ТЕТОВО - Од детската градинка „Тетекс“ во Тетово непознати крадци однеле 14 чешми и туш-батерии. Кражбата била извршена ноќта спроти понеделникот. Арамиите скршиле стакло на влезната врата од страната на објектот каде што има малку минувачи. Оваа градинка се наоѓа на улицата „Браќа Миладинови“ и во неа се сместени деца на родители вработени во „Тетекс“. Во рамки на објектот, има посебен дел за дневен престој на деца со пречки во развојот, а од пред две години овде функционира и ресторан за бесплатна исхрана на семејства-корисници на социјална помош. (Г.Е.)
Ха... Ова како приказната за Чешмаџиски од МТВ, син на наш академик, кој своето Прекар-презиме си го заработи кога му ги нашле Чешмите од МТВ, во торбата, кога сакал да ги изнесе од зградата!