Од партиска комисија до директор на регулаторно тело
Гордана Ивановиќ е нов претседател на Комисијата за електронски комуникации
Македонскиот парламент само со гласовите на владејачкото мнозинство вчера ја избра Гордана Ивановиќ за нов претседател на Комисијата за електронски комуникации - тело во рамките на Агенцијата за електронски комуникации. Опозицијата жестоко го критикуваше изборот на Ивановиќ, обвинувајќи дека се прави уште еден партиски упад во независните регулаторни тела. Притоа, беше посочено дека партискиот ангажман на Ивановиќ (член на Комисијата за финансирање и монетарни прашања на ВМРО-ДПМНЕ) претставува сериозна пречка таа да биде на чело на Комисијата. Имено, Законот за електронски комуникации забранува претседателот на Комисијата за електронски комуникации да извршува должности во органи и тела на политички партии.
Социјалдемократите се убедени дека Ивановиќ е нестручна да ја извршува функцијата. Во нејзината биографија не може да се прочита дека има какво било искуство од областа на електронските комуникации. Ова претставува голем хендикеп, и како што сметаат опозиционерите, ја прави некомпетентна да ја контролира работата на Агенцијата за електронски комуникации.
Шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, рече дека со нејзиниот избор ВМРО-ДПМНЕ прави груба партизација на независното регулатроно тело. „Груевски се оглушува на препораките од Советот на Европа и наместо на европската агенда, работи на партиската“, смета Иванова.
„Единствено нешто што ја поврзува Ивановиќ со ова тело е тоа што таа, како и двајца негови членови потекнуваат од Кабинетот на премиерот. Таа нема работно искуство во оваа сфера. Прво работно место и' било во Министерството за финансии кога Груевски беше министер“, рече пратеникот од СДСМ, Никола Ќуркчиев.
За ВМРО-ДПМНЕ, Ивановиќ е сосема компетентна личност, има високо образование и ги исполнува законските услови за функцијата на која доаѓа. Според пратениците од владејачката партија, состојбите во електронските комуникации биле многу полоши во времето кога на власт била СДСМ. Во тој контекст беа споменати: немањето конкуренција во фиксната телефонија, високи цени во мобилната телефонија, мали��т процент на користење на Интернетот. „Треба да кажеме дека кога вие бевте на власт, избиравте луѓе блиски до вашата политика, а ние луѓе блиски до нашата политика, со цел да може таа да се реализира. За нашата политика и изборот на кадри говорат резултатите што се постигнати во оваа сфера“, рече претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ.
Во таа насока беше и настапот на пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. „Граѓаните не ги интересира што зборуваме, каква кадровска политика имаме, туку дали со она што го правиме, со телата што ги избираме им се овозможуваат подобри услови“, рече тој.
По изборот на Ивановиќ, Собранието ги избра Синиша Ивановски и Слободан Чашуле за членови на Советот на Македонската радио-телевизија. (О.В.)
За разлика од виножитните коментатори јас сум против вакво изместено назначување.Не може партиски кадар плус верувам и дека е нестручна,финансиски стручњак да речеме а ,,експерт,, за телекомуникации.За воља на вистината оваа пракса се применувала отсекогаш,која партија на власт свој кадар инсталира па и затоа сме во вакво дереџе.
Од: Moris
Датум: 23.04.2010 09:00:56
Mislam deka bila i clen na radioamaterski sojuz pa ima iskustvo . So sreca neka e. I ja ke ja koristam ovaa formula od dens ke baram kade da stanam partiski vojnik . Vo vmro nema mesto ima na drugo mesto i da si baram politicka funkcija.
Од: Трпе
Датум: 23.04.2010 11:50:48
Ова не е за критикување,ова е за жалење,толкав им е капацитетот на портокаловите со високообразован кадар.Па женава имала високо образование.Ке ве видам овие кои критикувате кога портокаловите ке добијат високообразован кадар од дисперзираните студи,каде некои и присилно ги запишуват.Затоа предлагам од следната година да се воведе и задолжително високо образование.А ова во штосот на работењето ке навлезе за неколку месеци,сега ке и се дадат и способни ментори.
Од: saska
Датум: 23.04.2010 12:11:25
Gordana Ivanovic ne e partiska licnost, tuku e neopredelena edinstveno sto po svoja licna zelba ima donirano za kampanjata na VMRO DPMNE za izborite 2008 godina 250000 denari spored pisuvanjata na vesnikot vest.Istata bese direktor na Agencijata za Stokovi rezervi od 2006-2009 se razbira ne politicki -za sramota.Kako direktor go napravi haosot so prodazbata na tutunite od Jaka Radovis.Dobar izbor za VMRO DPMNE -sekoja cest,za sramota.
Од: pope
Датум: 23.04.2010 16:06:49
Dobro be Gorde, kako toa za tebe moze dve i poveke funkcii vo isto vreme ,a za nekogo drug potrebno e da ceka spored zakonski propisi. Bravo samo taka ama od dve mnogu cesto se slucuva da nema ni edna funkcija. Toa e spored onaa narodnata : posakala suta rogovi ,i ostanala i bez usi: