Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Ограбена црквата во Ташмаруништа

Непознато лице, меѓу 30 август и 5 септември, провалило во црквата „Свети архангел Михаил“ во струшкото село Ташмаруништа и, притоа, украл девет икони и две позлатени царски порти. Според СВР-Охрид, провалникот најнапред го скршил катанецот од влезната врата, а потоа ја искршил металната прачка што ја потпирала вратата, по што влегол внатре во црквата.

Полицијата извршила увид, но материјалната штета дополнително ќе се утврдува, бидејќи одземените икони потекнуваат од 19 век и имаат голема културно-историска вредност.

Ова е втора кражба во црква во Струшко за кратко време. Имено, меѓу 23 и 27 август беше ограбена и црквата „Света Богородица“ во селото Долна Белица. Тогаш беа украдени два сребрени крста, еден појас од „Св. Богородица“ долг речиси еден метар и дваесетина икони со различни димензии. (Љ.С.)

 


#
Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар

Од: Zane
Датум: 09.09.2009 08:32:50
Za covekot veke nisto ne e sveto, osven parite.

Најди! во Утрински
Хроника
Само двајца полицајци од Ќафасан испратени дома, сите други во Шутка
Со дупликат апликација на „Фејсбук“ до податоци на корисниците
Вештаците во судница ќе ја оценуваат состојбата на Бајруш Сејдији
Во сообраќајка, загина велосипедист
Голема штета во изгорена плевна
Украдени чешми oд детска градинка