Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

СДСМ откри вмровци-милионери

Високи функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ располагаат со имоти в�� вредност од неколку милиони евра, објави вчера СДСМ, повикувајќи се на податоци од Антикорупциска комисија.

Стевчо Јакимовски, претседател на скопската организација на СДСМ, на прес-конференција наведе дека според јавно достапните податоци од веб-страницата на Антикорупциска комисија, вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, поседува имот од 1,135 милиони евра, додека министерот без ресор Веле Самак тежи 1,025 милион евра. Имотот на директорот на УБК, Сашо Мијалков, според СДСМ, вреди 1,150 милиони евра, а Виктор Мизо, директор на Агенцијата за странски инвестиции, пријавил имот вреден 1,660 милион евра.

Уште побогати се некои од вмровските градоначалници. Петре Латиновски, градоначалник на Општина Бутел, има имот од 2,660 милиони евра, кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски од 3,535 милиони, а најбогат е првиот човек на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, со 5,430 милиони евра. Јакимовски посочи дека високи функционери на владејачката партија поседувале и имоти во странство, а оти министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, живеат во зграда со социјални станови, изградени и наменети за млади брачни парови.

Овие факти, според Јакимовски, се доказ оти ВМРО-ДПМНЕ нема право никого да обвинува за богатење на сметка на граѓаните, за транзициска олигархија и за криминал и корупција“.

Од ВМРО-ДПМНЕ вратија со прашања: Како функционерите на СДСМ, кои 20 години извршувале државни функции, дошле до својот капитал? Како Бранко Црвенковски преку својата сопруга поседува над 30 проценти од акциите во „Семос“? Како стекнале капитал Хари Костов, Штерјо Наков и Свето Јаневски?

„Како Заев, кој десетина години е пратеник и градоначалник, поседува имот над милион евра? Како Бузлевски стана најбогат човек во Ресен?

Колку возила „ауди“ поседува Стевчо Јакимовски? Како Радмила Шеќеринска и Цветанка Иванова имаат имоти вредни близу половина милион евра“, праша пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 2761 пати.

Испрати коментар

Од: goce bitola
Датум: 03.09.2010 00:33:27
Tesko na nasata drzava so vakva cesna vlada koja patem raboti epten transparentno. Se razbira za svojot dzep.
Од: Трпе
Датум: 03.09.2010 00:37:00
Овие дпмне-овците се карат како баба Ката од Секулица.Не е можно во редовите на толку чесна власт да има милионери.Сигурно овие порано биле од редовите на СДСМ.Зарем не прочитавте пред некој ден дека министрите и премиерот ни се за жалење.треба и солидарна помош да им собираме.Грујо нема стан има само едно ефтино пунто.министерот за образование Тико од 650 евра,Ставревски имал Варбург,Јанкуловска ефтино Пунто и живеела во социјален стан.........
Од: gimi
Датум: 03.09.2010 01:24:38
Податоците за Антикорупциска комисија ги потполнуваат самите функционери пред да стапат на должност и го пријавуваат својот имот кој го стекнале претходно.Друго прашање е кога и на каков начин дошле до тој имот.Овде Стевче не кажува од кој датум се податоците кој тој ни ги презентира, дали е од периодот пред да станат функционери или потоа што е многу важно. Можеби парите им се од семеен бизнис како што е случајот со Заев .Ќе го замолам Стевче да ни каже, бидејќи е добро упатен во оваа проблематика од каде му се парите на Бучко за станот или вилата што ја купил во Грција(информација што ја прочитав во претходниот број на Утрински)
Од: demokrat
Датум: 03.09.2010 01:46:04
Ova veke preminuva vo naiven prostakluk, koj sekojdnevno go slusame od dvete zlo-partii koi ne gusat veke 20 godini.
Од: jean luc picard
Датум: 03.09.2010 01:54:27
кој сака да биде милионер? епа дечки место да се пријавувате во квизот, пријавете се за портокалова магична книшка, лижете упорно нечии задници поставени на висока позиција и гледајте милиончињата како сами си доаѓаат од наместени тендери, незаконски продажби на државен и народен имот, криминални зделки, рекет, итн.
Од: pero magacinero
Датум: 03.09.2010 05:37:40
dzabe ne rekle starite VRANA NA VRANA OCI NE VADI,A KADE E vojvodata georgievski,koj znae da kaze kolku imot poseduva???
Од: makedonski melburnec
Датум: 03.09.2010 07:22:10
Taka e koga ne se znae koj pie a koj plaka! Namesto da odgovorat na prasanjeto, oni si se opravduvaat so drugite. A podobar izgovor za narednite politicari koi doprva treba da se bogatat i nema! Sto ke recat oni vo idnina? A od kaj mu se na toj tolku milioni, a na onoj onolku milioni? I koj ke go krka stapot? Pa se znae - onie jadni dusicki koi sto uste ne izbegale od Makedonija. Isslelnicite iako pisuvaat komentari, niv ne gi boli za toa koj i kako se bogati vo Makedonija. Od niv ne zemaat. Pozdrav od Avstralija.
Од: Dara Buba Mara
Датум: 03.09.2010 07:56:19
Alal neka ti e Stevce, ubavo gi podbra.Abe ako ovie prujavile vakvi sumi vo Antikorupciska kolku li navistina imaat. Gi prasuvam gragjanite na opstinite Butel, Kocani i Kriva Palanka dali site zaedno imaat tolku pari kolku sto imaat nivnite gradonacalnici.E ovie grevcinja Mile i Gordana ne morase da gi spomnuvas, gi posramoti pred javnosta, siroti tie,a Gordaana jadna vakva bez miraz i pari ke im ostane nemazena.
Од: Milan
Датум: 03.09.2010 08:27:30
Dobro,nabrojanive se "prviot esalon", sto stana so nivnite pajtasi od tipot na onoj gazdata na Link-Medija koja go snabduva MVR so sve i svasta, koj od Yugo,preku nok stana isto taka milioner. Tie se uste pointeresni slucaevi,bidejki se paravanot zad kopj se krijat uste uste pogolemi milioneri.
Од: Aaron
Датум: 03.09.2010 08:28:35
A Protogerov e so hotel na "Zlatni pjasaci" - Varna!!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.09.2010 08:45:40
Каде се останатите? Ги има уште подоста...Ја покрадоа државата...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.09.2010 08:48:38
Да беше нормално време ќе се испочудевме како тоа милионери а сиромашен народ,но времето е такво да ова и нее некоја вест.Имено само олигархот од Тиквеш вреди колку сите посочени,потоа железарецот вреди за нови 50-тина милионери,па сопругата на лидерот-спасител вреди 10- тина милионери, фершпедецот вреди едно 20-30 милионери и т.н Градоначалникот тоа го знае но има поважна работа да открива смет во туѓи дворови,неговиот е и онака преполн.
Од: viki
Датум: 03.09.2010 09:15:46
ovie mnogu "uspesni"imale hrabrost da prijavat milioni evra imot,steknat "generaciski so pot", a grujo ima eden stan na majka mu.siromaviot neka bara da mu doniraat negovite "uspesni biznismeni"
Од: pb
Датум: 03.09.2010 10:40:57
Do Gimi: Dali ste sigurni deka gi popolnija vednas, ili na baranje na Komisijata i javnosta?
Од: Petre
Датум: 03.09.2010 11:12:41
Ova VMRO-vcive nikako da svatat deka tie se vlast i deka TIE treba da odgovaraat na kritikite na opozicijata i javnosta, a ne na mesto odgovor tie povtorno da prasuvaat!
Од: КОЛКУ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ МИЛИОНЕРИ
Датум: 03.09.2010 12:40:52
Колку социјалистички директори преку ноќ ги направивте милионери работниците на улица срам ве било СДСМ ја направи најнеправедната приватизација во Европа. Заробени девизи. Штедилници. Дуќанчиња кои зјаат празни. Ни ги земавте парите. Народот памти и знае џабе запнувате ке има избори и точка.
Од: Od Prespa
Датум: 03.09.2010 20:35:34
Непотизам и корупција го тресе О.У. Гоце Делчев Ниво на корисникот: / 1 НајлошоНајдобро Четврток, 02 Септември 2010 08:23 Напишано од PrespaSky Е-пошта Печати PDF Скандал го тресе училиштето Гоце Делчев во Ресен, каде актуелниот директор Зоран Митревски, инаку поранешен член на водството на Демократска алтернатива а денес нов вмровец си го вработил својот син за наставник по физичко Митко Митревски кој само што завршил факултет. Директорот кој е познат по голем број контраверзи низ училиштето, му ги одзел часовите на друг наставник по физичко за да му ги додели на неговиот син, а спротивно на законот. Законот во целост е прекршен, не е распишан оглас за вработување, дали на неопределино или определено време, нешто што ќе мора да се објави во печатен медиум. Вработувањето е можно само доколку има недостаток од таков кадар, а не да се кратат фондовите на часови на други професори, нешто што не е дозволиво со законот за образование. Тука се јавува конфликт на интереси, не
Од: snajper
Датум: 03.09.2010 22:50:54
osven Vele Samak, nitu eden od drugite ne e od VMRO.. nema takvi miljoneri, seto se toa komunjari sega zadskrieni zad maksimalno iskorupiranata dpmne koja e i oficijalno vo koalicija so sdsm

Најди! во Утрински
Втора страница
Атина бара објаснување од САД за Рикер
Дијалогот ќе почне од Деловникот
Лобист за една употреба
Вербатим