Историчарите бараат да им се изгради спомен-обележје на македонските војници загинати во Првата светска војна
Виктор Цветаноски
Македонија не треба да дозволи да се обновуваат споменици на окупаторски војски. Таа треба да им изгради споменик на македонските војници кои насила биле мобилизирани од бугарската, српската и од грчката војска и натерани да гинат на фронтот за туѓи интереси.
Ова накусо се реакциите на македонските историчари по соопштението на бугарскиот европарламентарец Евгениј Кирилов, кој неодамна се пожали во Брисел дека Македонија две години не одговорила на барањето за обновување нивни споменици од Првата светска војна.
Д-р Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја, вели дека историските споменици треба да потсетуваат на минато што останало врежано во свеста на народот и живее во неговата колективна меморија. Бугарите биле окупатори и граделе споменици со кои настојувале да покажат дека Македонија е бугарска земја и дека населението што живее во неа е бугарско.
„Се знае кои личности од македонското минато оставиле свои траги, тоа се нашите револуционери кои се бореле за обединета и самостојна Македонија. Во македонската свест нема место за бугарски споменици. Што има македонскиот народ со бугарскиот полковник Константин Каварналиев за да му возобновува споменик кај Валандово. Или т.н. Фердинандова чешма кај Дојран. Какво значење има тоа за нас Македонците?“, прашува д-р Чепреганов.
Македонскиот историчар посебно подвлекува дека Софија и денес го негира македонскиот народ, не му ги признава ниту јазикот ниту културата, а бара тој ист народ да им дозволи да подигаат споменици. „Таа работа е нелогична. Меѓутоа, Бугарија сега е во можност д�� не' напаѓа пред Европската унија зашто е нејзин член и тие прашања да ги поставува на највисоко ниво и да ги залажува европарламентарците“, нагласува д-р Чепреганов. Тој притоа потсетува дека Македонија се' уште не најде за потребно да им направи споменик на загинати македонски војници кои биле мобилизирани во војските кои тогаш војувале во Македонија и на тој начин да им оддаде почит на тие луѓе кои гинеле за туѓи интереси, мислејќи дека се борат за ослободување на Македонија.
Во струмичко Ново Село се обновени гробиштата на бугарските војници. Таму беше и бугарскиот претседател Георги Прванов
„Разбирам да и' се изгради споменик на некоја личност која направила добро за македонскиот народ, да се изгради споменик што ќе не' обединува, а не да не' разделува. Зошто, на пример, не им подигнеме споменик на шкотски медицински сестри кои дошле во Македонија или, пак, на британските и на американските лекари кои граделе болници и сиропиталишта за да ги згрижат децата без родители“, заклучува Чепреганов.
Според д-р Ванчо Стојчев, мора да се има достојна почит спрема сите загинати војници, но тоа не значи дека треба да дозволиме да им се подигнуваат споменици на туѓи војски што не' окупирале. А бугарската војска била окупаторска и војувала за да ја присоедини Македонија кон Бугарија. „Тие и денес не ја почитуваат посебноста на македонската нација, па со кое право бараат да ја почитуваме нивната, бугарската посебност. Тој што ја негира македонската нација, се бори за бугарска Македонија“, нагласува Стојчев.
„Зошто Бугарите не кажат дека во својата војска за време на Првата светска војна насила мобилизирале околу 120.000 Македонци, зошто не кажат дека на дојранските позиции загинала целата Трета македонска бригада, бранејќи ги бугарските интереси, а мислејќи дека ја ослободува Македонија“, вели Стојчев. И тој смета дека Македонија конечно треба да им изгради споменик на загинатите македонски војници кои биле мобилизирани во војските на балканските држави за време на Првата светска војна.
„Ако Македонија треба да му подигне споменик на некој Бугарин, тоа го заслужува бугарскиот учител кој по стрелањето на младинците во Ваташа си заминал демонстративно од училиштето, несогласувајќи се со злосторството што го направиле бугарските фашисти. Тој учител е за почит. Ние, Македонците, не сме Грци да плачеме над туѓи гробови и да им подигнуваме споменици на нашите освојувачи. Ние си плачеме над сопствените гробови, а тие се познати. Бугарскиот парламентарец го образложува обновувањето на спомениците со некакви успеси на бугарската војска на Македонскиот фронт. Какви успеси имаа тие кога се знае дека беа поразени, како што загубија и во Втората светска војна“, вели д-р Васил Јотевски, кој смета дека ваквите прашања се раѓаат само во главите на некои владејачки структури во Софија, а не кај обичниот народ.
Потсетувајќи на неодамнешното заедничко одбележување на завојуваните страни на 90-годишнината од завршувањето на Првата светска војна, некои македонски историчари предлагаат да им се подигне заеднички споменик на сите загинати од сите војски што војувале во Балканските и во Првата светска војна. Со тоа, сметаат тие, ќе им се оддаде почит на сите загинати момчиња кои биле присилени да пукаат едни во други и истовремено ќе дојде до симболично помирување на завојуваните страни.
a be nisto ne moze da me iznenadi cim moze da ima muzej uck i toa srede dardanija i bez zbor osuda od bilo koj od koalicionite patriotchinja. samo ne znam dali planiraat krivicno da go gonat i svojot ideolog ljubco eks sefot na vmrovcite so staninov dalaverski itn, neli grujo im bese sef pa valjda lesno moze dokazi da sobere
Од: miki
Датум: 10.12.2008 02:45:20
Dno politicko i nedoucenost a za patriotizam nema ni zbor kaj nasiot narod..Za zal iskoreneti se site cuvstva na sila i dostoinstvo..sopstveniot narod go gledame kako totalno slep za svojata istorija..Veke nisto ne e cudno, se ima cena se se kupuva .A cenata se gleda deka e nikakva. Narode osvesti se.!!! Krajno vreme e veke, da im doszvolime na tie koi umirale za nasata istorija mirno da lezat vo svoite grobovi..Zar nivnite ubici se glorificirani..???!!
Од: pogled
Датум: 10.12.2008 07:59:40
1.Сите проблеми се релативизираат и решаваат само со усогласени меѓудржавни реципроцитетни решенија. 2. Ако се направи преседан за некоја соседна држава “да“, а за друга “не“, тогаш проблемите уште повеќе ќе се умножат. 3. Повторувам: РЕЦИПРОЦИТЕТ е решение за сите балканските фрустрации. 4. Филип ТАМУ, Филип ВАМУ; Александар ТАМУ, Александар ВАМУ; права ВАМУ, права ТАМУ и сл. и т.н. до бескрај.
Од: makedonce
Датум: 10.12.2008 08:27:56
pa covekot e vo pravo ako uck ima spomenici muzei zosto i drugite okupatori i ubijci na makedonskiot narod da ne dobijat , grci ,srbi bugari ,balisti,,,
Од: Историк
Датум: 10.12.2008 08:42:40
Бугарските идиоти (од типот на Каракачанов, Божидар Димитров и разни изроди групирани околу “Ратко“ со тепачот и затвореникот Стојановски) заробени длабоко во сопствените стеги на изгубените илузии од виртуелните соништа за голема Бугарија и да ја поседуваат Македонија, треба ЕДНАШ и ЗАСЕКОГАШ да се надраснат како што се надраснаа Србите, и да признаат дека дека биле во заблуда и дека постои Македонија и Македонски народ како посебен ентитет. Дотогаш, идиотизмот и човечката гнасотија во размислувањето кај нив ќе биде присатно. Тоа пак, само го засилува македонското нацоионално чувство и омраза кон се што е бугарско. За жал.
Од: Valter
Датум: 10.12.2008 12:22:27
A kakvi vojski se Germanskata, Angliskata i Srpskata vo WW1 pa da imaat prekrasni voeni grobishta vo bitola ?!?!
Da ne se sluchajno osloboditelni ?!?!
Од: Sofija,BG
Датум: 10.12.2008 14:22:41
Makedonija vo EU - do 2050g zaedno so Irak i Iran. Garancija ot Bugarija i Grcija. Pozdrav za site makedonski patrioti !
Од: Gjorgi
Датум: 10.12.2008 15:23:36
Pa vo Makedonija ima spomenik na Krste Misirkov koj e najgolemiot Bulgarin, sam si se podpishuval taka , a da ne zboruvame za spomenicite na UCK i albanskite teroristi. Edno ne mi e jasno , kako e mozhno Bugarija da bila okupator vo WW2 koga znaeme deka Vardarska Makedonija ne bila drzava i ne bila slobodna, tuku bila pod Srpska okupacija i niz celata Vardarska Makedonija se uchelo na srpski jazik. Istoricarite pogore sakaat da kazat deka koga sme bile Juzna Srbija sme bile slobodni? Pa ne sme maloumni nie za da ne lazat so prikaski.
Од: Билјана
Датум: 10.12.2008 16:56:15
ХЕХЕ, а бре вие нормални ли сте? Македонците што се имат борено во БГ војска се имат доброволно борено, мегукои и дедо ми и многу други ваши дедовци. Треба еднаш за секогаш да се седне на маса со историчари од повеке земји и да се препише нашата историја зошто оваа што ја имаме е се уште фалсификувана и не е точна- за жал !