Брoj 2776  понеделник, 01 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Новата учебна година почнува без професори и учебници по веронаука

Само кандидати со лиценца ќе конкурираат како професори по веронаука

Основните и средните училишта во Македонија денеска ја почнуваат новата 2008/2009 година. Најголема новина се часовите по веронаука за петтоодделенците и воведувањето на задолжителното образование за среднистите.

По повеќе од половина век, и теолозите се враќаат во училиштата. Интересно е тоа што на самиот старт од учебната година имаше еднодневна обука и пријавување на вероучители кои на првата генерација ученици во петто одделение првпат ќе треба да им ја доближат веронауката. Едукацијата на теолозите завчера траеше кусо, само половина час. За ова време идните наставници се стекнаа со знаење и вештини околу водењето на наставата и околу начинот и кодексот на однесување во училиштата.

Уставниот суд повеќе не е пречка за веронауката да влезе во основните училишта. Од Богословскиот факултет нагласуваат дека доволна подготовка за идните професори биле четирите години минати на факултет.

„Тоа се луѓе кои се подготвени преку своето образование соодветно за овој предмет, дипломирани теолози кои во текот на студиите ги изучувале тие потребни предмети преку методиката, филозофијата, психологијата, дидактиката. Но, потребно е само едно кратко потсетување“, изјави Радомир Гроздановски, професор на Богословскиот факултет.

Само кандидати со добиена лиценца ќе можат да конкурираат како професори по веронаука. За да добијат лиценца за работа, идните учители ќе се анкетираат и интервјуираат од посебно формирани комисии кои, пак, ќе ги утврдат критериумите за селекција.

„Во согласност со потребите на наставата, ќе се издадат одреден број лиценци кои во текот на учебната година ќе се евалуираат. Врз основа на тоа ќе се знае дали истиот учител ќе добие, ќе ја продолжи лиценцата или не“, изјави Перо Стојановски, министер за образование и наука.

Од Министерството за образование информираат дека за двата изборни предмети се планирани 150 работни места, но се' уште не се знае колку за веронаука, а колку за историја на религиите. Затоа и не се знае колку ќе доцни почетокот на предавањата од професорите кои се пријавуваат за потенцијални кандидати по веронаука.

Ќе доцнат и учебниците по веронаука, но нема подетални информации колку би било тоа.

Од Министерството за образование најавуваат дека ќе се потруделе се' што е во нивна моќ учебниците побрзо да стигнат до учениците. Засега нема точни бројки и за тоа колку ученици избрале веронаука, а колку се определиле за историја на религиите. Од надлежниот ресор информираат дека поголем број ученици изразиле желба за веронаука. Предметите ќе бидат задолжителни со по два часа неделно. (К.Ч.)

 


Статијата е прочитана 566 пати.

Испрати коментар

Од: Igor
Датум: 31.08.2008 22:57:00
Ова со учебниците мора да е дело на ѓаволот кој сака да ја опструира оваа бладородна мисија на нашата влада и премиерот Груевски.
Од: Sergej - http://www.otpor.net.tf
Датум: 01.09.2008 00:16:40
Pak novi biseri od ovaa "trci - lazi" vlast. Kako moze nekoj da se podgotvi za ucitelski poziv za samo polovina cas?! Kakva vrska ima vero"naukata" do didaktikata?! Kako moze taka nepromisleno i padobranski da se ufrlat 150 "uciteli" koga na stotici uciteli so dolgogodisno i povekedecenisko rabotno iskustvo im se spremaat otkazi kako tehnoloski visok?! Abe, sramota! Dojcine, kade si?!!
Од: jimmy1
Датум: 01.09.2008 05:00:48
Ma kakva veronauka kakov bakrac. Toa e nesto najglupavo da ima nastava po veronauka. Dokolku takvo nesto treba, crkvite treba da otvorat paralelki vo nivnite prostorii i koj roditel saka neka gi praka tamu svoite deca da ucat za popovi a vo ucilistata se znae sto treba da se uci. Iako sum vo postari godini nikoj ne mozi da me ubedi deka gospod postoi. Veruvanjeto e vo toa: ne pavi a i ne misli zlo na nikogo, pocituvaj sekogo, ne kradi, ne lazi. Kako sto kradat i lazat nasive politicari, dokolku postoese gospot nemase nitu eden da postoi. Se drugo sto se slucuva e normalna prirodna pojava.
Од: Битола
Датум: 01.09.2008 09:02:02
И децата и родителите ги преоптеретија.
Од: Roditel
Датум: 01.09.2008 09:36:29
Kakvo nasilie: Anketi, ma kavi anketi do sega barem kade mi uci deteto voopsto nemamlo nikakva anketa , ako postoi nekade na hartija letovo da ja sprovele i se razbira so odnapred poznati rezultati... Mislam deka javnosta premalku posvetuva vnimanie i analiza na vakva presvrtnica vo obrazivanieto I samiot poim veronauka e kontradiktoren . Imeno verataa i naukata se nesto antagonisticki za sto procem i strucnjacite i filozofite treba javno da progovorat. A sto ke ucat decata cij roditeli se ateisti, mesani brakovi po odnos na vera ili retki veri jehovi svedoci adventisti budisti itn ???
Од: sreki
Датум: 01.09.2008 09:40:39
Znaci sega vo albanskite osnovni skoli ke se uci za ortodoksnata religija ili ako nema dali vo cucer sandevo ke ima pop koj ke predava na Srpski jazik ili gi zaboravi vladata covekovite prava???
Од: anita
Датум: 01.09.2008 10:14:06
voodusevena sum od inicijativata da se vovede veronauka vo ucilistata. vreme bese nekoj da gi iskoristi kvalitetite na diplomiranite teolozi kako jas. sme pominale celi 4 godini vo edukacija za idni veroouciteli a nemame kade ga go koristime svoeto znaenje. eden od predmetite sto sme gi izucuvale e i metodika i pedagogika na religiska nastava. osvem toa sme pominale niz prakticka nastava vo srednoto bogoslovsko uciliste. znace gi poseduvame site preduslovi za verouciteli. megutoa najbiten kriterium vsusnost e poseduvanje na verata. Bez vera nema vistinski verouciteli.
Од: men
Датум: 01.09.2008 11:10:03
A zosto mora da ima ucebnici? Poglednete malku kako izgleda obrazovanieto vo Evropskite zemju kade nema ucebnici. Treba preku razgovor da se doprat ovie temi. Da se stimuliraat ucenicite sami da razmisluvaat pod vodctvo na nastavnikot. Ne treba da im se dade kniga i se da nabubaat.
Од: лиле
Датум: 01.09.2008 14:11:26
Дали се запрашал министерот кој ке ги плаќа учебниците за шесто одделение ? На медиумите кажаа дека комплет новите учебници ќе чинат од 3500 до 5200 денари.Дали размислувале ние родителите со 10.000 денари плата дали можеме да ги купиме новите учебници.Зашто не ја спроведат оваа нова програма догодина кога ќе се даваат бесплатни учебници за сите деца,и онака овие деца учат по стара програма.Кога во Тетово само со сменување на името на школото не ги пуштаат децата во училиште тогаш и ние нашите деца нема да ги пуштиме бидејќи немаме доволно финансии за да се купат учебниците.
Од: Мајда
Датум: 01.09.2008 16:11:24
До Сергеј: Грешиш момче! И половина час ОБУКА е многу. Ако ги запрашаш дали знаат да свират на клавир, ќе добиеш потврден одговор. Иако, најголемиот дел од тие 500 000 гласа меѓу тректор и клавир не умеат да направат разлика...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Неделава ќе се знае зошто падна „цесната“ кај Охрид
ДПА и ДУИ се за признавање на независно Косово
Резолуцијата не ги сплоти прогонетите Македонци од Егејска Македонија
Тутунски комбинат и натаму работи со големи загуби
Груевски на црковно-народна конвенција во Њу Џерси
Бакојани обвини за наплив на иредентизам во Македонија
Потпишан Меморандум за социјален дијалог во образованието