Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Поглед

Лобист за една употреба

Слободанка Јовановска

Како една бесцелна дебата може да стане политичка тема, се виде неделава од третманот на европарламентарецот Бернард Поселт, кој доживеа класична партиска злоупотреба од тие што го донесоа овде како „пријател и голем лобист за Македонија“.

Откако го инструираа да потврди дека во 1995 година функционерите на СДСМ одбиле членство во НАТО и започнување преговори со ЕУ под референцата БЈРМ, владини преставници вчера ги „бранеа“ угледот и честа на германскиот европарламентарец препознавајќи го само него во описот „ноторен лажго и тотален идиот“.

Зошто во инаку непримерните „комплименти“ на Бранко Црвенковски не го препознаа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, кој ја почна оваа кич-расправа и доби шлаканица од европарламентарката Дорис Пак, бидејќи ја прочита неговата намера? Зошто во него не се препознаа ни Васко Наумовски ни Антонио Милошоски, кога е сосема очигледно дека нивните политички мегафони ја туркаат оваа небулоза веќе втора недела?

Иако Поселт си ги заслужи навредите ��рифаќајќи да биде актер во проѕирна политичка манипулација, прашање е со каков образ ќе и' се обраќа во иднина на јавноста во Македонија, кога и на тие што сакаше да им помогне, само политички го искористија.

Иако Поселт не е влијателна политичка фигура во Европскиот парламент и на скалилата на заслугите не може да се мери со Зоран Талер, Јелко Кацин, Дорис Пак, па и со Јогрос Шацимаркакис, недолично е да се злоупотребуваат за внатрешна кавга оние што можат да се избројат на прсти - а треба да и' помогнат на Македонија во Брисел.


#
Статијата е прочитана 1828 пати.

Испрати коментар

Од: Ivo
Датум: 03.09.2010 00:44:37
Ha, ha ha! "....Sekoj sto tvrdi...."! Branko ne e protivnik za potcenuvanje i e vest retoricar! Velemajstorska mestenka na koja se nalepija Milosevski i Naumovski, kako aktuelni "EU integratori" . ... Mozebi Branko voopsto ne mislel na nekoj politicar, moze istoto go tvrdat iljada , dve ili sto iljadi gragjani! Mozebi go tvrdi i nekoj citac na vesti koga cita od studiskiot idiot?! Otkade so ime i prezime bas tokmu site se zafatile za evropratenikot! Pa covekot nema vrska! Tuku, za vakvi diplomatski "gafovi" sto se pravi? Se gleda seir !? Ako celata aktuelna diplomatska elita e u ofsajd, kako do integracija? Ah, da Branko e vinoven, ama ne za ovoj poteg!
Од: gimi
Датум: 03.09.2010 00:58:19
Зошто не се препозна овој, зошто не се препозна оној...,а зошто Бране како толку храбар лидер не рече ти си господине тотален идиот и ноторен лажго и можеш да ме тужиш на суд. Вака двосмислено кажано се однесува за повеќемина и не се однесува за никого.Можеби само сакаше да ги тргне обвинувањата од себе покажувајќи некаква одлучност и храброст. Само што со зборовите кои ги одбра за таа намена повеќе сам си го претстави вистинското лице во јавноста.
Од: Elena
Датум: 03.09.2010 03:45:09
Gospogjo Jovanoska, edna teza ne potkrepivte so fakti. Poznata ste po bespogovrnoto drzenje strana, no ovojpat epten zabegavte. Samo za primer, kako znaete deka go intsruirale doticniot, da ve citiram? Da ne bevte i vie prisutna na sredbite? Ne vredi ponatamosna analiza na vasiot tekst. Malku pocit kon citatelite. Na ovaa vlada ima tolku nesta da i zamerat, realni nesta. So vaseto pisuvanje vsusnost ja poddrzuvate ovaa vlada.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 03.09.2010 05:34:45
Jas vceras im rekov na Vecer,deka BC Rece ;Deka e eden Pratenik Vo EU e lazgo,ama ne rece ,deka EU parlamentot e Lazgo!A Vecer propagandski go prosledi.:,,BC,go narece EU e Lazgo." Vecer nemase hrabrost mojot \komentar da go pusti~!
Од: Itar Pejo
Датум: 03.09.2010 07:25:09
DPMNE strizi se sto ce stigne. Makedonci, albanci pa i stranci.
Од: Anja
Датум: 03.09.2010 07:58:31
Ma draga moja, jasno vi e deka site navedeni se prepoznaa vo navedenite"epiteti", no praksata na DPMNE prodolzuva-NAPADOT E NAJDOBRA ODBRANA! Samo sto ovoj pat debelo se izlagaa deka narodot ke im poveruva. I ona so izjavite ne "evropratenikot" navistina bese jadno i tazno. Do kade li ovie infantilci ke odat za da se odrzat na vlast!!!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.09.2010 08:42:46
Посер е платен како ЕПП бидејки пропагандата на МТВ е веке јалова, му досади на народот...па сега увозни како Посер -ко.и слични,...само се прашувам ,купувајте македонски производи...ова париве за вакви никакви сепак се одлеваат од Македонија...а се со цел -создавање на привид и одржување на рејтингот на Овчарот...колку-толку...Срамно...но овие однадвор немаат срам ...како и нашиве...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.09.2010 08:57:45
Тотално искривено алиби на примвитизмот на лидерот повратник,напаѓаш евро парламентарец кој помага на Македонија но кој е близок со владеачката партија.Дали не се промовира подценување на ЕУ парламентот кој види богати негов член поморанџестите го манипулираат.Додворувањето на ,,независните,, новинари кон опозицијата по се изгледа нема граници.Да се правда политички примитивизам е нон сенс но тука врви.Тука врви и пишување биографии за светлиот лик на лидерот-повратник а се во обланда на независното новинарство.
Од: do gimi
Датум: 03.09.2010 09:38:51
Не ги именуваше зошто неможеше сите да ги наброи, многу се кои ја тврдат оваа небулоза, слепо верувајќи, а притоа ни малку неразмислувајќи со своја глава. Не се љути што не си спомнат.
Од: Реган
Датум: 03.09.2010 09:52:54
Со своите непримерни и навредливи изјави,кои многу потсетуваат на маалски штосеви од младоста,бившиот ни претседател му направи услуга на господинот Груевски.Ако навистика 1995 година неговата влада направила се’ тогаш Груевски е во право кога вели ние правиме се’ за да се реши проблемот но тоа не зависи од нас (туку од Грција).А тврдењата од новинарката од типот “ тие го инструирале“ не вреди да се коментираат.
Од: valerija
Датум: 03.09.2010 10:03:31
tie samite se otkrija koj se, se prepoznaa vednas kolku se samo prodzirni...
Од: redovna citatelka
Датум: 03.09.2010 10:45:18
Bravo Slobodanka! Edinstvena nadez na ovaa drzava se novinari kako Vas!
Од: tatoo
Датум: 03.09.2010 11:45:53
Г-не “Феликс“. Единствен лидер кој има м... да го изговори ова и харизма на лидер е БЦ кој многу го црните и ниподаштавате. Овие од влада можат вода да му носат. Сепак, на една голема жалост во нашава земја нема уште вакви политичари кои немаат влакно на јазикот. Овие за Вас недоличности, не ги има само кај нас, туку в�� сите поразвиени земји од нас. Зарем целата ситуација во нашава земја како политичка така и економска, не Ви личи на еден голем идиотизам и дилетантизам? По Вашите поимања на нештата, сигурно не.
Од: ПОСЕЛТ НЕ ЛАЖЕ БЦ Е НАДМЕН
Датум: 03.09.2010 12:47:15
Не ги цениме пријателите на Македонија. А се имаме уверено во лагите на Бранко. Па мора нешто во 1995 да имало нешто што не знаеле да го искористат СДСМ. Сега се вадат нормално. Пола Македонија тогаш за србославски интереси повеке се интересираше. Македонија што е ниту знаевме. Се испушти време. Требаше Словенија и Хрватска да ги следиме. Колку јас знам ради Приштина и Белград се слушаше и Политике се читаше и Милошевиќ го величеа. Сега сакате ЕУ е касно е . Грција не претрка.
Од: Ако Посер лаже,рог не лаже
Датум: 03.09.2010 14:23:10
И јас мислам дека човекот не лаже.Тој е многу важна личност.Врв на кариерата му е присуство дури на 4 митинзи на ВМРО!А,сите документи се во архива кај Џоле и Грујо(во Претседателство и Влада),нека ги извадат,што ги кријат!

Најди! во Утрински
Втора страница
Атина бара објаснување од САД за Рикер
СДСМ откри вмровци-милионери
Дијалогот ќе почне од Деловникот
Вербатим