Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Три струи и тројца кандидати во ЛДП

Од новиот лидер ќе зависи кој пат ќе го фати партијата

Билјана Јовановска

По оставката на претседателот на ЛДП, Јован Манасиевски, по изборното фијаско, партијата е пред сериозно преиспитување. По кој пат ќе тргне, зависи од тоа која струја ќе победи на конгресот што ќе се одржи во септември или во октомври и кој ќе биде избран за нов партиски шеф. Подготовките на конгресот се веќе започнати, а паралелно со нив фун��ционираат и партиските кујни во кои секоја лоби-група го турка својот кандидат.

Колумната на Нано Ружин неодамна објавена во „Утрински весник“ понуди неколку тези за можно функционирање на либералдемократите во наредниот период. Тој отворено му порача на основачот на ЛДП, Петар Гошев, дека партиските врати му се отворени и дека треба „да се отфрлат старите суети и Перо да си се врати во својата партија“. Истовремено, Ружин иницираше и обединувањето на сите помали партии губитници од овие избори во некаков посебен блок, ама го отвори и прашањето ЛДП да се приближи кон другите опозициски партии, односно да се врати во старото коалициско јато.

„Либерално-демократската партија имаше храбри амбиции да оди сама на изборите од многубројни субјективни и објективни причини. Манасиевски луцидно ја започна кампањата со геслото ’Грујо да си замине, Црвенковски да не се врати’, или попопулистички кажано, ’ниту змија ниту магаре’. Меѓутоа, овој навидум симпатичен силогизам е нелогичен и повеќе збунува отколку што мобилизира. Истиот беше успешно разбиен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ со тезата што ја развија заеднички дека „секој даден глас за малите партии значи глас за спротивна партија. На тој начин беше извршен ефикасен и разумен притисок врз граѓаните да гласаат за големите партии“, напиша Ружин.

Во ЛДП не негираат дека во оптек се сите можни варијанти, но нагласуваат дека се' уште е рано да се говори нешто поконкретно. Неофицијално, едно крило смета дека ЛДП е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ отколку до СДСМ, други влечат накај најголемиот опозициски фронт, додека на трети им е најблиска идејата за формирање некаковси блок на губитнички партии, без оглед на идеолошката матрица, во кој сите би биле рамноправни. Притоа, сметаат на околу 75.000 гласа, колку што добија малите партии од десницата и од центарот, но во дилема се дали сиве овие партии ќе можат заеднички да функционираат.

Петар Гошев вчера воопшто не сакаше да ја коментира идејата за негово враќање во ЛДП, со објаснување дека „се' уште одмора по седумгодишниот гувернерски ангажман“. Андреј Жерновски, пак, чие име исто така се спомнува како еден од најсериозните кандидати за претседател на ЛДП, апелира да се дочека конгресот. „Секој може да се кандидира за највисоката партиска функција и лично посакувам да има повеќе кандидати за изборот да помине во демократска и фер битка и да продолжиме напред“, ни изјави Жерновски, одбегнувајќи да посочи каде тој во иднина ја гледа ЛДП.

Неофицијално, дознаваме дека Жерновски ја има внатрепартиската поддршка да го наследи Јован Манасиевски, но се' уште јавно не се изјаснил дали сака да застане на чело на партијата. Се говори, исто така, дека Ристо Пенов, иако ја има поддршката од одделни кругови, не сака да се зафати со шефовски ангажман бидејќи имал други обврски, а раководењето со партијата подразбира целосна посветеност.

Во меѓувреме, ЛДП на Конгресот ќе го направи првиот чекор: ќе ги поканат сите претседатели на малите партии што изгубија на изборите за да го испитаат нивниот пулс околу евентуално заедничко настапување. Сепак, дали партијата и натаму ќе му припаѓа на политичкиот центар или, пак, ќе фати лев или десен патоказ, исклучиво ќе зависи од новиот партиски шеф, кој на конгресот мора да понуди своја стратегија за дејствување. Партиски извори тврдат дека ЛДП на свој грб ги почувствуваа негативните последици од изборниот модел што ги чисти малите партии, па што поскоро ќе мора појасно да се позиционира и да го прекине играњето на две карти.


#
Статијата е прочитана 3308 пати.

Испрати коментар

Од: Перо на чело на СДСМ!
Датум: 24.06.2011 02:26:09
ЛДП е мала партија и П. Гошев тешко може да ја направи голема, победничка партија. Затоа, добро би било Перо, но, и СДСМ да размислат за неговото враќање во својата матична партија и за тоа токму тој да застане на чело на СДСМ! СДСМ се соочува со сериозна кадровска криза од која не може да излезе со сегашниот нејзин лидер, ниту, пак да победи на наредните избори! Перо е без сомнение демократски определен политичар, кој, со залагањето за тн. ваучерска приватизација, остана во добро сеќавање на граѓаните на РМ, така што само тој може да создаде и да предводи масовен опозициски блок кој може да забележи сигурна победа на наредните избори! При тоа треба да се има предвид дека пред дваесетина години Перо беше изманипулиран, па на некој начин и избркан од СКМ-ПДП (читај СДСМ), така што неговото враќање на чело на најголемата опозициска партија ќе значи и корекција на грешките и гревот што му беа направени!
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevski
Датум: 24.06.2011 03:41:10
Na sitee nas ni e jasno deka Manasievski e soliden covek iako malku "zaluta",a da ne zboruvame za Gosev,Zernovski kako i eden od moite favoriti Penov. Megjutoa kako sto se izjasni Nano Ruzin dobro bi bilo da si se vratat onamu kade sto bile,onamu kade sto im e mestoto so opozicijata i pak neka si bidat partija isto kako sto mudro napravi NSDM i PEI. Jas garantiram deka i vo DPMNE ima dobri lugje ,no za zal Gjavol ja vodi Makedonija i nekolkute negovi sovetnici. Cestit da ni e praznikot Vrtolum i Varvara.
Од: Igor
Датум: 24.06.2011 08:41:28
ЛДП најпрво згреши со изборниот слоган. Не личи на сериозна партија да оди на избори со таков простачки слоган. Околу коалицирањето: доколку коалицираа со СДСМ изборните резултати немаше да се многу различни (во ИЕ5 коалицијата на СДСМ ќе му земеше еден пратеник на ДУИ) но ЛДП немаше да се наоѓа во оваа ситуација да се бори за својот опстанок како партија.
Од: SARA
Датум: 24.06.2011 09:10:10
So osobena chest na ovie izbori go dadov mojot glas za LDP ( posledno glasav na izborite vo 2002god.) partija koja spored mene i mnogumina moi prijateli na ovie izbori edinstveno ponudi konkretni merki za podobar zivot na nas obichnite gragjani. Veruvam deka ovie izbori ne ja pokazaa vistinskata sila na LDP koja spored mene e nekolkupati pogolema. Ostavkata na Manasievski e den moralen chin na eden vistinski lider na partija, a ne kako nekoi za koi i porazot bil zamislete pobeda. Upatuvam eden apel ili poraka kako sakaat neka go svatat vo LDP noviot Pretsedatel da bide mlad, energichen, da ima hrabrost da napravi temelni vnatre partiski reformi i vo ovie teshki momenti spremen da se soochii so so ovie dva CRNO BELI bloka koi za zal ja tresat Makedonija. Spored mene eden i edinstven za ovaa prestizna funkcija e dosega dokazaniot pratenik pochituvaniot Andrej Zernovski koj ne samo vo Makedonija tuku e cenet i poshiroko vo Evropa. POZDRAV
Од: Перо во ВМРО-ДПМНЕ!!!
Датум: 24.06.2011 09:41:21
Каков Перо, какви бакрачи.... Човекот што ја вмроизира Народна банка може да биде нешто само во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи за 7 години направи се за да им помогне. ЛДП целосно би ја изгубиле автентичноста со него.
Од: Realen
Датум: 24.06.2011 10:36:24
ДП, подоцна ЛДП е партија со луѓе и идеи, но без ј...а! Токму на тоа се должи нивниот неуспех. Тие не успеаја да го задржат својот препознатлив идентитет што го оформија благодарение на извонредниот Петар Гошев. Паднаа како жртви на амбициите и политичкиот курварлак на Пенов, и сега не можат на нозе да застанат. Жерновски не е профил на политичар кој би можел да ги изведе од матната кал во која пропаднаа поради недоследност. Само Гошев има таков капацитет, и и треба на Македонија. Значи, ГОШЕВ И НИКОЈ ДРУГ!!!
Од: Парче
Датум: 24.06.2011 10:41:35
Ова одење лево или десно е тотално неразбирливо за мене. Како може преку ноќ некој да одлучи ќе одиме лево или десно? Сем ако не се работи за лични амбиции, а тоа е сигурно во прашање. Иначе настапот и кампањата на ЛДП исто така беа погрешни и неморални. Манасиески беше министер во владата на Црвенкоски. После пола мандат Црвенкоски стана претседател на Македонија. Манасиевски го обвинуваше него за период пред своето министерување. Како тоа тој прифатил да биде министер во влада на таков човек? Нели ова личи на двоен морал. Тој изгуби но со нападите врз Црвенковски придонесе да изгуби и СДСМ.
Од: Ljupco
Датум: 24.06.2011 15:22:13
LDP e partija koja na Makedonija i treba kako suv leb, kako alternativa na crno beliot svet vo koj toneme veke dolgo. Inaku vo naredniot period mora da ostane cisto opoziciska partija kako i nastapuvase vo stariot parlament ,kade bea ubedlivo najdobra pratenicka grupa. LDP mora da go izdrzi ovoj los period ne samo za niv tuku i za Makedonija ,vkupno.Ima kapacitet za vrakanje na scenata. Bejki i ovoj narod kakov takov ke pocne da svaka sto izbira, za svoe dobro
Од: osnovac na DP........
Датум: 24.06.2011 18:13:34
Koga Gosev go vrati mandatot za premier, sakase da ja reformira SKM-PDPili posle SDSM.......Brane & company ja iskoristija shansata i ja prevzemaa vlasta vo svoi race....sekako za lichni interesi.....do denes toa ne e promeneto......Gosev mnogu ubavo go znae toa......i utopija e da se vrati nazad....a ne zasluzuva ni clenstvoto na SDSM da ima takov covek na celo mna partijata zatoa sto se podbivaa so negovite idei i negoviot kapacitet.....Gosev spored mene si zasluzi mesto vo istorijata...i najubavo e da se povlece i uziva so familijata dodeka .....
Од: kazablanka
Датум: 24.06.2011 18:18:15
Понуденото,Гошев,Пенов,Жерновски не нуди ни Н од напредок,ни П од перспектива за Лево Десна Партија. По прикладен наслов е " Враќање на отпишаните".

Најди! во Утрински
На прво место
Ахмети добро се испазари со Груевски
МВР ќе помогне да се види дали Игор и Мартин се познавале
Се радикализира ли Нова демократија?

"""