Крводарителска акција
Во Општина Кисела Вода утре во периодот од 14 до 20 часот ќе се реализира голема крводарителска акција. Крводарувањето го организираат Општина Кисела Вода и Заводот за трансфузиологија.
Акцијата е врз доброволна база, а целта е да се надополнат резервите крв и крвни продукти во Заводот за трансфузиологија.
Акцијата ќе се реализира под мотото „Крвта треба да ги чека пациентите, а не пациентите да ја чекаат крвта”.
Надлежните од Кисела Вода ги повикуваат сите хумани жители активно да се вклучат во крводарувањето и на дело да го покажат своето човекољубие и желбата да се помогне. Во акцијата активно ќе учествуваат и ќе даруваат крв претставници на општинската администрација и членови на сите 14 месни и урбани заедници. (Сн.К.) |