Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Вештаците во судница ќе ја оценуваат состојбата на Бајруш Сејдији

Експертскиот тим, предводен од професор Здравко Чакар, ќе присуствува на утрешното рочиште на обвинетите за случајот „Пепел“. Ова е одлука на Судскиот совет по долгото натегање со одбраната на првообвинетиот Бајруш Сејдији. Имено, пред започнувањето на понеделничкото судско рочиште, на бранителите на Сејдији и на јавниот обвинител им беше предаден вештиот наод и мислење на тимот експерти од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Јавниот обвинител го толкуваше добиеното вештачење и, според него, не постојат никакви пречки Сејдији да го следи натамошниот тек на судскиот процес, но затоа, пак, адвокатот Саво Коцарев побара тримесечни лекување за својот клиент.

Со оглед на тоа што не можеше да се постигне согласност околу здравствената состојба на Бајруш Сејдији, судот донесе решение со кое тимот лекари ќе присуствува на утрешното судско рочиште на кое ќе даде одговор за состојбата на Сејдији. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 664 пати.

Испрати коментар

Од: dragan
Датум: 09.09.2009 00:13:10
abe pustete go covekot da odi na lekar ne mu e dobro

Најди! во Утрински
Хроника
Само двајца полицајци од Ќафасан испратени дома, сите други во Шутка
Со дупликат апликација на „Фејсбук“ до податоци на корисниците
Во сообраќајка, загина велосипедист
Ограбена црквата во Ташмаруништа
Голема штета во изгорена плевна
Украдени чешми oд детска градинка