Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Сеча во скопска Апелација

По Дума, вчера Судскиот совет одлучи да ги суспендира и останатите четворица судии

Гордана Дувњак

Судскиот совет го десеткуваше Кривичниот оддел на скопска Апелација, по нивната вчерашна одлука за суспензија на целиот Кривичен совет, што одлучувал за случајот со турскиот државјанин со двоен идентитет.

По апелационата судијка Виолета Дума( од која почна), до конечната одлука на Советот дали ќе ја разреши судската петорка, предметите ќе им бидат одземени од работа и на останатите четворица судии: Владо Џилвиџиев, Мирјана Дуковска, Катерина Оровчанец и Исмаил Лимани.

Тоа најверојатно ќе се случи веќе в понеделник, по добивањето на решението од Судскиот совет, кога судиите ќе треба да ги отстапат старите предмети, нема да им се доделуваат нови во работа и нема да бидат вклучени во совети или во други активности.

За претседателот на Судскиот совет Васил Грчев, кој ја поведе постапката за утврдување одговорност и за останатите членови на Кривичниот совет, станува збор за принципиелна одлука.

„Исто како и во случајот со судијката Дума, која претседаваше со Кривичниот совет, сметаме дека има елементи на незаконско постапување и кај останатите судии“, додава тој.

Со ваквиот став не се согласува првиот човек на скопска Апелација, Јордан Митриновски, кој смета дека неосновано се води постапка за петмина негови колеги.

„Второстепениот суд не е идентификационен суд и секој што учествувал во работата на второстепен суд кој одлучува по жалби точно знае како се води постапка и што се одлучува на јавна седница“, нагласува Митриновски. Тој вели дека дури и да имало некакви сомневања околу идентитетот на осуденото лице, во секое време може да се донесе решение со кое ќе се направи исправка на генералиите во пресудата.

Митриновски е убеден дека неговите колеги постапиле правилно и законски, особено затоа што лицето е фатено на самото место при правењето кривично дело, па дури и да не се знае неговиот точен идентитет, сепак, тој мора да оди на издржување на казната.

Раководителот на скопска Апелација не крие дека е многу загрижен, бидејќи со вчерашната одлука на Судскиот совет останува само со еден Кривичен совет што ќе одлучува во петорка за тешки кривични ��ела и за оние од организиран криминал. Тој вели дека е доведено во прашање нормалното функционирање на целиот суд.

„Во Кривично имаме девет судии што се распоредени во три совети во тројки и два совета составени од петорки. Како десетти член во втората петорка е судијата Ангел Величковски, кој работи на прекршоци. Со ваквата одлука на Советот надвор од сила се става цела петорка, а секојдневно има предмети за пресудување,одлучување по притвори. Не ќе можеме да ги остваруваме ниту посетите ниту контролите на основните судови“, додава Митриновски.

Вели дека посакува што поскоро да заврши целата постапка и да се прекине неизвесноста,бидејќи не може ад хок да се префрлаат специјализирани судии од Граѓанскиот оддел, што треба да одлучуваат за тешки предмети од кои некои се за доживотен затвор.

Судскиот совет и вчера не избра уште еден апелационен судија во скопска Апелација, бидејќи исто како и за битолскиот второстепен суд, ниту еден од пријавените кандидати не го доби потребното мнозинство. Советот одлучи по петти пат да го повтори конкурсот и за претседател на струмичкиот суд. На вчерашната седница за нови судии во Основниот суд Скопје 2 беа избрани тројца завршени академци: Улбер Хасани, Гордана Билевска и Софија Спасовска. Стручната соработничка од скопска Апелација Александра Ристевска е избрана за судија во скопскиот Кривичен суд, а Ѓорѓи Андонов за Основниот суд во Штип. Вчера е разрешен и еден судија од судот во Свети Николе, судија од струмичкиот суд е суспендиран, а за еден кумановски судија е поведена постапка за разрешување.


#
Статијата е прочитана 2750 пати.

Испрати коментар

Од: CUK
Датум: 23.04.2010 00:23:08
ееееее, драги мои, а тек да знаете како работи и одлучува стечајниот совет, да не знаеш дали страв или срам да те фати.такви решенија носат и образложенија по истите да студент од прва година на правен факултет би се смеел а богами и би се чудел. ја не можам да разберам, дали се толку корумпирани или пак толку им е знаењето, ако некој знае нека ми каже нека ме подучи, зошто ова го нема ни во занзибар
Од: sirma vojvoda
Датум: 23.04.2010 01:00:19
BRAVO za pretsedatelot na apelacija za hrabrosta za iskrenosta za mashkosta a na grcev i kompanija denovite im se izbroeni vreme e ..............OTPOR!!!!!!!!
Од: VELESANKA JAP@MSN
Датум: 23.04.2010 06:40:33
Napred za razresuvanjeto ako e realno,no sto stanuva so veleskiot sud i vladeenjeto na sudikata CANA...Do koga ke se tolerira nejzinata rabota i licnite koristi od nejzinite dela ..
Од: Regaconi
Датум: 23.04.2010 07:06:13
Првиот човек на скопска Апелација, Јордан Митриновски, сметал дека неосновано се води постапка за петмина негови колеги. А кој го прашува него за сметање кога има закон кој ја уредува таа проблематика. Дали е основано или не ќе си кажат надлежните според законот а не тој, затоа нека не се пика кај што не му е место
Од: баба Бота
Датум: 23.04.2010 07:16:16
Написов како да опишува уште една епизода од „Долина на волците“, просто човек да се замисли дали ова навистина се случува. Само овој пат не е спомнат епицентарот на катастрофата за македонското судство - режисерот на ова најгрубо дисциплинирање на „непослушните“ судии, диносаурусот Маневски. Како да црпел инспирација од мемоарите на големите диктатори од типот на Сталин. Им честитам на храброста на останатите судии од апелација, бидејки со нивната постапка праќаат порака дека не се дел од сценариото и дека филмот ке има поинаков крај.
Од: Nepartiec
Датум: 23.04.2010 07:55:51
Нека ни е наздравје и судство и држава.Ќе имаме ВМРО апелација,ВМРО-Обвинителство,ВМРО-Синдикат,ВМРО-амбасадори,ВМРО-општини,ВМРО-полиција,ВМРО-агенции,ВМРО-совети,ВМРО.......се и сешто.Ова е резултат на фирерчето за расчистување со непријателот????Срамота,бедно,УЖАС!!!
Од: miki
Датум: 23.04.2010 07:57:06
Ova e GOLEM SRAM za makedonskoto sudstvo. Stanuva jasno zosto min. za Pravda Mihajlo Manevski ja prezivea interpelacijata.
Од: во името на клошарите
Датум: 23.04.2010 08:06:55
Турчинот, турчинот ... А каде се пријавите од граганите против апелационите судии кои судат во корист на транзициските криминалци ? ништо ново. Нема да остане граганин за во негово име да се напише не направија клошари.
Од: SPIRIDON
Датум: 23.04.2010 08:42:02
Ni sram ni perde,samo taka može da se komentirat najnovite "zbidnuvanja" vo Apelacija.Za da se realizira,vo vaj slučaj,"discipliniranjeto" na Dumovata,se maa so prsto i na drugite,sekoj si zemal delo,vika narodo.U edna saglam država,prvo ne može da bide nekoj sudija,kamoli pa na Apelacija,so moral na "Lesi se vraka doma".Ke reče nekoj privatana rabota.Da,ama kaj domo 25 maj,ne u sud.Pa taka u vaa haotična demokratska sostojba na državata Makedonija,site se znaat,site imat doverlivi izvori,site se itri.A se se znae.Koj kako i so kogo za kolku rabote,koj na Saše od Fokus mu e doverlivio izbor i jade u ilegala trici za sudskite raboti,ama demokratskio sistem na "partizacijata",kako i u site sektori na državnite strukturi,im dava za pravo na nedokvakanite da ja rušat vaa Makedonija.Oti voa vode nataka.Niščo drugo.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.04.2010 08:52:44
Како да се заборавија изјавите на дотична судијка која пред камерите изјави ,,да ако е виновна за нешто нее само таа туку и другите судии кој учествувале во инкриминираниот процес,,Прво имавме зошто само таа да одговара,па сега ,,сеча,,судиска.Инаку никој него опишува настанот односно судскиот процес кој беше причината за овие поведувања постапки.Имаше дури и негодувања од Турската влада за пуштањето на условна слобода на голем криминалец.Нека се опсервира процесот па тогаш да коментираме дали се виновни или не.
Од: MK
Датум: 23.04.2010 09:13:40
Имаше една серија „Баравте - гледајте“ (српски „тражи ли сте - гледајте“) . Сами ги гласавте!
Од: Djugasvili od nasiot sokak
Датум: 23.04.2010 10:00:44
Seto ova e scenario vo rezija na mastodontot vo Makedonskoto sudstvo, i Metuzalemskiot reformator. g-dinot Djuagasvili -Manevski. Ne ka ni e nazdravje !
Од: Нена
Датум: 23.04.2010 11:03:31
Долги години сум во правничката дејност и само кога ќе ги видите имињата на на судиите јасно е дека е хајка некоја против нив. Сите се судии со повеќе од 30 години стаж, а без ниедна дамка во досието. Важат за едни од најдобрите судии. Ама очигледно им требаат прани места за местење свои кадри, а не им треба квалитет.
Од: Citatel
Датум: 23.04.2010 15:09:37
Dali nekoj se prasuva do kade ce ne dovede ova partizacija na sudstvoto ,a "sakame " vo Evropa.Tie koi treba da zastanat vo odbrana na pravdata ,a ne go pravat toa verojatno im se udobni kabinetite i foteljite no neka ne zaboravat deka meckata moze da zaigra i na nivnite porti.Kade im e sovesta na pratenickoto mnozinstvo koga za clen na sudski sovet go izbraa Uskovski i toj ce im sudi na sudiite i od Vrhovniot sud.Ne znae cov ek dali da se smee ili da place.Edno e jasno toj sto ja prezivea interpelacija pred nekoj den,nema da si odi od funkcija se dodeka ne go ocisti sudstvoto od sudii,a na nivno mesto da dovedeposlusnici.Da ne zaboravi deka Gospod e eden i toj ce mu sudi na nego i na negovite nalogodavci.Bravo za Apelacionite sudii koi zastanaa na stranata na pravdata.
Од: ile
Датум: 23.04.2010 16:26:27
Mnogu mu e banalna izjavata na Grcev, posto na edni od najkvalitetnite krivicari u Apelacija Grcev i kompanijata nemaat legitimitet da im sudat za neprofesionalnost na istite sudii, bidejki nemaat iskustvo a i znaenje, "kalfa ja ceni rabotata na majstorot" toa e MAKEDONIJA. Da zivee VMRO i Manevski

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Мудри банки
Македонија попуштала па глуми непопустливост