Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Хроника

Вештачењата за несреќата во „Бучим“ при крај

Вештачењата за причините за смртта на работникот Влатко Илковски во стариот колектор на рудникот „Бучим“ во Радовиш се при крај и деновиве треба да бидат доставени до судот во Струмица. Како што дознаваме од извори во судот, лабораторија во Скопје изминатиот период се решила да ги направи сложените токсиколошки анализи за да се разјасни дали станува збор за смрт од задушување или, пак, од срцев напад, како и анализите на боците со кислород што ги користеле работниците во каналот со јаловина.

Претходно Институтот за судска медицина во Скопје поради недостиг од апарати и хемикалии не можеше да ги изврши најважните анализи на примероците од гас, кои беа земени од тунелот, каде што се случи трагедијата. Затоа побараа во анализите да се вклучи друга институција, која поседува соодветна опрема која ќе детектира дали во стариот колектор на рудникот има присуство на отровни гасови, кои се опасни за животот на луѓето.

„Штом ќе бидат готови и анализите на примероците од гас што беа земени во тунелот, веднаш ќе го доставиме обдукцискиот протокол до Судот во Струмица, кој веќе е комплетиран“, велат од судска медицина.

Несреќата, во која животот го загуби 53-годишниот работник Влатко Илковски од Скопје, се случи кон крајот на март годинава. Илковски починал ненадејно, додека со неговиот колега вршеле контрола дали вентилите на колекторот пропуштаат јаловина од рудникот, со цел превенција од еколошка катастрофа. При крај на проверките, на Илковски му се слошило поради што позапрел и седнал. Неговиот колега се обидел да му помогне, но работникот починал од неразјаснети причини. Телото на Илковски пет дена беше заглавено во тунелот, додека армиските волци со специјална опрема не го извадија од стариот колектор. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 708 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Започна повторното судење за Ореше
Мадам Пепи в среда на суд