Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Кој го изостави Шоров?

Името и' познато на Редакцијата

Се надевам дека во Спортската редакција некој новинар ќе истражи од кои причини беше изоставено името на Зоран Шоров при доделувањето на спортските пензии? Каде и кој е виновен за пропустот? Помеѓу малкуте освојувачи на медали, беа наградувани и заслужните спортисти. Која е причината да биде изоставен овој познат спортист и освојувач на медали? Инаку, знаеме дека Шоров е единствен освојувач на медали од источна Македонија на големи европски натпреварувања и ги има постигнато следниве резултати: второ место во 1987 година на Европското првенство во борење и трето место на Европското првенство во борење во Штутгарт 1991 година , со кој резултат беше и прогласен за најдобар спортист на годината по осамостојувањето на Р. Македонија во 1991 година.

Се надевам цела македонска јавност се радува на овие резултати и никогаш нема да ги заборави. Знаеме дека со овие резултати неговото име заслужува да биде испишано со златни букви во македонската спортска историја.Тој заслужува да биде дел од македонската спортска елита.


Статијата е прочитана 371 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Нотарите како судии
Да се заколe „овцата на Миле”!