Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Хроника

Започна повторното судење за Ореше

ВЕЛЕС – „Качете се горе и, конечно, невистините нека излезат на виделина“, им се обрати на новинарите второобвинетиот Ордан Геориевски, на влегувањето на повторното судење за случајот „Ореше“.

На почетокот на повторното судење, адвокатите побараа притворот на обвинетите што трае 14 месеци да се замени со куќен притвор и да се постапи по укажувањата што ги даде Апелациониот суд од Скопје кога го врати предметот на повторно судење во Велес.

„Ние сме задоволни од Апелација, затоа што се вметнати нашите забелешки со кои се бара да се обезбедат материјални докази за вистинитоста на исказот на заштитниот сведок „Бреза“ и други конкретни забелешки“, рече Марјан Витановски, адвокат на обвинетите. Покрај ова, Апелација бара да се направи ново психијатриско вештачење на двајцата обвинети, но и на заштитниот сведок и со материјални докази да се поткрепат повеќе значајни моменти што биле земени предвид.

Од пресудата на Апелациониот суд не е задоволен синот на убиениот Милошевски, Ацо.

„На убиецот на татко ми да му се суди и 100 години, јас нема да бидам задоволен, но сакам правдата да победи. Не знам кој е убиецот, ниту се сомневам во некого, зошто ако знаев сам ќе си ја завршев досега работата“, рече Ацо Милошевски на почетокот на повторното судење.

Пред судот повторно се произнесе обвинетиот Ордан, кој праша зошто против нив се води монтиран процес кога синот на Лазо му кажал на татко му кој е убиецот.

Прашува зошто поединци од МВР имаат нешто против нив и дали сакаат да му се одмаздат оти открил проневера вредна 200 илјади евра.

Тој, исто така, запраша зошто како заштитен сведок бил земен предвид човек што имал богато криминално досие и бил еден од посочените за убиството. Судењето беше одложено за неодредено време додека судот ги обезбеди потребните докази и се извршат вештачења.

На браќата Георгиевски им се суди за убиството на Лазо Милошевски од пред пет години во селото Ореше. (С.Ќ.Н.)


#
Статијата е прочитана 649 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Вештачењата за несреќата во „Бучим“ при крај
Мадам Пепи в среда на суд