Број 2806  среда, 08 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Објавена книга за девојчето-невеста на пророкот Мухамед

Во романот се следи животот на Ајша од шестгодишна возраст до смртта на пророкот

Во САД, пред предвидениот термин, објавен е роман за девојчето-невеста на пророкот Мухамед откако беше нападната канцеларијата на британскиот издавач. „Бјуфорд букс“ ја објави „Скапоцениот камен од Медина“ од Шери Џонс во САД откако „Рандом хаус“ се откажа од намерата поради стравувањата дека тоа би можело да поттикне насилство.

Во романот се следи животот на Ајша од шестгодишна возраст до смртта на пророкот. „Бјуфорд букс“ соопшти дека го издава романот пред планираниот термин за да може да биде проценет според литературните вредности, а не да се гледа како потенцијална навреда што би можела да ја предизвика кај муслиманите.

Ерик Кампман, претседател на „Бјуфорд букс“, изјави: „Сметавме дека е подобро за сите да се дозволи разговорот да се пренасочи од конверзација за терористи и уплашени издавачи кон конверзација за вредностите на самата книга“. „Рандом хаус“ соопшти дека била советувана дека романот би можел да биде навредлив за дел од муслиманската заедница.

Во 2006 година избувнаа голем број безредија низ многу муслимански земји поради карикатурата на пророкот Мухамед објавена во дански весник. Џонс изјави дека не знаела дали „Гибсон сквер“ ќе продолжи со издавањето во Велика Британија. Али Бехешти (40), Абрар Мирза (22) и Абас Таџ (30) се вратени во притвор до 17 октомври поради поврзаност со нападот. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 732 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Вилпен на суд зашто ковал заговор спрема Саркози
Коалиционите сили убија 60 милитанти во Авганистан
Руската црква го избрка епископот - расколник
Хјуман рајтс воч- САД го изгубија легитимитетот во светот
Двајца Јапонци и Американец го добија Нобел за физика
Хрватска тргнува во пресметка со мафијата
Учителската федерација ги тужи премиерот и двајца министри
Во пристаништето Драч блокирани 40 тони кинеско млеко
Гејтс
Уапсен водачот на муџахедините во БиХ, Абу Хамза