Уапсен водачот на муџахедините во БиХ, Абу Хамза
Сараево - Поранешниот водач на муџахедините во Босна и Херцеговина, Имад ал Хусеин, попознат како Абу Хамза, уапсен е завчера во Сараево. Абу Хамза е уапсен од службите за безбедност, по што е испратен во имиграцискиот центар. Сириецот Абу Хамза беше член на единицата „Ел Муџахид“ во составот на босанската армија за време на војната во БиХ во 1990-тите години, чии одлики беа жестокоста и ужасните злосторства. (МИА) |