Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

„Тајмс“ обвинува дека македонските мировници во Кабул се пијанеле

АРМ демантира дека македонски војници биле вратени од мисијата во Авганистан поради проблеми со алкохол

Светлана Унковска

Лондонски „Тајмс“ на својата Интернет-страница пренесува текст посветен на проблемите со непримерното однесување на војниците од воениот контингент на мисијата на НАТО во Авганистан, ИСАФ. Авторот на текстот во голем дел од содржината наведува дека војниците на германските воени трупи, во воената база често пати биле пијани, но, исто така, пишува и дека „оваа година група македонски војници биле вратени дома откако биле фатени пијани на должност, додека ја обезбедувале задната врата на базата“. Ваквите информации АРМ ги отфрла како невистинити и тврди дека ниту оваа година, а ниту кога било порано не се случило ниту еден македонски војник да биде вратен од мисијата, за никаков прекршок, а не за ваков тежок дисциплински прекршок. Од АРМ најавуваат дека за написот во врска со македонските војници ќе реагираат со демант.

Весникот во своето издание од вторникот на Интернет-страницата го објавил текстот на дописникот од Кабул, Џером Старки, кој пишува дека по минатонеделното бомбардирање на НАТО, кога загинаа 125 лица, генерал Стенли Мекристал решил итно да ја стави ситуацијата под контрола. Кога се обидел да стапи во контакт со некои од војниците, сфатил дека тие се пијани или се мамурливи за да му одговорат, пишува авторот. Во голем дел од текстот тој најмногу ги обвинува германските војници како одговорни за непланираниот напад, но, исто така, наведува и дека таквата грешка се случила поради тоа што војниците најчесто биле пијани и се забавувале по цели ноќи.

Меѓутоа, во текстот, иако само со една реченица, сепак, тој наведува дека проблеми со алкохол имале и македонските мировници и оти поради тоа некои од нив годинава од базата во Авганистан биле вратени дома. Авторот Старки притоа не наведува ниту за колку војници станува збор, ниту, пак, кога биле вратени дома.

„Група македонски војници беа испратена дома годинава, бидејќи беа фатени пијани на должност додека го обезбедуваа задниот влез“, наведува авторот и не наведува какви било податоци со кои би ја поткрепил информацијата.

Од АРМ ваквите информации ги отфрлаат и тврдат дека станува збор за груби невистини и оти ниту еден македонски војник, ниту од одговорните на ИСАФ е вратен ниту имало какви било проблеми или забелешки.

„Децидно негираме и ги отфрламе ваквите информации како неточни, сметајќи ги како груби шпекулации. Македонскиот контингент м��ровници се врати во земјава откако целосно ја исполни својата мисија од шест месеци. Тие заминаа во јануари и се вратија во јули, без притоа да имаме какви било забелешки за нивната професионалност, а не да станува збор за ваков груб дисциплински прекршок. За македонските мировници, откако сме присутни во мисијата ИСАФ, немало никакви поплаки. Напротив“, вели портпаролот на АРМ, Мирче Ѓорговски. На информациите што се пренесени од дописникот на лондонски „Тајмс“ вели дека ќе реагираат и оти уште денеска ќе испратат демант со барање за извинување поради објавување на вакви груби невистини за македонските мировници.

 


#
Статијата е прочитана 1734 пати.

Испрати коментар

Од: Makedon
Датум: 10.09.2009 00:48:14
Lesno e da se sedi vo kancelarija i da se pišuva.Vo Avganistan,kako i jas vo Irak,vo vojnata vo osumdesetite,koga pukaše okolu nas vo Basra i Bagdad,mora da se najde ventil,osloboduvanje od stresot,odduška.Toa ne e lumpuvanje.Ednostavno rečeno ventil,ako e bez posledici.Bezumno e da si tamu,a nemaš prav odgovor zošto si i koja e cenata.Da gordi sme ama jas lično bi sakal site da se vratat doma im živi,zdravi i normalni.
Од: trokut
Датум: 10.09.2009 06:26:18
Што демантираш Горговски полтрону еден. Новинарот е во право...само Вие се правите будали некако. Па во 2008 од јан-јули..беа фатени војници пијани на капија...и истите беа вратени....што е факт и може да се види од изјавите нивни....што сега не биле ма дајте ви се молам...па до кога ќе криеме какви се војници се пракаат во мисија...Или работете си ја работата поштено или одете си од АРМ....
Од: Ајван Доктор®
Датум: 10.09.2009 08:59:07
Па и во Америка (каде што има многу Кола пијалоци), најголемите Пропалици и Умоболни убијци одат во Армија! Кој нормален би Пукал во Деца? Кој нормален би ��азел цивили со Тенкови? Кој Нормален би го нарекол Убиството на Деца - Колатерална Штета??? Кој нормален би ја прогласил Окупацијата за Ослободување???
Од: девичанецот
Датум: 10.09.2009 09:12:18
Не верувам дека некој оди во Авганистан, или Ирак да им однесе Демократија.... или слобода , како што милуваат Јенките да кажат. Оди или да заработи... или да сокрие некое недело во својата земја.... А секако, дека и никој трезвен не би останал таму повеќе отколку што остануваат таму нашите министри кога се во посета. Значи, заклучокот се наметнува... Ако не си пијан...не можеш да издржиш таму. Но пијан на должност..... и со оружје во рака.... е тоа сосема нешто друго..
Од: vesna
Датум: 10.09.2009 11:23:03
pa podobro otkolku da ubivaat civili i unistuvaat tugi zivoti kako zmaerikanciet i britancite. sto s e ne napravija tamu.
Од: mac
Датум: 10.09.2009 14:37:07
во ред е да се најде вентил за издишување и за да се вратат здрави и живи но колку ќе бидат нормални за тоа незнам бидејки сепак тоа се трауми кои не се забораваат ни со ,,Вентил за издишување,, ни со било што друго.

Најди! во Утрински
Политика
Бродот „Илинден“ потонал и за време на Втората светска војна?
СДСМ наесен со влада во сенка
Душко Миновски ќе биде разрешен од функцијата ?
Декларација за деполитизација на образованието
8 Септември прославен и во Хрватска
Велосипедист загина во Мариово
Се обезвреднува достоинството