Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Руска инвестиција во „Бунарџик“ дојде по стапките на Александар

Пред две години подарената книга на Груевски заврши со изградба на фабрика-барем така вели газдата Сергејевич

Маја Томиќ

На повидок е петтата по ред инвестиција во зоната „Бунарџик“. Вчера се фрлија лопатите на новата фабрика на руската „Продис“ , што е дел од фармацевтскиот холдинг „Протект Груп“ и ќе произведува природни и здрави производи. Таа треба да им стане сосед на „Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“, „Технохозе“ и „Кемет Електроникс“. Инвестицијата тежи пет милиони евра и ќе се одвива во две фази, а треба да обезбеди вкупно 300 нови вработувања. Производството треба да започне во јули идната година.

„’Продис’ ќе произведува хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од житарки, како и органски и неоргански чаеви, витамини и минерали. Покрај во Руската Федерација, ќе извезува и на пазарите во поранешните советски и југословенски републики,како и во прекуокеанските држави. Инвестицијата е насочена кон заживување на стагнирачките слободни економски зони во Македонија. Целта е да се искористи квалификуваната работна сила и релативно поволните регулативи за вршење бизнис. Се надеваме дека таа ќе биде успешна“, изјави Јакунин Вадим Сергејевич, претседателот на бордот на директори на руската група на компании „Протек Груп“, на вчерашното свечено ставање на камен темелникот на „Продис“ во зоната „Бунарџик“.

Таму беа и премиерот Никола Груевски, вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и претставници на други институции. Груевски нагласи дека станува збор за прва руската инвестиција кај нас во фармацевтската индустрија, која би требало да ја следат и други инвеститори од Русија од други сектори, покрај енергетскиот и рударскиот.

„Протек“, преку нивната овдешна компанија „Продис“ , ќе ги пробива своите производи во Југоисточна Европа, Русија и прекуокеанските пазари во САД и Австралија. Со тоа американскиот „Џонсон контролс“, британскиот „Џонсон Мети“, италијанскиот „Технокозе“ и американскиот „Кемет електроник“ добиваат нов сосед“, рече Груевски, додавајќи дека „Бунарџик“ од ливада почна да прераснува во вистинска индустриска база.

Претходно во Владата се потпишани два договора за долготраен закуп на државно земјиште и за доделување државна помош, со што и официјално започна реализацијата на оваа руска инвестиција. Параф на документите ставија директорот на „Продис ДОО“ , Коста Димов и првите луѓе на Агенцијата за странски инвестиции и на ТИРЗ Скопје 1 - „Бунарџик“, Виктор Мизо и Наташа Хаџилега.

Инаку, „Протек Груп“ постои од 1990 година и е најголемиот дистрибутер на лекови и на козметика во Русија. На рускиот и на украинскиот пазар холдингот има 655 аптеки и е еден од најголемите фармацевтски холдинзи во Русија. Се занимава со производство, дистрибуција и трговија со лекови и козметика, а вработува 12.000 луѓе. Неговото мото е : „ние ги чуваме луѓето здрави и убави“.

„Протек Груп“ е основана од Јакунин Вадим Сергејевич, кој, освен што е претседател на бордот на директори, воедно е и претседател на Сојузот на професионални фармацевтски организации и советник на бордот на Руската стопанска комора. Тој на листата на „Форбс“ важи за еден од набогатите луѓе. Вчера не пропушти да каже и дека е љубител на македонската култура, како дел од словенската.

„Голем љубител сум на историјата. Пред две години дојдов да му подарам книга на премиерот Груевски за историјата на словенските народи во која има голем дел за Македонија и за Александар Македонски. Груевски ме убеди да изградам фабрика во Македонија“, изјави Сергејевич.

Така, додека сите го чекавме турски „Шишеџам“ како следна инвестиција во „Бунарџик“, за која Владимир Пешевски изјавуваше дека е повеќе од сигурно неговото доаѓање последнава пролет, во период од последниве два месеца ни пристигнаа две други компании, чии имиња Владата никогаш не ги спомена, „Кемет Електроникс“ и „Продис“. Според директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Мизо, до крајот на месецот ќе дојде уште некој голем странски инвеститор чие име засега не се обелоденува. (M.T.)


#
Статијата е прочитана 7080 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 19.08.2011 00:10:52
Golem uspeh na vladata: investicija od PET MILIONI evra, vo dve fazi. Odlicno, iako ne e jasno sto znaci ona "и за доделување државна помош". Verojatno eden del od pette miloni ce gi dade vladata. Golema ivesticija, sporedena so triessete miloni na Kosmos. Prerodbata prodolzuva, strizenjeto istotaka.
Од: neopredelena
Датум: 19.08.2011 00:37:23
Da na Ruskiot i Ukrainskiot pazar kade na drugo mesto da ne slucajno dadat da se proizveduva vo MKD za zapadno evropskiot pazar. Homeopaticni lekovi i kozmetika. So drugi zvborovi - babini lekovi i sminki. Ke se lazeme so travki i ke se sminkame. A zapadnite visoko razvieni kompanii za lekovi ke si gi lekuvaat nivnite zapadni pazari za nas nedostizni.
Од: Gox Skopje
Датум: 19.08.2011 00:40:48
Milijarderot vlozuva samo 5 mil. evra ? Ili e premalku i neseriozno,ili mene taka mi se cini ? Pa uste i vo dve fazi ? Koi fazi,ke pojasni li nekoj !?
Од: Руски Космос?
Датум: 19.08.2011 00:48:18
Нека му кажат да ги провери котите на темелите за да не му рушат со динамит!(или пак нека си плати мито-рушвет на време за да нема проблеми утре!
Од: Девица
Датум: 19.08.2011 01:07:05
Браво.
Од: Iselenik
Датум: 19.08.2011 01:16:34
Eve sega gi gledavme vestite ne MRT i kompletno bea popolneti so bombasticnata najava za investicii. Niedni vesti od niedna druga zaednica vo Australia ne se kako ovie na MRTV. Apsolutni pobednici na propaganda....polni so falbi a nisto so kritiki. Kako vo Makdeonija se e maslo i med.
Од: Betoven
Датум: 19.08.2011 02:06:56
Premierot im ja zema rabotata na gradeznicite, non stop e so lopata vo race. Ako zeme nekoj da se pozanimava so analiza kolku beton ima ima "izlopatano" premierot za ovie pet godini, jas po slobodna procenka otprilika ke kazam, otprilika kolku za tri petokatnici so po pedesetina stanovi. Vreden covek, pa i treba "cesno" da si zaraboti stoticite milioni evra.!! BEDA MAKEDONSKA, frla lopati na nekakva si stranska investicija od pet milioni evra, i mu dava badijala zemja, bez da plati ni eden denar niti komunalii niti bilo sto, a rusi velelepni objekti od koi drzavata inkasira milioni evra. KE IMA LI KRAJ OVA????!!?
Од: meri
Датум: 19.08.2011 03:19:41
konecno nekoja dobra vest. i deka ke se zaposlat stotina ljuge, no koj go zema pogolemiot del od "kolacot"? ajde kazete!!! ili da pogadjam?:)))) garant znam, ama ne kazuvam, setete se i samite:))))
Од: D.R.V.
Датум: 19.08.2011 05:50:42
Abe Grujo da bese pameten da gi napikase spomenicite vo "Bunardzik",dosega ke bese poln.Bi trebalo da se gradi Bunardzik 3".Ti samo gi plesna bezveza na veke prenatrupanite mesta kako plostadot i sl.No sepak dobar si ti ke vladees eheeeeeeeee uste mnogu.Kakvi mazohisti ziveat vo Makedonija, ne bi me zacudilo da te stavat dozivoten premier.
Од: Raspucin
Датум: 19.08.2011 06:02:09
Kratko i jasno 300 rabotni mesta.Toj podatok e dovolen za mene bez da navleguvam vo drugo.Samoto toa e mnogu podobro od iljadnici otpusteni od SDSM.A Bunardzik poleka no sigurno zazivuva.
Од: Zharko
Датум: 19.08.2011 06:38:24
Bravo za vladata Patot od iljada milji zapocnuva so eden cekor... Ne mozam da se iznacudam na komentarite Kako i sekogas makedonecot e sekogas "pameten" da kritikuva Te milijarderot vlozil samo 5miliona, te bilo vo 2 fazi, te ke se izvezuvalo samo na ruskiot i ukrainskiot pazar, te bilo babini lekovi i sminki , te kosmos ke vlozel mnogu povekje.... Im nema kraj na ironijata i skepticizmot Pa sto ako e miljarder i toj si gi ceni svoite pari i nekje tuku taka da gi frli A sto ako se izvezuva na ruskiot pazar pa koj se zamisluvame deka sme nie A sto ako se proizveduva sminki pa nie samite ne znaeme ni toa da go napravime Ima golema razlika od kosmos do ovaa investicija kosmos e kapital koj povlekuva na trosenje a ova e proizvodstvo od koj 300 lugje ke pecalat i ke zemat plata Najbitnoto od se e deka se stvara pozitivna slika deka i vo MK moze da se investira konecno i deka pocnuva da se steknuva doverba , koja za prvite 15god MK ja izgubi Mozebi ne e mnogu, ama e poveke od n
Од: cobe
Датум: 19.08.2011 06:52:03
Poveke trosoci za reklamiranje nego za investicijata................Lopatarenjeto prodolzuva, Bumbaroidite se na red............
Од: jimmy1
Датум: 19.08.2011 06:57:37
Ako ne bese Prilep Grujo za da dobie diplomi bez znaenje ke si bese cel zivot lopatar, a i go biva za toa, pa neli e grobar na Makedonija i za neistomislenicite. Posle kolku vreme ke se minira???? a i albanskite mineri sto se vo vladata treba nesto da rabotaat (da miniraat) da ne zemaat drzavni pari za zdabe. Treba da se gradi nesto sto se proizveduva realni produkti a ne babini trevki. Veruvam deka Gvujo ke bide prviot sto ke se nasminka i ke se isprci na Sitel vo drustvo so bumbarite.
Од: vlado
Датум: 19.08.2011 07:11:48
abe ajde?! investicijata e nasocena kon zazivuvanje na slobodnite ekonomski zoni? ozbilno?!?! jas bas se mislef da vlozam vo nekoja slobodna ekonomska zona na priumiranje, da ne slucajno ja snema, treba da se uortacam so ovoj milijarderov...
Од: читател
Датум: 19.08.2011 07:32:58
читајки ги коментарите подолу јасно ми е каков народ сме.Што и да се направи тие ќе најдат мана.Излегува жена од новите автобуси на градски и коментира,како не им е срам ставиле клима па јас сум болна. За такви како Вас само јарем.,До кога само ќе се напаѓаме.Затоа од нас не бидува ништо.Нити сум партиски војник ниту мислам да бидам.Тоа се мои лични убедувања.Се надевам ќе го објавите.Со почит.
Од: Трпе
Датум: 19.08.2011 07:44:49
Рекламата пари вреди.Некој ке каже подобро нешто отколку ништо.Некои купуват јахти поскапи од 5 милиони евра и око не им трепнува,но сиромавиот се радува и на корка леб.Инвестиција е инвестиција во манифестот ке земе уште една бројка.Само нешто политиката која се води кај нас не држи вода.Уништуваме домашна инвестиција од 60 милиони евра а се радуваме на странска од 5 милиони.Бизнисот го сметат како риболов,стави мало рипче за да очекуваш да фатиш поголемо.Ај да се надеваме дека инвестиците ке ни се множат,нема да останеме само на фалби.
Од: ljubomora
Датум: 19.08.2011 07:57:49
Ke umrete bre od ljubomora. Ne e dobro. Moze i da se razbolite.A da porabotite malku na sebe i da sfatite sto se slucuva vo svetot i da razberete deka vremeto ne zastanalo. Samo u taa EU, Krizna grupe i druga tropa i koorumpirano drustvo se nadevate deka ke ve vrati na vlast. Beznadezni ste. Tugoooooo
Од: Ико
Датум: 19.08.2011 07:59:30
Русите итно треба да изградат винарија во Кавадарци. Имаме доста квалитетно и евтино грозје, а тие се голем пазар за вино.
Од: Внимателен читател
Датум: 19.08.2011 08:11:55
Кога странци инвестираат 5 милиони евра тоа е главна вест во државата и цела влада со премиерот на чело фрла лопати. Не се штедат пофални зборови за инвеститорот. Тка беше и со Сведмилк. Кога домашен човек инвестира 30 милиони евра на половина инвестиција му се урива или одзема сопсвеноста. Е тоа ти се вика добар амбиент за инвестиции.
Од: Sasho P
Датум: 19.08.2011 08:37:05
5 milioni,5 milioni 300 vrabotuvanja 300,boze sve vi smeta a za sise dzam kefoj,e ama patrioti se lutite oti nekoj ke se vrabotel
Од: koki
Датум: 19.08.2011 08:55:49
Epa redno beshe i vie da na naslovnata strana stavite nesto pozitivno za vladava na gruevski malce barem da bidete neutralni
Од: Moris
Датум: 19.08.2011 09:00:25
Ete rusite dojdoa i sega amerikanec veke nema da stapne vo Bunarxik. No Biznisot nema granici samo na zborovi inaku amerite i rusite vo biznis krugovite ne se podnesuvaat mnogu. Videte ja Crna Gora amerikanec ne stapnue bidejki rusite kolo vodat...
Од: meto
Датум: 19.08.2011 09:22:51
Bravo.. sekoj den se ostvaruva po edno vetuvanje na ovaa vlada...nikoj tolku ne postignal kako Gruevski..Bravo
Од: Trla Baba Lan
Датум: 19.08.2011 09:26:02
Tresla se gora, RODIO SE MISH !!! Zamislete eden od najbogatite rusi od lista na Forbs investira DURI 5 milioni Evra...neli e toa malku sramota za covek od takov kalibar vo dosieto da ima takva "znacajna" investicija. Tuku kojznae civi valkani pari se toa od nekoi od nasive alashverishi, a rusinov demek e dojden da se poslika malku. Samo za spomenici se raskrcmija (citaj ukradoa od drzavata / narodot) kojznae kolku desetici milioni evra. Koj cirkus i teatar od drzva sme ti nie toa chudo nekoe NEVIDENO DOSEGA ;-)
Од: sasho
Датум: 19.08.2011 09:48:15
Епа се гради, се полнат зоните. Нека пукнат сите што фаќаа сеир и беа слепи пред 3 години. Доста ни е од душмани во Македонија - пукнете ! ! !
Од: ferhunde..
Датум: 19.08.2011 09:54:50
Гујо и се е можно. Власта е во негови раце и ке си игра како сака, кога има мутав народ.Овде лопата,онде лопата и цели 9 години ке си владее.Уво не го боли што мисли и како живее народот.Ја затвори А1 тв која го критикуваше и во суштина ја кажуваше вистината, сега слободно може да се кочепери со лопатитему и т.н.Нема крај, џабе се сите коментари.Револтот е преголем но нема каде.Кога имаме килава опозија,нема кој да му застане на патот ке си зивееме во темница.
Од: mene
Датум: 19.08.2011 10:12:21
ДУРИ 5 МИЛИОНИ... Фиат вложи 15, и требаше да стаса до 60... па сега го рушите.... Имам книга за вас прост народе .. ЖЕЛЕЗНАТА ПЕТА - ЏЕК ЛОНДОН... Oбразувајте се простаци... ќе ви дојде на глава игн��рантскиот однос!!!
Од: снајпер
Датум: 19.08.2011 10:56:02
само се потврдува заедницката сталинистицка комунјарска коалиција на сдсм-дпмне кој се тие кои владеат со дрзавата и кој е нивниот однос према зелбата на граганите за цленство на дрзавата во ЕУ и НАТО.. колку и да се изивуваат на бранко и грујо треба да им е јасно дека после неуспешните избори за нив сега им следи крај..
Од: Janaaa
Датум: 19.08.2011 11:22:35
Pak se fativme za lopatata, bravo bre Grujo kaj mozeme nie bez tebe.Roden si za lopata.
Од: slave
Датум: 19.08.2011 11:24:10
I go ubedi li premierot deka ne e grk?
Од: Do strucnjakot Zharko
Датум: 19.08.2011 12:05:39
Ne mozam i jas da se iznacudam na tvojata strucnost. Velis patot sekogas zapocnuval so eden cekor. Tocno taka megutoa toj cekor e napraven po pet godini koga trebase veke da bidat napraveni poveke od polovinata cekori na patot narecen 8 milijardi. Velis Kosmos bi trosel pari a ova e vo korist na razvojot na ekonomijata. Pa tvojot idol dve godini ne uveruva deka muzeite i spomenicite se pravat so cel za da zazivee ekonomijata. obidi se da razmisliz za razlikata megu Kosmos i eden muzej.(Koj ke trosi drzavni pari a kojna drzavata ke plaka razni davacki i taksi). I na krajot Ruskite tajkuni za deset dena odmor na Krit trrosat kolku sti cinata dvete fazi (trigodisni) od investicijata.
Од: Ози
Датум: 19.08.2011 14:17:59
Ајде веќе еднаш нека реши што му лежи повеќе, љопатата или премиерската фотеља. Скапо одело и љопата е ептем ефтина кичерајска работа.

Најди! во Утрински
На прво место
Забавувањето на германскиот џин засега не не' засега

"""