оправдуваат со економската криза.
Не објаснуваат уште колку време ќе траат прекините на проектите. Изградбата на хотелот „Радисон“ запре пред неколку месеци, истовремено со повторното отворање на аферата „хотелска Окта“, во која опозициската СДСМ тврдеше дека има криминал во продажбата на земјиштето зад „Рамстор“. Според наводите на опозиционерите, фирмата ХЛХ МК ЛТД и нејзината фирма-ќерка во М��кедонија, всушност, не се поврзани со светската хотелска групација, туку се наменски основани од домашни бизнисмени врзани со власта. Од СДСМ во почетокот на годинава презентираа и изводи од Централниот регистар во Лондон, во кои се гледа дека компанијата нема никаква активност, односно нема никакви финансиски трансакции.
Инвеститорот на овој повеќемилионски проект се' уште е мистерија за македонската јавност, која никако не може да добие одговор што се случува со изградбата на хотелот. Прекинот на градежните активности поради финансиски проблеми ги потврди само изведувачот „ГЕММА инженеринг“. „Нема пари, па изградбата е стопирана“, кусо ни рекоа од ГЕММА, не соопштувајќи колку долго ќе трае застојот и што ќе се случува со утврдените законски рокови за изградба на хотелот, кои очигледно нема да се испочитуваат.
„Финансиите и кризата се проблем и за стартот на изградбата на бизнис-центарот во ’Ера сити’“, вели Дејан Кошутиќ од „Ера груп“. Тој објаснува дека за објектот, кој засега е во фаза на градежна јама, се бара партнер-инвеститор. Ќе се гради центар на десет ката на површина од 28.000 квадратни метри. Јамата е ископана пред две години, заедно со изградбата на подземните инсталации. За објектот „Ера груп“ нема извадена градежна дозвола, која ќе почека до изнаоѓањето партнер.
„Преговорите се при крај со неколку светски и регионални компании и тоа не само за бизнис-центарот, туку и за шопинг-центрите кои се дел од ’Ера сити’“, вели Кошутиќ и објаснува дека пред почетокот на минатогодишната криза, биле во преговори со повеќе компании заинтересирани да започнат со изградба, но тие се повлекле поради финансиски проблеми.
Што ќе се случи со овие два објекта доколку инвеститорите не најдат средства, останува нејасно. Очигледно е дека државата не е многу загрижена од тоа што во центарот на Скопје зјаат две огромни дупки, ниту, пак, од можноста такви да останат уште многу години.
Со последните измени на Законот за градежно земјиште што ги изгласа пред два дена Собранието во кратка постапка се дава можност за пролонгирање на роковите за изградба. Така, објектите од трета и од четврта категорија во кои спаѓаат хотелите, катните гаражи и станбено-деловни комплекси наместо за три, ќе може да се градат до шест години. Овој потег власта го оправда со кризата која голем број од инвеститорите ги оставила без пари за инвестициите. За опозицијата, пак, се работи за криминален проект.
Засега не се знае дали новините ќе важат и за веќе започнатите проекти или, пак, како што најавува државата, активирањето на милионската гаранција за несудениот хотел „Радисон“ ќе ја „затрупа“ дупката зад „Рамстор“. Раскинувањето на договорот за продажба на земјиштето нема да го реши проблемот. Несфатлива е и тоталната незаинтересираност кон комплексот „Ера сити“, без разлика што не е во прашање државна земја. За спроведување на законите еднакво треба да се грижат и државата и општините, а сите со цел да им обезбедат подобри услови на граѓаните. (С.Н.)
Toa sto dupkite zjaat znaci deka seraboti nesto se sto se gradi se pocnuva od temel.Znaci nemoze da ni donesat otova zgrada taka fino spakuvana i da ja spustat so helikopter.
Од: граѓанин
Датум: 23.04.2010 01:22:34
Не се само тие две огромни дупки кои долго време зјаат. Ќе споменам само еден пример- веднаш до средното занатско училиште Димитар Влахов долго време има огромна градежна дупка која наместа е и незаштитена, иако децата се на 5 метра од неа.
Многу се комични, грди и опасни и повеќето рушени но недорушени згради кои ги гледам минимум пет години, како и некои згради кои со години стојат недовршени(една со децении). Јас лично не го разбирам резонот ни на надлежните институции ни на тие што се нафатиле да инвестираат. Како да сме земја на будали.
Од: Крт
Датум: 23.04.2010 06:52:27
За овие дупки ќе се најде некој што ќе инвестира.Имаат ивие од ДПМНЕ резервни варијанти за секој случај поединечно.Проблем се ;дупките,, што ни ги прават во секојдневното мачно живеење.Ете јас имам ,,дупка,, во моето памтење посебно во овие четири години од кога се тие на власт.Но памтам дека некогаш ни било полошо.
Од: Za pro-vizionerskite lopati
Датум: 23.04.2010 07:34:48
Ke napravi li nekoj analiza na realizacijata na proektite koi zapocnaa so sveceno lopatarenje na premierot? Kolku od tie proekti se pocnati i zavrseni vo rokot? Kolku od niv se vo seriozna faza na gradba, no ke bidat ostaveni nekoj drug da gi dovrsuva ( kako sportskata sala vo Bitola, za koja isto taka se lopatarese so pandelki vo prethodniot mandat na DPMNE ), a kolku od niv se zapocnati samo zaradi odrzuvanje na rejtingot na premierot i , se razbira, za provizijata koja se dobiva posle izvrsenata uplata na avansot?
Од: flying-monaco
Датум: 23.04.2010 08:14:43
Pred "dupkite" gledame i ogromna cirkulacija i autostrada od evropski karakter, koi se izgradeni skoro, a "dupkite" ke se popolnat naskoro so toa sto e planirano, no onie koi se nadevaat deka "dupkite" ke ostanat do izbori za zbiranje poeni tie se izlagale.Ne pali toa prekinete so vakvi izrazi...Na narodot im se gadi od toa...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 23.04.2010 08:34:35
Токму како и во бајката на Х.К. Андерсен за„Царевото ново руво“:Царевото ново одело и специјалните обувки се Невидливи и,иако е Гол и Бос(всушност,опинците се гледаат сосема Јасно)државата напредува на сите можни полиња!„Остваруваме!“-воспејува,иако,дупки и урнатини стојат зад нив,закоравената портоколадна аморфна маса повторува во глас:„Остварува!“.Голотијата на Глупоста е видлива единствено за децата,но„На царевата облека и нема рамна!Толку прекрасно му стои!Какви прекрасни Ретро-Барокни Хотели!“-воскликнуваа сите!Какви прекрасни Ретро-инвестиции!Двоспратен „Лејланд“made in China и празна еднократна ретро-глава!Бунарџик работи со цели две фабрики,иако едната ја отворија вчера,а од другата ниту трага-ниту глас!Во стилот на математиката на Владарот:0+0=секогаш 51%!„Остваруваме 25/8!“до 2014,2018...2024!„Сончевиот град блеска!“!Инсектите од Сахара и Гоби,заедно, ќе може да ни позавидат!Предлагам нов проект:„Македонска Ретро-ракета за Марс-2016“!Билети-бесплатни!Враќање?!Со Гравитација!
Од: dr.minev
Датум: 23.04.2010 09:58:26
Uste od 1996 protestiram vo zbornikot na ekolozite
na Makedonija, SVETOTO drzavno,javno zemjiste
zad stara zel. stanica megji Zeleznicka,Hadzivasilev, Vodnjnska i Podvoznikot da stane novata drzavna i politicka dusa na novata drzava i istovremeno
bide ukrasen park(oaza) na kraistata so palati. Tamu so modernizacija na kolateralnite ulici da se zamenese bul.Makedonija a da ostane samo starata zel.stanica. Sega se boram da se spasi barem onoj prostor koj ne e potisnat so Ramstor i bankata NLB. A hotelot ke bide za Makedonija blagorodno da se stopira da se gradi. Zalna Makedonija.
Од: Marko
Датум: 23.04.2010 10:13:18
Na krtovite mestoto im e vo dupka pod zemja,a so tek na vreme od taa dupka ke nikne prekrasen objekt.
Од: Палир
Датум: 23.04.2010 10:18:35
Поголеми се дупките во главите на портокалчињата.како тие да се пополнат?Го ценам оптимизмот на Трајче од Делчево,три години не е ништо направено,ама тој верува дека ќе биде готово зво следните два месеци! Како во приказната:Донеси ми жено кандилото,да острижам 100 овци!Flying Monaco видел автострада и циркулација.Кога е таа направена?
Народ со таква младина,нема иднина!
Од: g.
Датум: 23.04.2010 10:25:28
Znaci Trajce Delcevo go resi problemot.bravo..
Од: Ана
Датум: 23.04.2010 10:26:34
"Инвеститорот на проектот мистерија"...
Управител на ХЛХ МК ЛТД кумашинчето на Камчев, изведувачот зетот на Камчев, и после инвеститорот мистерија......смешки
Од: јас
Датум: 23.04.2010 10:44:53
Да се само тие 2 дупки??? Па Македонија ни е како гробишта , откога Мр.Лопата фрла камен-темелници на секој чекор и тоа ударнички !!!Замислете во сите тие дупки да се насадеше по едно дрвце, ќе никнеше нова Амазонска прашума !!!
Од: Трпе
Датум: 23.04.2010 11:40:56
Инвеститорите на хотелот се премислиле за хотелот во центарот.Решиле прво да ѓи изградат овие во чешка.Тие биле поисплативи.А за направените дупки за каментемелници,не само што ние заборавивме и владата има заборавено се каде има ставено каментемелници.Затоа им се случува некаде и по два три пати да фрлат лопати бетон.�� за дупките страшно е некој да не скрши нога,некои се покриват и со земја.Нешто се погребува а што,времето ке каже.
Од: mako
Датум: 23.04.2010 12:33:58
jas kako znam ovie se gradat
Од: ber
Датум: 23.04.2010 13:11:48
A be so se zamarate, odete brkajte zenski tamu!
Од: JVB
Датум: 23.04.2010 13:18:11
Ne ne biva be luge, uste kolku pati treba da se povtorime. Sto uspealo vo MK do kraj pa dupkive sto zjaat da ve cudat. Katastrofa sme kako narod pocnuvajki od vrvot pa se do najniskite sloevi. Samo smena i treta zemja da ne vodi e spasot.
Од: Mitre od dolno dupeni
Датум: 23.04.2010 15:50:06
Тие од Делчево се сокогаш во право па дури и кога домар поставуваат професор затоа што работел на брод.
Да не постават и за гинеколог некој што наптавил дете?