Велосипедист загина во Мариово
ПРИЛЕП - Скопјанецот Зоран Трајчевски (57), долгогодишен активен велосипедист, го изгуби животот завчера во близина на Расимбегов мост, на регионалниот пат Прилеп-Витолиште, како учесник во трката „Трофеј Мариово 2009“. Според информациите од МВР, Трајчевски управувал сопствен велосипед марка „мерида“ и како член на ВК „Енерџи“ и учесник во трката, кога дошол до критичното место, од засега неутврдени причини паднал од велосипедот и починал.
Велосипедската трка во организација на клубот „Илинден“ се одржа по повод Денот на независноста. (Мн.Т.)
|