„ОХРИД ФЕСТ“
Шола се откажа од наградата од 20.000 евра
Хрватската пејачка и актерка Антонија Шола одлучи да ја подари наградата во износ од 20.000 евра, освоена со победата на последното издание на „Охрид фест“, благодарение на изведбата на песната „Божји пат“, посветена на Тоше Проески. Средствата ќе бидат донирани за снимање документарен филм за манастирите во Македонија.
Патем, Шола го препеа и својот последен албум на македонски јазик (препевите се на Огнен Неделковски, Весна Малинова и Владо Јаневски, мастерингот е на Јорданчо Василковски), а средствата од неговата продажба ќе одат во хуманитарни цели. Промоцијата на македонското издание на албумот ќе се случи наскоро во Скопје. |