Брoj 2767  среда, 20 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

ПЕЛАГОНИЈА

Уличните продавачи во Битола не ги напуштаат тротоарите

Иако надлежните се закануваат со казни, тезгаџиите одбиваат да ги ослободат локациите

БИТОЛА - Битолските комунални инспектори со асистенција на полицијата удрија по дивите продавачи на земјоделски производи во Битола, кои со камиони и трактори ги узурпираат тротоарите на главните улици и го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Иако надлежните се закануваат со казни, тезгаџиите одбиваат да ги ослободат локациите и не ја прифаќаат понудената алтернатива да се сместат во новиот градски пазар. Тие се правдаат дека граѓаните не се навикнати да купуваат во новоизградениот пазар, па улицата им останува единствена шанса да заработат за леб.

Од комуналниот инспекторат и полицијата не попуштаат. Оттаму најавуваат дека поради нарушената безбедност во сообраќајот акцијата ќе се одвива во континуитет се' додека не се стави ред на улиците. Според најавите од полицијата, дивите продавачи за узурпирањето на сообраќајниците ќе плаќаат казни за недозволено паркирање и за продажба на диво.

Општинскиот комунален инспекторат го чисти градот од тешките товарни возила, тракторите и автомобилите. Сопствениците на возилата проценуваат каде е поголема фреквенцијата на купувачи, па ги окупираат тротоарите, паркинзите, па дури и просторите околу автобуските станици во Битола.

„Тие треба да си закупат тезги и камионите да ги паркираат прописно, на паркинг. Не смеат да бидат на тротоарите или на коловозите“, категорична е Зора Симјановска, раководителка на Комуналното одделение во Општина Битола.

Уличните продавачи на земјоделски производи се спротивставуваат на акцијата на општинскиот инспекторат без оглед на предупредувањата од полицијата и заканите дека ќе плаќаат глоби. За нив е неприфатлива солуцијата да се сместат во градскиот пазар, не поради висината на закупнината туку, како што велат, поради навиките на граѓаните кои во трка со времето повеќе сакаат да пазарат од улица.

„Државата не' уништи, ни ги затвори фабриките, не' остави без леб по 22 години работа. Јас сум социјален случај. Со што да ја платам закупнината во пазарот, со 1.800 денари социјално? Не ме плашат заканите. Ваквите казни ги собирам во една вреќа, а потоа ги горам“, вели продавач на бостан на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола.

„Цел ден седам на пазарот и чекам муштерии, ама една лубеница не продадов. Тие 200 денари што ги платив за плацот бакшиш им ги дадов на газдите. Луѓето не се навикнати да купуваат од пазарот. Тие сакаат да поминат со возило на улица и да однесат дома од бостанот. Затоа не сакам да заминам од тротоарот“, реагираше еден од дивите продавачи, жител на селото Гермијан.

И покрај ваквите реакции, од општинскиот инспекторат во Битола велат дека законот е еднаков за сите без оглед на социјалната слика. Битолската полиција најавува дека акцијата во почетокот ќе се одвива на главните сообраќајници во градот. Потоа ќе продолжи и со расчистување на споредните улици.

„Планираме да ги исчистиме главните улици ’Иван Милутиновиќ‘, ’Васко Карангелевски‘, ’Партизанска‘, ’Прилепска‘, булеварот ’Први мај‘. Но, и други локации со голем број возила и каде што директно се врши продажба на бостан и други земјоделски производи. Акцијата ќе се одвива во континуитет се' додека не се овозможи непречено движење на возилата и на пешаците низ градот“, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР-Битола. (А.Б.)


Статијата е прочитана 313 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Запрашување против комарци во Битола
Законот за јавна чистота одобрен од собраниската комисија
Дополнително чистење по бактеријата на Трауматологија
Банките ги демантираат обвинувањата на Управата за перење пари
Префрлени 80 милиони денари за „Жабени“
Високите температури го вклучија алармот за пожари
Жителите на Чачорица добија нова улица
Во август сто илјади македонски туристи на летување во Грција
Во Битола запре времето
Се чисти прилепската река
Санација на училиштето „Добре Јованоски“ во Прилеп

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.