Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Гран-при на „Синедејс М“ за филмот „Песната на Номи“

Наградите „Ноќен талкач“ на првиот филмско-музички фестивал беа доделени во дури десет категории

Во неделата со доделување на наградите наречени „Ноќен талкач“ („Nightwalker“) заврши петдневниот Интернационален филмски музички фестивал „Синедејс М“, кој оваа година се одржа за првпат во организација на Младинскиот културен центар. Фестивалот беше натпреварувачки, а во конкуренција беа десет долгометражни и пет краткометражни филма од 11 европски земји. Селектор на програмата беше Владимир Петровски Картер, а членовите на жирито ги сочинуваа: Влатко Галевски, претседател, Бранд Феро и Васко Тодоров, членови.

Но, она што, дефинитивно, беше изненадување на затворањето беше доделувањето на дури десет награди. Десет филма, десет награди, што е навистина преамбициозно. И тоа не само затоа што беше прв фестивал на кој и немаше многу филмови, туку самото доделување со коверти и во толку категории кое алудираше на гламурозното оскаровско наградување, беше навистина премногу особено за еден мал, неформален и ноншалантен филмско-музички настан.

Како и да е, на фестивалот на кој исто така беа поканети и сите режисери, главната награда Гран-при сосем заслужено му припадна на американско-германскиот филм „Песната на Номи“ на Ендрју Хорн. Приказната за Клаус Номи е навистина нешто особено. Станува збор за една од најконтроверзните и најекстравагантни појави во рок и поп музиката во 1980-тите, инаку филм кој е направен многу сугестивно и исклучително компактно, полн со душа, одважност и оригиналност.

Наградата за режија отиде кај германскиот филм „Хитлеровата хит парада“, кој многу ефектно се осврнува на рекламната и пропагандистичка машинерија на Третиот рајх. А наградата за сценарио ја доби еден сосем необичен, измислен документарец за двајца браќа, сијамски близнаци. „Браќа по глава“ во кој игра Џонатан Прајс, а кој Кен Расел го најавува како филм за губењето на невиноста, е потресна приказна раскажана низ панк-рокот, кој ги одбележа 1970-тите. Беа доделени и награди за монтажа, за камера, за музика и за оригинален пристап. „Ноќен талкач“ за дебитантски филм доби и Вендла Неле за „Избраните“ односно за приказната за еврејските музичари во Њујорк. А на овој мал фестивал беше доделена и награда за животно дело, која му припадна на Коле Малинов.

Фестивалот протече во симпатична атмосфера. Но, ако на отворањето кога беше прикажан филмот на Картер за македонскиот рокенрол и кога дојдоа сите бендови за да се видат самите себе, другите денови киносалата „Фросина“ не беше полна, но факт е дека си имаше своја публика. За жал, така беше и на затворањето, кое можеше да биде подобро со малку подобра организација, а вака излезе дека внатре беа само наградените. Но, секако дека ова беше добра иницијатива, која ја разбранува атмосферата и ги привлече младите, особено со свирките по проекциите, на кои меѓу другите настапија Д.Н.О., „Бадмингтонс“, ПМГ колектив, „Културно-уметнички работници“ и други. Фестивалот, кој беше прв од неколкуте предвидени септемвриски фестивали, ги раздвижи работите и предизвика внимание, што е сосем доволно за почеток. (С.У.)

 


Статијата е прочитана 138 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Спрема Вардар се однесуваме како свињи пред бисери
„Златен лав“ за „Борач“ на Дарен Аронофски
Гости од 40 земји на Светскиот конгрес во Охрид