КОНЦЕРТ

Боки 13-ка се сели во салата „Борис Трајковски“
Поради дождливото време, концертот на Бојан Јовановски - попознат како Боки 13-ка, кој беше најавен за вечерва на Градскиот стадион во Скопје, ќе се одржи во спортската сала „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот. Боки вели дека е подготвен да и' го даде својот максимум на публиката, а како загревање, завчеравечер на плоштадот „Македонија“ се сретна со своите обожаватели со кои се фотографираше и делеше автограми. |