Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Нов случај на сида во Битола

БИТОЛА - Нов заболен од сида е регистриран оваа година во Битола. Тој е дел од вкупно шестемина битолчани кај кои во изминатите 23 години била дијагностицирана оваа опасна болест. Од оваа бројка, тројца се ХИВ позитивни, а другата половина заболени од сида. Од нив, две биле жени, а четворица мажи. Со вакви податоци денови излезе Центарот за јавно здравје од Битола. Според нивниот извештај, двајца од заболените од сида веќе починале.

Битолските епидемиолози велат дека оваа година дури 24 граѓани доброволно се тестирале за да го проверат својот ХИВ-статус. Најголем дел од нив биле мажи, а според работниот статус, имало седуммина вработени и исто толку невработени, петмина студенти, па дури и еден пензионер, кој бил изложен на ваков сексуален ризик.

Од тестираните граѓани се утврдило дека сите се хетеросексуалци и дека најго��ем дел од нив не практикуваат безбеден секс. Жените многу ретко одат на гинеколог. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1869 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Тајните тефтери на Суботиќ за шверц на цигари
Петардите на Бит-пазар и' пркосат на полицијата
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks