Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Од четворица обвинети за нападот на Прокредит, ќе им се суди на двајца

Двајца од обвинетите за спектакуларниот грабеж во центарот на Скопје се недостапни

Љубиша Станковиќ

Предметот кој се однесува на спектакуларното разбојништво извршено на 10 април оваа година, во експозитурата број 1 на Прокредит банка во центарот на Скопје, од денеска е во Кривичниот суд. За кривични дела разбојништво и предизвикување општа опасност, Јавното обвинителство ги товари лицата Флорим Малоку (43), роден во црногорското село Здух, жител на Приштина, а државјанин на Хрватска, и Авдиљ Тахири (31), Бислим Тахири (29) и Идриз Рустеми, сите од Скопје. На судењето кое се очекува наскоро да започне, на обвинителната клупа ќе седнат само двајца од четворицата обвинети, бидејќи Авдиљ Тахири и Идриз Рустеми се' уште се недостапни за органите на прогонот. Обвинителниот акт од барањето за спроведување истрага поднесено од Одделението за гонење на кривични дела од областа на организираниот криминал при Јавното обвинителство се разликува во тоа што сега како обвинет е наведен и Идриз Рустеми.

Расветлувањето на овој случај дојде по 20 дена од нападот извршен во Прокредит банка. Имено, кон крајот на април, во близина на фабриката за цемент УСЈЕ беше приведен Бислим Тахири, а во близина на Трговскиот центар „Рамстор“ и Флорим Малоку. Истата вечер полицијата извршила претрес и во домот на Авдиљ Тахири, братучед на сега обвинетиот Бислим, но тој не бил пронајден.

Полицијата излезе со тврдење дека Бислим Тахири, од плац за продажба на половни автомобили, два пати ги купил возилата „алфа ромео 155“ и „фолксваген голф 3“, кои се користеле при извршувањето на разбојништвото. Оттаму и тврдењата дека Бислим ги признал набавките на возилата и оти тоа го сторил по барање на својот братучед, кој, пак, наводно, бил во контакт со лице од Косово. Полицијата, по направените проверки, потврди дека возилото „алфа ромео“ било внесено во државава во август минатата година и на него била извршена механичка промена на бројот на шасијата, а дека регистарските таблички му припаѓале на автомобил „опел кадет“. Двете возила, само кусо време по разбојништвото во Прокредит, беа пронајдени на патот кон граничниот премин Блаце. Во едно од нив биле пронајдени биолошки траги, кои соодветствуваат на профилот на Косовецот.

Што се однесува до нападот на банкарската експозитура, од која беа однесени околу 50.000 евра, Обвинителството е на став дека освен спомнатите учествувале и други, непознати лица, односно од пет до седум разбојници. Дел од нив биле маскирани со фантомки на главите, а некои од нив носеле маскирна црна облека и панцирни елеци на кои имало полициски ознаки. Во нападот на банката со огнострелни повреди се здобија полицајците Д.А. и И.П., а во опасност биле доведени и животите на оние граѓани кои во тие моменти се движеле по булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Васил Главинов“ и „Самуилова“.


Статијата е прочитана 518 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Шефот на кабинетот на министерот за животна средина барал поткуп
Укинат притворот на Соколиќ и на ��ристовски
Огнена стрелба врз „Гоце Делчев“
Симнат имунитетот на судијката Јанкова
Наскоро судење за убиството кај ПМФ