18.08.2013, 18:18 Предвремени избори - стратегијата на Груевски?
Премиерот најави нови чекори доколку со СДСМ не се најде решение за Комисијата за настаните од 24 декември
Горан Адамовски
Ако наскоро не се најде решение за Комисијата за утврдување на вистината за настаните во Собранието од 24 декември, ВМРО-ДПМНЕ ќе примени нова стратегија, најави премиерот Никола Груевски при саботното пуштање во употреба на новата спортска сала кај мавровското село Ростуше. Претседателот на Владата е уверен оти СДСМ го кочи донесувањето на заклучокот, од кој зависи европската иднина на земјава, и уште еднаш го впери прстот кон довчерашниот опозициски лидер Бранко Црвенковски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не прецизираше од што ќе се состои новата стратегија, но се' погласно се шпекулира дека во најскоро време земјава ќе се соочи со парламентарни избори. Блокадата на Комисијата, безнадежната европска перспектива, односите топло-ладно меѓу коалициските партнери во Владата, но и се' уште неподготвениот за битка СДСМ, се адутите на заговарачите за распишување предвремени избори, најдоцна напролет кога ќе гласаме за претседател на земјава.
„Мислам дека предвремени парламентарни избори ќе имаме напролет, а можеби и порано“, уверен е аналитичарот Роберт Несими.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во претстојниот период ќе „изглумат“ големи несогласувања околу спорот за името и тоа ќе се искористи како повод за распишување избори.
„Можеби ќе ги искористат и разликите околу бранителите, но во тоа не верувам, особено што помина ‘Слупчане‘. Но, името е секогаш актуелна тема. ДУИ се преправа дека е активна во надминување на спорот, тоа што го прави е само мачкање очи“, анализира Несими. Надополнува дека на СДСМ повеќе би му одговарало следното изборно соочување да биде во редовниот термин во 2015 година, оти „сега не е подготвен за победа, а од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ водат погубна политика и нивниот рејтинг паѓа како што одминува времето“.
Професорот Јове Кекеновски е оптимист дека ќе има договор меѓу двете најголеми партии во Македонија околу предновогодишните случувања во Собранието.
„Комисијата мора да најде заеднички јазик и да изготви извештај, без разлика дали некому ќе му одговара, бидејќи тоа е обврска од мартовскиот договор. Второ, неделава ќе имаме засилени посети од странство, тие сигурно ќе извршат притисок и ќе се најде компромис меѓу двете страни. Трето, доколку не успее тоа, најверојатно, ќе го изгубиме позитивниот извештај од ЕК или воопшто нема да бидеме споменати како на јунскиот самит. Ако се случи тоа, плус самото однесување на ДУИ во коалицијата, ми налага да мислам дека единствен излез ќе биде распишување нови избори и тоа во најбрзо време, дури и пред Нова година“, вели Кекеновски.
Премиерот Груевски во саботата уште еднаш заклучи дека Црвенковски е проблемот што Комисијата не го усвои заклучокот, кој, како што вели, веќе бил готов. „Извештајот на Комисијата за утврдување на настаните од 24 декември 2012 беше речиси готов и пред објавување, но се искомплицира со враќањето од одмор на Бранко Црвенковски, кој испорача нови барања. Тој е главниот виновник за блокадата, која може негативно да се одрази на претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој смета дека СДСМ е заложник на поранешниот лидер, кој ги влечел сите конци, иако има ново раководство. „Ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано се обидувавме нешто да направивме, ги баравме за да се придвижи, зашто извештајот е 99,9 отсто завршен и да не беше враќањето на Бранко Црвенковски, следуваа да се усогласат само ситни финеси и тој да се изгласа. Се' уште се надевам дека во наредните денови ќе се најде решение, но веќе и нема многу време зашто истекуваат роковите и последиците подоцна доаѓаат. Како партија нема да останеме неми набљудувачи на овие последици и доколку во наредните денови не се најде решение, ќе размислиме за нови чекори и нови стратегии кои ќе бидат сосема различно од она што е сега“, изјави Груевски.
СДСМ, реагирајќи на обвинувањата, соопшти дека со лиферување вакви лажни информации ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не само што сака да ја избегне одговорноста за нефункционирањето на Комисијата за 24 декември туку и дека никогаш искрено немало намера да ги исполни своите обврски и да го испочитува договорот постигнат на 1 март.
„Натамошното функционирање на Комисијата, по повлекувањето на претседателот Давитковски, е одговорност на власта и на претседателот Иванов, чијашто обврска е именувањето прв човек на Комисијата“, велат во СДСМ, обвинувајќи дека „лошите политики на Груевски и на оваа Влада во континуитет ја комплицираат европската иднина на земјата“. |
Статијата е прочитана 4929 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Reshenija namesto izbori, 19.08.2013 00:37:06 | Nam ni trebaat reshenija, ne izbori, gospon premier! Sedum posledovatelni pobedi imate, a nitu edno reshenie. Pobedata zarad pobeda, ne e cel, a dokolku ne pobedi drugata politichka opcija, ne e nitu reshenie. I dosta site drugi gi krivivte. Pogledajte se vo ogledalo, da sepak problemot ne e kaj vas. |
| od diasporata, 19.08.2013 09:18:56 | Da be...izbori po izbori. Trosenje na budjetot od i taka i taka veke istostenite ti gragjani. Megju najsiromasnite vo Evropa ste. Makedonija nemase nikakov razvoj. Mladi veke i nema po istokot i selata. Se e ispusteno. Pravenje na skapi i glupavi spomenici, fasadi, mostovi i zgradi so smesen izgled ne ja dvizese ekonomijata. Vi treba mnoooogu strukturni reformi, respekt pomegju site vas i dobra koncepcija. Mozebi ke imate sansa za opstanok....mozebi. |
| Mirko, 19.08.2013 09:33:14 | Do koga ke se mlati prazna slama? Edno te isto i nisto poveke? Izbori!? I sto posle? Upropasteno stopanstvo i toa kompletno - zemjodelieto, industrija, turizmot, privaten biznis i se sto treba da cini edna drzava. Za ovie sedum godini od ovaa vlast imame samu spomenici i fasadi i nisto poveke. Ako e toa uspeh? Togas e! Ama, kade e standardot i prosperitet na gragani? Bevme siromasi, ama sega sme totalno vo ocajna sostojba i toa vo sekoj segment na ziveenje. Zar ne e smesno otvaranje na sportski sali, a nema otvoranje na proizvvodni hali? Totalno - glupo! |
| Itar Pejo, 19.08.2013 09:38:38 | Gresite. Koj saka da se kladi edno pivo deka novata strategija ce bide strategijata na Erdogan? |
| petre, 19.08.2013 09:43:49 | Vinata e vo vlasta Prvo da si gi iscistat necesnite vo svoite redovi Da vidat od kade im se skapite dzipovi , Na niv ne im e pametot vo resenie za imeto tuku koj povece da prigrabi za sebe Tesko na narodot |
| Mark, 19.08.2013 09:44:09 | Na Branko da mu se zabrani da odi na odmor - zasto koga se vrakja odmoren i svez odma mu pravi problemi na Gruevski :-))) Ama nema vekje budali vo Makedonija (ili malku ostanaa) koi veruvaat vo kukanjeto na Lidero - sosem e jasno koj ja oddalecuva drzavava od Evroatlanskite integracii i zosto go pravi toa... |
| Pero USA, 19.08.2013 09:44:32 | Ако Груевски даде предвремени избори тоа е добро по осми пат ќе изгубите.Подобро признајте дека Бранко ве тераше да предизвикате вештачка криза дури и државен удар ако треба само сиромавиот да се врати на власт.Многу сака да биде премиер..................... хахахахахахахахахахаха |
| pile, 19.08.2013 10:20:17 | Veke prepoznatliv govor na politicki gubitnik se izjavite na Pretsedatelot na Vladata na G-R.Makedonijaza i lider na DPMNE za navodna promena na strategijata na dejstvuvanje na DPMNE,barem jas taka ja razbiram,a neznam kako go razbiraat Organite za progon i Republickiot Javen obvinitel kontinuiranite antidrzjavnicki izjavi na prviot covek vo Vladata na G-R.Makedonija.Zapocnuvajki od mitingot vo Opstina Gj.Petrov za lokalnite izbori 2013 godina, neposredno posle kontravernoto zaginuvanje na Nikola Mladenov ,,ke ima uste Gjorce Petrovci, ili pd Meckin kamen na Ilinden, Vladata ke gi presretne site koi ne se soglasuvaat so nejzinite politiki so podrsaka na narodot.Ovaa ne se samo izjavi za blokada na internet stranicite na kritickite tekstovi ili samo povik za ulicna demokratija,nitu se izjavi od Ramce od sviripicino, tuku nesto sto e nedozvolivo vo pluralna G-R.Makedonija.Gruevski da se oslobodi od stravot i da dozvoli formiranje na Vlada za nacionalen spas, vo sprotivno za site idni |
| razmo, 19.08.2013 10:28:29 | Na nasiov PREMIER samo CRVENKOVSKI mu e kriv.Grujo ostavigo BRANKO toj si go otsluzi svoeto ,vodete smetka za narodot sto vi e gladen i beden ,ne frlajteja vinata na grug , i ne mozite so Branko da se opravdate na nikoj nacin .pozdrav. |
| jovan, vlada @, 19.08.2013 10:39:10 | Незнам дали Бранко е крив, или некој друг за комисијата за расветлување на настаните од 24 декември минатат година,но знам дека се свесно некој прави да од Брисел во октоврискиот извештај добиеме негативни оцени по можност уште поубаво за опозицијата да ни го одземат кандидатскиот статус.Абе волку егоизам и волку себичност немам видено и незнам дали има освен кај нас на друго место.Ах таа власта колку опива дури и мозокот ти го менува само да седнеш на тронот.Ама кажете шо се битни граѓаните, битна е само СДСМ и нивните муногиси да дојдат на власт без да се запрашаат каква цена ќе платиме сите ние и народот.Мислам дека избори и не се некое решение(освен Зоки да попие уште заушка од Грујо) но ако е потребно и тоа ќе биде или пред претседателските или заедно со нив,па тогаш ќе имаат СДСМ време до 2018 да се консолидираат и да дојдат на власт.Поздрав па се гледам на пресметка кај ОК Коралот на Избори, и нека победи подобриот кој граѓаните ќе го одберат. |
| Naumce Srbinoski, 19.08.2013 10:50:50 | So predvremeni izbori ke go resite problemot na komisijata? Pa I da pobedite sto ke se smeni? Tuka ste eve veke osma godina, zosto vi treba uste eden mandat? Nikoj vo svetot ne ve recka poveke, a so toa ni Makedonija. Sigurno, negativen izvestaj ke dobiete. Najdobro e sami da si odite, ne ste vo sostojba da storite nesto pozitivno, zatoa ke dobiete negativen. Ne plasete go nikogo so izbori. |
| J.S., 19.08.2013 10:55:29 | Ista vece prepoznatliva taktika na DPMNE,pred sekoj izvestaj na Komisijata.Se ceka posleden moment,pred izvestajot,za da potoa se naogaat vinovnici,sto ke sme dobiele negativen izvestaj.A vinovnikot e poznat spored niv,Branko.I dosega uspesno go nasamaruvaa naivniot SDSM,koj vo interes na drzavata,nasednuvase i prifacase se sto ke isspinuvaa spinerite od DPMNE,i tie ispagaa sekogas vo pravo.Prakticno SDSM si davase avogolovi koi go vodea i go vodat vo porazi.Gospoda od SDSM so navednata glava ne se vodi politika.Bidete ednas mazi,pokazete zabi,isterajte edna rabota maski do kraj,zosto i kako da postapite vam ke vi ja prepisat vinata. |
| Гладна кокошка просо сонува, 19.08.2013 11:23:34 | А гладна кокошка кој е во Македонија. Тоа се тие кои губат од македонскиот народ на многу избори наназад. Било превиткани кичми, било грчки лобисти, а со тоа и бугарски. А грчки лобисти се разноразни ебиветровциподмитени соросоидни или божем демократски пера кои не ја есапат Македонија, а заради тоа нив и тие за кои навиваат односно од кои се платеници, не ги есапи македонскиот народ, односно губат на избори, а сонуваат нови и нови ама не им текнува дека само од Македонците можат да добијат. Така да некој сонува ама кој, а не како на овој перфиден лажен наслов. А предавници се оние Македонци кои би се здружиле со сите само за да им го сменеле името на мнозинството Македонци за кои името е иднината. |
| od osrijot, 19.08.2013 12:00:38 | samisme vinovni koga dozvoluvame dasi igra majtap sonas. |
| nlo, 19.08.2013 12:29:04 | Incidentite na 24-12 bea odnapred smisleni i isprovocirani od sdsm , tuka vmro e vo pravo. A deka sme izgubeni kako drzavce mnogu sme katastrofa , vladata mora pod itno da stavi dodavka na imeto i da go resi problemot , dosta so teritorijalni pretenzii, nie sme ovaa vardarska mkd, posle imeto sve ke se resi mnogu polesno cel svet ni go zbori toa ni si terame inaet.
|
| ZEMJATA, 19.08.2013 12:38:45 | Eve jas mislam deka znam na kakvo resen ie misli Pastirot.Bidejki nemoze da go fati senisteto( seniste kako seniste ne e stvarno) togas ke poje pravo na P.Satev i ke mu udri eden kotek na negoviot dvojnik.Ima li nekoj za opklada? |
| Ајван Доктор®, 19.08.2013 14:03:18 | Многу несериозно за еден „сериозен“vидеw на партија и пwемиеw на дwжава!Се однесува како да се работи за панаѓур,а не за држава!Идејата е јасна,виновни се сите други,но тој и неговата паwтија―никако!Како да е во гwадинка,па мисли ќе победи инаетот!Штетата што континуирано и ја нанесува на земјава ваквиот инфантилен vидеw веќе се очитува во изјавите и во однесувањето на странските претставници!Ним им е јасно дека си имаат работа со незрела искомплексирана личност на која примарни и‘ се играчките на плоштад и луна паркот за дечињата (бегалчиња) наречен „Скопје 2014“!Весело се движиме кон амбисот,а народецов усредоточен на ситните дневни ќарови не гледа дека ја губи државата!Името е тема која ја докажува вмешаноста на SHISH и на ДАНС!Јасно е кој за кого работи и на чија воденица ја тера водата!Додека народецов им се радува на светленцата и сијаличките во боја што го осветлуваат „гламурозниот“ забавен парк „Метрополата“,тие грабаат и разнебитуваат глумејќи патриотизам и грижа за народот! |
| Коста Стоименовски, 19.08.2013 15:06:28 | Извештајот за 24.12, името, испразнетата државна каса и пресушените странски кредити се сериозни причини поради кои власта може да иницира предвремени избори и тоа мошне брзо!? Власта е целосно свесна за состојбите во кои е доведена државата и дека истите и натаму ќе се влошуваат, така што може да се претпостави дека ја разгледува и опцијата „жешките костени“ да и* ги „тутне“ во рацете на опозицијата!? Челниците на власта кои ја доведоа државата на ова дереџе, со изборот за пратеници, ќе си обезебдат имунитет. Новата власт, која треба итно да ги решава тешките наталожени проблеми, не ќе биде во состојба, првенствено поради недостатокот на пари, да ги решава, што идната опозиција ќе го користи, со познатата реторика, за враќање на власт! Во секој случај претстојат бурни времиња. |
| germanija, 19.08.2013 15:23:02 | Dobro zar ne vi e jasno toj sto komanduva ,i pobedata i porazot mu se prepisuva za uspeh ili neuspeh,koj mu e kriv na Gruja koga ne e sposoben ,vinata bila vo sdsm ,pa neli toj ne e ni razgovara so opozicija pravi sto saka ,go proseta cel svet barajki invisticii ,nareduvat nojke da se secat drva i red drugi raboti,tepat vo parlament pratenici ,posto politicarite vodat politika ,a nie obicnite mozime po nesto dasi kazime ,momentalno nema politicar vo ova diktatorska vlast. |
| tihi, 19.08.2013 15:52:05 | Otstapuvajkji od svoite nameri da neodi na lokalni izbori ,pod pritisok na M.Z. i potoa triunfalnoto obrakjanje kon svoite podrzhuvachi deka mu e prifateno baranjeto za predvremeni izbori .Branko stavi jamka okolu vratot na SDSM od koja izbega ,ostavajkji ja na drug.Sega sakajkji od pozadina da gi vleche koncite mu se ovozmozhuva tokmu toa.Za potoa da se vrati kako spasitel megju svoite.Ne za djabe e recheno deka Branko e najgolema VMROvska investicija ,koja funkcionira makar i kako senishte.Ma ne on kriv. |
| B.C. barase predvremeni izbori, 19.08.2013 16:03:51 | Lugje, samo dramatizirate, nagagjate i tropate. Pa B.C. se slozi da se vrati vo parlament i da ucestvuva na lokalni samo ako ima predvremeni. Pa toj toa go vreskase i se udirase vo gradi na sekoj miting so zborovite ,,ke vidite ke ima lokalni, slusajte sto vi velam..! Eve covekot bil vo pravo, a zamislete, nie ne mu veruvavme. Boze dragi, neverni Tomi! |
| riki, 19.08.2013 19:43:07 | ke ima ili nema da ima,dali ke pobedi povtorno dpmne,FAKT e deka vakvi pirovi pobedi odgovaraat samo na poedinci i familijarni klanovi.realnata slika e zastrashuvacka.ekonomski sme na kolena.politicki sme dojdeni do kolaps.narodot e vo panika i se snaoga kako umee i kako znae.ako porano se sporeduvav so komshiite sega NE SMEAM.se osekam za nikade.ne pominaa i albanija i srbija pa i kosovo.NISHTO od nikakvi reformi,nikakvi dela za makedonija,pa ja SAKAM MAKEDONIJA,made in macedonija i neznam se ushte ne kakvi GLUPOSTI.ne vrodi nishto so plod.samo raspravii,samo bc,latas,milenko i takvi kako niv.drzavata poleka ama sigurno ni odi vo propast.ke ostanat samo penzionerite,budjetarite,partiskite borci i sekako sektata shto e na vlast.ostanatite koj kade vide... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Делумно облачно
|
Сабота
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 16°C
|
Недела
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест |
|